https://www.instagram.com/reel/C2NliI3vR22/?igsh=MW5sbHkzdHRtYW91dQ== Што мислите за ова? 2-3 пати неделно секако давам овес. Сега некако ми стана шубе..
Како и кај возрасните Бела. Јас оти се борам со инсулинска резистенција и предијабетес, во последните години пазев (сега малку се опуштив повеќе, ама ќе се вратам скоро пак) екстремно на комбинации за јадење. И точно е. Стопати побрзо огладнувам и се затресувам кога јадам овес и овошје, отколку јајца. Ама! Доколку и во овеснта каша внесеш доволно протеини, тогаш држи значително повеќе. На пример путер од јатки или семки. Сега и мене ми ептен шубе шо и давам по цел ден само шеќери. Ми се темни, ама не можам да почнам со месо и јајца нели. Процес е. Откако ќе научи да јаде и ќе воведеме доволно намирници, ќе комбинирам на друг начин. Важно е да се комбинираат протеини, здрави масти, комплексни јаглехидрати и влакна, за да биде оброкот подобро избалансиран. Овес и сличните житарки се супер, ама не се доволни само со овошје за да се целосен нутритивен оброк.
Ќе се надоврзам на твојот пост ама одговорот е за @Bella_Stella , свекрва ми е дијабетичар, она вика кога и да јадам овес ми е висок шеќерот а сум прегладна. Е сеа, ако додаваш протеин и масти, не е воопшто исто. Јатки, путер, млеко и не секој ден, тоа е единствена опција и тоа за секоја храна, не само за ова.
Бебешки смоки на кај 8 месеци почнав. Чоколино, Фрутолино прв пат на 9+ во градинка проба. За дома земав Чоколино без шеќер, 6+ е тоа. Релативно подоцна дадов јас. И тоа некаде после 8 кога веќе вечера воведувавме. Ванилино, едно со овес и сливи тек сега на година зедов. Не за друго, туку бидејќи се со шеќер.
Исто ова заборавив со овесот. Не треба со млеко да се комбинира. На тој начин се спречува апсорпцијата на железото од овесот. Вајда од калциум од млекото беше, не ми текнува сега баш. Значи за деца може подобро со вода да се кисне, нели и понатака. А за возрасни со вода или некое растително млеко.
@AngelOfArh @јolene да да, се зачитав малку повеќе и истото што го кажувате го заклучив. Во претходната бременост дур држев диета за да се утврди дали имам гестациски дијабет, памтам дека овесот најмногу ми го качуваше шеќерот. За малиот секогаш спремам овес и останати житарки со вода. Ад не користам, кравјо млеко уште помалку, не планирам во блиска иднина. А билните млека се добра опција за понатака. Јатки сакам да му воведам за да додавам во доручеци. Ама со тоа воведување иако по два дена давам, само нешто ново има и не можам да стигнам.
Ах ах, многу често давам овес, најмногу ми го сака. И јас лично се давам во овесни каши, дали оувернајт, дали топла. Инаку, Океј ли е оризов да го давам наместо инстантниот на хип? Сакам да сменам веќе и го купив овој и црвената леќа на Дм Био. Да не се вари подолго овој јасмин? Спојлер
И јас се давам. Да не се тие 5 лажици овес со малку овошје, чиа и некоја јатка фрлена произволно ќе нема ни да јадам од сабајле. Ако го рачунаме 12ч за сабајле де.
Јас овој го давам од старт, околу 20тина минути го варам. Малку има поинаков шмек, ама кај мојот бебко е еден од ретките намирници што ги сака.
Мене па за чудо некое многу ми одговара овес, многу сакам и многу ме заситува. Понекогаш мислам дека повеќе ме држи овес од друго нешто, пример лепче намачкано или сендвич... Јајца ултимејт најдолго ме држат, по 4+ часа сум фул.
Здраво мајки, ве молам за помош, 7 месеци е бебето, колку што запаметив од патронажната сега треба да воведиме повеќе работи глутен, месо, јајце... Дали може совет што попрво, глутенот како и со што се воведува?
Мислам во темата гестациски баш коментираа членки дека од овесот им се качувал и го избегнувале. Не знам веќе, не сум паметна на темата. Наше е да гледаме да е сѐ умерено. @DaisyD фала ти. Со што го комбинираш? Немам идеја за цели црна ориз. Вака со прашоков блендирав сѐ и давав како каша.
Најчесто за ручек давам, пасирано јаде уште ама зрната ориз ги јаде без проблем. Најчесто ориз со спанаќ, или ориз, тиквица, тиква и мисиркино давам.
Со што да замаскирам брокула? Денес прв пат проба од Хип и со мрштење едвај 5-6 лажички издеде. Дали да почекам да воведам житарки па со ориз или пченка да му измешам?
Не знам дали имате воведено тиква ама кај бебо тиква се става во се што не јаде мислам дека секој ден да му давам тиква секој ден ке јаде
Свари му свежа,таа на хип мислам никој не ја сака, а можеш со компирче морковче билошто што има пробано....