Мајки, ајде помош ве молам некоја ако имала слично искуство како сте се справиле. Прво да напоменам немам бебе јадач. Пробано и домашни каши и купечки и пак сè уште повеќе е по цицањето. 7 месеци сме. Кога почнавме со вкусови приметив дека повеќе сака зеленчук отколку овошје, па одлучив прв оброк да ми биде ручек. Стигнавме да јаде некоја си количина зеленчукова каша за време на ручек, дури воведов и пилешко со кашичката од Хип, ја јадеше. Арно ама истата вечер крена температура (ја префати од мене) и поврати од сирупот парацетамол. Веќе наредниот ден не сакаше да јаде зеленчук никако, ми затвораше уста. Ајде и дадов слива изеде пола од тегличката. Наредниот ден исто. Денес ајде си реков да дадам овошје со палента во време на доручек, ептен малку изеде. Дали после да пробам да дадам ручек или ќе ја измешам ептен работава?
Моето почна како јадач, сега е сѐ на буткање. Така да ништо не е константно со нив, посебно на таа возраст. Ако му било нешто неарно, може и поради тоа да одбивало да јаде, па преферирало града. Биди трпелива и упорна, ама пред сѐ трпелива , со нудење, комбинирање. Моево е 9+++ и е како различно бебе од пред два-три месеци во однос на јадењето. Инаку, јас лично би пробала пак да му дадам нешто за ручек, чисто да видам дали ќе отвора уста. Нешто лесничко, палента, компирче, ориз. ____________________________ Што да правам со детево за 10 дена треба да го оставам, тргнувам на работа, не сака лажичка, сака сам да јаде цело време, а јас не би го оставила сам да јади со било кој. Само во мене си имам доверба на темата, реално. Од коа се разболе се разлигави и каши со лажичка бута, фрла, џитка... Некоја имала ваква мака? Да го оставам сам да јаде ќе си тера, штом виде лажичка се нервира, почнува дури да станува од столчето.
Вивеки а каков отвор има горе шишето? Со дупчиња или? На нук чашата со клунче шо е, многу и пушта. Не знае да се справи со толку вода, се засркнува. Па се полева цела. Преска жедна ни била. Ама не можевме да се разбереме шо сака. До дека пробавме и вода помина време. Сега со лажичка пие. Ама поубаво би било да е од шише или чаша, да и стои у близина па ќе го земе или ќе покаже дека сака.
Мајки малата ми е 7+++ месеци, само благите овошни каши ги сака, зеленчукови по две три лажички и веднаш плука плаче, како им давате на вашите бебиња каши со месо без да приметат?
Bebe 4 m + 1 nedela. Vovedov javolko krusa banana morkov. Prvo prasanje kolku obroci na den se davaat ovaa vozrast? Oriz nekade pisuva od 4 nekade od 6 meseci. Neznam sledno sto da vovefuvam. I dali davate sokovi vo tekot na denot?
Дали сте дале компирче со мајчино млеко онака баш како пире? Исто ме интересира искуство со чашката на твистшејк, дали ја прифатија за водичка? Денес дадов со лажичка ја сакаше.
Грав дадов на 9-10м, пресреќен е кога има за ручек гравче. Јајце за доручек со палента, само пржено, само варено, со авокадо како намаз, во палачинки, мафини, лепче, кифла...
@AngelOfArh @Lavender13 каков грав давате? Има некој посебен за бебиња или? Леќа црвена зедов био од Дм, ама уште не сум му дала. Леле едвај чекам да почне како нас да јаде, со месеци четири рингли паралелно ми готват.
Јас давам од конзерва, црн, бел, мешан, каков се најде. Истиот што го користам за нас му го давам и нему, само добро го измивам.
Девојки давајте идеи за вечера. Треба да воведам, а поима немам што да давам. Млечни производи моментално не ни се опција, покажа реакција па ги паузирам малку.
На какво млеко ти покажа? Мајките со повеќе искуство со АД може ќе споделат кое е безлактозно па со тоа да комбинираш житарки и овошје. Јас лично не го следам секогаш правилото да е млечна вечерата, секако заспива со млеко цицајќи. А и уште сме хаотични со воведувањево, дали 2-3 до сега ми 'вечерал'.
Палента со јаболко Гриз со круша Просо какао и банана Ова нешто ми останало во сеќавање од бебе бр.1 Морков и компир дадовте чист или со нешто мешан? Иначе брокулата од хип му ја измешав со тиква домашна и си ја изеде Едит, уште нешто да прашам Вие што ги доите децата им ставате ли ад млеко во кашите? Да се измолзувам не верувам дека ќе извадам којзнае колку,градиве ми се меки и млеко надоаѓа кога почнува да влече. Се мислев да купам едно ад, а и навечер да му дадам со надеж дека повеќе саати ќе врзе
Ако има реакција на млечни производи, безлактозно млеко нема да и помогне. Треба скроз хидролизирана формула без кравји протеин.
so sto davate jogurt? denes i dadov za dorucek so ovesni snegulki ama ne izede nesto mnogu 4 5 lazicki samo i se mrstese...posle zajde od placenje pa i dadov kasa od tikva so jabolko i cela ja izede
На грчки јогурт покажа реакција. Од тоа што сум читала алергиската реакција е предизвикана од нетолеранција на кравји протеин и белковини мислам, лактозата тука нема никаква врска. Да му беше проблем таа ќе покажеше ваљда и само со доењето зошто јас јадам млечни производи. Моја грешка беше што прв млечен производ ми беше грчки јогурт со 10% масленост. Тек откако појави реакција разговарав со нутриционист и ми кажа дека млечните се воведуваат од најниска кон највисока масленост. Не знам како сум го пропуштила тоа. Следно рече да пробам со јогурт со 2.8%.
Фала за идеите. Јас сите нови намирници ги мешав со веќе воведени. Компир особено тешко дека ќе ти сака чист. АД не сум ставала во каши, не ја гледам поентата, треба да си јадат чист вкус. Кога ќе воведеш млечни производи ќе ставаш во доручеци и вечери. Многу е бљуткаво само јогурт и овес, додај некоја овошка следен пат.
Опција со козјо Ад да пробаш? Ама не знам колку ќе ти се исплати само за каши. Релативно е поскапо, а од кога ќе се отвори за 2-3 недели треба да се потроши, евентуално нека е и 4. Не знам за ова точно, немаме користено