А ја баш кромид денес сакав да ставам. Е не можам значи веќе со листи и списоци. Поима немам кога што се дава.
Исто твојата е 6 месеци, јас жолчка на 6 му дадов на големиот кромид ич не памтам ама од 7 мислам дека ставав по малку, тој од почеток се јадеше и одма со оброк почнав оти сакаше да јади, ова не сака мн.. Денес сакам инстант ориз да му дадам малку со круша да видам како ќе биде, 2 недели веќе пробува, сакам бар 50г да јади веќе
Ние почнавме од 4++ по препорака на педијатар. Со Ад млеко, ставаше и по повеќе од 1кг месечно, а не пиеше којзнае колкава количина на млеко. Педијатарот се изјасни дека млекото само ја гои, што би се рекло. Некаде на 5++ прв оброк, на 6++ втор оброк. Со цврстата храна продолжи да си напредува ама не екстремно многу како со млеко. Сеуште изгледа крупно, со тоа што на година е околу 10,3-10,5 кг. Како кг не се многу си мислам, ама си има и бутчиња и образи.
Не паматам колкаво ти беше бебенцето, ама да си ставиш. Ретко гледам која намирница од кој месец се препорачува, освен за поспецифичните. Повеќето зеленчуци и овошја си ги давам кога ќе ми дојде. Кромид конкретно давам од пред 8 месеци, почесто праз користам сега, ама користам и кромид и лукче. Баш даваат шмек на јадењето.
Јас дадов кромид на 6+++. И јас освен за поспецифичните давам сè од овошје и зеленчук без некои правила. Не знам, си викам кога можат бебињата што се на блв да јадат сè, зошто не и нашите во кашичките Инаку и ние месец и една недела откако почнавме со вкусови и мака мачиме за оброк целосен уште. Мојата повеќе се радува на зеленчук отколку на овошје, па јас воведов прво ручек ама не можам да кажам дека имаме оброк. Ама не знам, за две, три недели најмногу ќе морам и со доручек да почнам, па тоа е колку јаде толку.
Почнуваме со ручек од денес. За доручек имаше јаболка, бундева, и малку овес. Сега за ручек му спремив батат,карфиол,брокула и мисиркино месо. Сакав да прашам пиперка од колку месеци воведовте? За други намерници што ми се на список видов горе доле кога И дали можам нова намерница на пример за ручек да му воведам или мора да биде за доручек ради временскта рамка
Леле на тик ток што се нема, на 4 месеци јајца цели пржени му даваат, преѓе гледав 6 месеци бебе, млеко па оброк, млеко оброк, млеко оброк, се и сешто јадеше.
6+ е. До 7 ќе припазам, а мајке ми од 7 веќе натака се ќе давам. Ќе видам следна недела шо ќе и кажат на систематски.
Е да, тогаш пробај чашка за ракија, ама и не се потресувај ако не пие количински многу. Сепак преку млекото си внесува вода
Инстант на Хип или Холе беше, не се сеќавам. Само ориз нема да е вкусно. Го мешав јас со веќе пробано овошје.
Јас користам ориз на Холе. На почетокот кога воведував го давав чист со АД, па после некое време ич не давав. А, сега од недостаток на идеи, пак почнав да го давам и со зеленчук и со овошје.
Кога ќе почне да јаде ова бебе се друго му е интересно наоколу освен кашата. Лажицата ми ја зема става во уста изедува по неколку лажички, но ако не му дадам ич нема да му е криво со ова темпо нема шанси да имаме оброк полни 6мес за две недели.