Тамам си е лавендер секој со маката. Истражував и јас на темата и се одлучив да пробам. Апсолутно никој не убедувам да пробува како јас. Секој пат консултирајте се со педијатар! Првите 6 недели хоророт што го поминав со моето, не би сакала никој да го помине. Свашта пробав јас за да можам ексклузивно да дојам. Имав и дехидрирано бебе. Па бебе што повраќаше и какаше нон стоп од ха формула. Па повраќање крвави конци исто од ХА. Па крв во кака. Па мислење што би можело да биде. Трчање по доктори. Бебе со надуено меше и неодморено. Нон стоп со плачки хорор.. Јас преморена со пумпа нон стоп. Со донперидон таблети, што едно време се предозирав и почнав да поварќам. Се само да можам да дојдам и да не е на форула и да се смири. Исто не јадење млечно. Откако пресеков и одлучив да не пробувам нова ХА формула, не знам која по ред и купив козја, за два дена имав бебе што спие преку ноќ. Се смее и не плаче. Не можев да верувам. И кај нас беше препорака за ХА кога завршивме на итната. После на педијатар кога соопштив, специјализантката беше исто ама како оти не ХА, а главниот педијатар беше ок е. Може и тоа. Е сега кај нас не е потврдено и се уште стои како сомнеж во дијагнозата. Ми рекоа дека тест на толку мали бебиња, како она тогаш не се прави.. да одбегнувам јас кравјо понатака додека дојам. Кога го правевте вие? Кои ви се насоките за понатака? Состојбата се надраснува најчесто. Кога и дали планираш да пробате млечно?
Мака сите сме поминале. Кај нас првите 6 месеци не беше потврдена алергијата, според клиничка слика претпоставката беше таа. Од негови 3 месеци јас престанав да конзумирам секакви млечни производи и соја, по препорака на доктор и алерголог. Формула добивме од советувалиштето, хидролизирана без никаков протеин. Не ја пиеше, па се мачевме со доење, јас баш тој период немав доволно млеко како за беља. По 6тиот месец му дадов да проба кашичка во која не знаев дека има млеко, детето повраќаше толку насилно и во млазови што не можеше да дојде до воздух. Тогаш веќе се крена алармот и прво направивме тест на кожа кој беше негативен. Педијатарот не советува наместо да започнам јас со млечни производи, да пробаме ХА формула со мал процент млечен протеин, сепак да сме претпазливи бидејќи тестот може да биде лажно негативен. Пак истата реакција. На крај направивме тест преку крв кој испадна позитивен. Тестот ќе го повторуваме на 6 месеци, во меѓувреме јас сеуште не конзумирам млеко/соја. Останатите алергени ги воведов агресивно, по препорака на педијатар-алерголог, со цел да намалиме ризик за нови алергии. Воглавном тоа е.
Само локално, ситни брунчиња околу усте. Дискутабилно е и дали е од тоа зошто апсолутно сѐ се бута во уста. Кога ќе пробам уште еднаш да дадам ќе знам за сигурно.
Од дм планирам тие планирам. Спелта има гриз, снегулки и цело зрно. А има и инстант за бебиња. Ја се мислам со гриз да почнам. Да варам цело зрно во експрес само за неа ми е премногу. Не знам со динкелфлокен дали смеат да јадат. Ама шом па овесни смеат, оти да не.
Внук ми константно беше исфлен со ситни брунчиња не знаеа од што му е исто мислеа од кравји работи, но иафлија и пак сеуште имаше се лечеше на крај со хомеопатски лекови и редуцирани намирници и излезе дека на емулгатори беше алергичен. Какви и да земеш само не на биокосмос.
Го користам јас од предходно за нас. Нас ни е многу убав. Си правевме протеин гриз со него. Интегрален е. побогат на витамини и минерали отколку обичниот.
Правите ли некој meal prep? Дајте некои идеи како си олеснувате спремање на оброци? Уште да постелам и да си легнам во кујна, многу голем дел од времето ми поминува таму. За доручек си ‘олеснувам’ со тоа што варам овошје вечерта, за утредента само да испасирам. Многу е станат нестрплив за јадење. Можам ли да варам и житарка од вечер и да ја чувам до сабајле на собна температура?
Јас обично од сабајле сецкам на коцки и ставам во вода зеленчук за ручек, па 1 саат пред ручек само го пуштам да се вари. Житарките ги покиснувам од вечерта и многу бргу се варат. Овошје давам свежо, не варам, само рендам. Друг меал преп не знам да правам. Ова ми е најпоедноставено. Не сакам да давам пример два дена исто јадење, а не знам зашто би било тоа лошо. Ако стои во фрижидер и само стоплам. Пример боранија или леќа
Житарките лесно скиснуваат, така да ја не би, како имам кркано од скисната пченица јас лично, 2 дена стоеше само и тоа во фрижидер. Јас си олеснив со второто така што не земав цели зрна туку кутии инстант или пак снегулки, не можам, стварно сакам ама не можам, немам сила веќе. И да, не варам овошје, мекото го гмечам, тврдото го рендам и тоа е.
Може не е идеално ама неколку пати неделно давав/м готови каши било за појадок или за ручек. Евентуално бидејќи е веќе 12+ месеци и кашите од 190гр не ја заситуваат доволно само да додадам плус компирче или инстант житарка. Ова кога не е во градинка. Бабите и дедовците не се нафаќаат кај мене да готват комплетно оброк и морам да импровизирам.
Мене па ми е шубе да рендам јаболко, круша купени во пиљара и прскани којзнае колку пати.. Може сум грешка? Дај охрабрете ме.
Да бидам искрена, нешто што најдов домашно, зедов и замрзнав, за друго ни имам од каде, ни опции да барам органско, вакво или такво. Тек пак сега во градинка, не знам ни што, ни кога му даваат. Кај нас не е менито јавно објавено, туку кога ги земаме децата кажуваат денес јадеше тоа и тоа.
Искрено периодов за овошје ми е смрт. Земам јаболки ги киснам во сода преку ноќ и сабајлето лупам и рендам. Друго од овошје и не ни имам што да дадам. Мандарина и цитруси ми се на ред. Киви домашни дадов и замрзнати малини и боровинки. Ко ќе почне сезона сега ќе имам се домашно па тоа ќе и давам. Сега со јаболкиве само тераме.
Па си викав барем дур не е тргнат во градинка и имам контрола да припазувам. Јас имам смрзнато праски, сливи. Јаболки и круши купувам и варам, малини, капини и боровинки користам смрзнати купени. Домашни имам јапонски јаболки чат пат тоа давам, киви исто имам домашни ама не сум дала уште. Мандарини давам чат пат ама не ми се вклопуваат во комбинација со житарка па да бидат доручек. Вечни дилеми е ова бебешкава исхрана значи.
За ручек јас варев телешко месо па го замрзнував. А зеленчук го сецкав и го замрзНував само да го сварам. Мислам дека вака ќе си заштедиш време