Кај пластичарите по пазариве има росфрај решетки за на пареа. Има една пластична во Карес, но цена од 700ден наспроти 200ден за таа од пазар. Јас ја купив од зелено пазарче. @galapce не ми се верува да е од авокадото, не е воопшто алергено, повеќе како да е од цвеклото. Се препорачува до годинка да не се дава неварен зеленчук.
Ти благодаρам. Те молам за уште едно мислење. Денес ја пρовеρувавме κρвта. Хемоглобинот 106. Педијатаρот беше многу зафатен но, κρатκо ѕиρна и ми ρече моρа сиρупче/теρапија. Мнооогу сум загρижена. Цело вρеме само овошје, зеленчуκ, месо, месо, месо, овошје, зеленчуκ! Κога и да одиме κај бабите и дедовците војни... веρојатно сите истата пρиκазна ја имаат. Ама јас си теρам по свое и паκ не успеав! мислев ќе се сρеди... На што да удρам аκцент? Мајκи исκуства молам!
Кајсии(може и суви),спанаќ,блитва со жолчка,суво гројзе од 10 ти месец,морков,телешко,магданос За таа возраст тоа е Давај и витамин ц Не мешај млечен производ со жолчка.
Нашиот пред неполн месец беше 82 и тек тогаш ни дадоа терапија. Иначе никогаш над 106. Немој да се секираш премногу,но давај претежно производи штобсодржат железзо но не во комбинација со млеко. Цвекло,боровница,спанаќ,блитва,жолчка,телешко.. Малото пие капки пикофер и плус во природно сокче ги ставам и додавам и витамин ц. Така подобро се врзува. Плус беби вит капки за апетит дека моето не прифака никакви кашички. Може во петок ке го носам занкрвна слика па се надевам на резултат. Кај нас е веке премногу лош хемоглобинот. И како нема да е кога сме 99 посто на аптамил.
Колку долго ги варите блитвата и спанаќот и колку пати неделно може да се дадат? Малава прееска ја мерев дома. 7кг на рамно а 7 месеци и 3 недели е, а родена 3730гр. А си јаде 3 пати на ден. Секој оброк измеѓу 100-200мг
За седум месечно бебе мислам дека треба да и даваш повеќе оброци (5) житарки,овошје зеленчук не се одеднаш секако на неколку часа разлика Три до четири пати неделно јас бар така правев ама нека ти каже некој што повеќе се разбира.За варење до 45 минути мислам дека е доволно.За блитвата и спанаќот зборувам Се надевам бар малку помогнав.Поздрав
@danichap имаше прашано и за телешко.Телешкото месо можеш да и го даваш при крај на седми месец во комбинација со некој зеленчук.Или веќе и даде телешко месо?
Спанаќ и блитва еднаш во десет дена поради нитратите кои се тешки за бебешки бубрези. Се вари за 15-20 мин, и првата вода во која ќе зоврие ја фрлаш па ставаш нова. Ситна е, но ако и е добра крвната слика, не се секирај. Што ти кажуваат на лекар при мерење?
Спанаќот не се вари долго. За 45 минути ќе го снема. Му е потребно кратко варење, десетина минути да речеме. Дани, мојата е родена 3080, на 8 месеци има 7 и 400. Просек. Ама не можам бре да ја натерам да изеде повеќе од што јаде. Пие 3-4 пати млеко и има сеуште 2 и пол оброци. Битно да е здрава и крвна слика и е добра. Шпагета
Е сега мене ме уплаши јас на моите им давав на три-четири дена може да има нешто последица со бубрезите? Еве веќе ќе прават седум и девет години до сега ништо немало проблем ама понатака недајбоже да не има нешто?
Тука ниту крвна слика не сакаа да и направат. Здрава била, немало потреба . Минатиот месец мак. проверив беше 11.9. А скоро се имаме воведено за нејзина возраст што е, истотака со исклучок кога вадеше заби си јаде, не одбива, а и не била болна. Тоа ми беше прашањето. Дали може да нема голем напредок, се да е ок, а таква да е, како скачка Понеделник сме на вакцина пак ќе ја потпрашам докторката, иако во однос на воведување дохрана не се сложувам воопшто со нејзините предлози па и да даде совети голема е веројатноста да не ги прифатам.
Не е до оброците само. Ако е гладно ке си даде тоа знаци. Моето има 10 месеци и има десет килограми а нема ниту еден оброк. Битна е крвната слика Дани. Таман сега пред вакцина ке правите крвна слика и ке видиш. За спанакот исто мислам петнаесетина минути. Пасирај го оосебно,со маслиново и додај го како прелив. Ептен е вкусно така.
Незнам тоа е мое мислење галапче.Секое бебе со различен организам и со различни вкусови.Јас кажувам искуство како сум правела со моите,можеби со на дани малата треба поинаку да се постапи.
Штом немале никаква реакција, ич немој да му се секираш Тоа е само препорака. Но ете да знаеш дека и за возрасни препорачливо е не почесто од еднаш неделно да се јадат овие.
Малку ме буни ова со зелениот зеленчук и нитритите. Знам дека се дава одприлика еднаш на десетина дена, но што тоа значи. Дали во тие десет дена да биде или спанаќ или блитва или брокула. Или во тие десет дена сите по еднаш. @danichap денес менито ни беше ориз, спанаќ, лук, кромид, пашканат и малку батат. Спанаќот башка го сварив. Изеде околу 200 г. Приметив дека ако во кашата има и лук и кромид повеќе ја јаде. Има ли ограничувања за цвекло колку пати неделно смее да се даде? Инаку за тежината на бебето мислам игра улога и генетика. Сега незнам вие колкави сте. Ама ако се ситни родителите, на кого крупно дете. И јас мислам ако е здрава и жилава со добра кр.слика нема мегдан за грижа.
Делов со нитративе и мене ми е збунувачки. Еднаш на денес дена едно од горенаведените, или може и на поинаков начин да се комбинира? Јас дадов брокула два пати веќе за една недела, а сакав денес и спанаќ. Да не направам беља? Ирена, готово јас си се уфилмав дека сум си слаба, малава е цела на мајка