Јас ќе ти одговорам како правев со првото и прелесно ми беше а сега со второво едвај чекам да дојде ред пак со кашички да почнеме.Мало е сега 3 недели има новороденче е ама ве читам редовно во групава и си се спремам. Житарки давав претежно цело зрно,било да е тоа просо,амарант, киноа гледав да е цело зрно,пред се заради,подобро варење а и поздрава варијанта е. Одвечер ми беа потопени во вода и утрото им требаше 10тина минути колку да распука зрното. Овошјето само првиот месец го варев за да биде термички обработено, а потоа свежо го блендирав заедно со житарката. Просото,амарантот и овесот ги комбинирав со,овошје а киноата со зеленчук. Зеленчикот ако немаше внатре компир некогаш и од вечер ги варев кога мене ми беше прикладно време па посче само жиеаркатс ми остануваше. Приметив нргде 7ми 8ми месец дека ако немаше житарка или месо во ручекот не го најадуваше. Дали дека беше родено како поголемо бебе па си имаше апетит или такво си беше бебето не знам. Мака ми е само кога ми текнува што се требаше да мијам убаво, ептен неред се правеше во кујната.
Секој ден по пола максимум 1 кашичка ли треба се до воведување на цел оброк кога ке биде,сега имам на хип овошни земено
Јас малку луда сум, па за првото во тетратка секоја недела ми беше направен план на оброци, за текот на неделата по денови, што за доручек, што за ручек. И одвечер гледам што треба киснам од житарици, што фали од друго докупувам и наутро станувам пола час пред редовното станување и готвам. Овошјето на пареа или свежо, житарица 10тина мин ми требаа за варење, месото ми беше претходно сварено и замрзнато, па си вадев ќесичка и правев, брокула, спанаќ, карфиол бланширани претходно си вадев ќесичка и од нив и така спремав 2 теглиња, на едно пишува доручек, друго ручек и носевме дете кај баба. Доколку одбие ништо страшно ќе и даде нешто алтернатива па ќе ја надојам кога ќе ја видам.и така. И за ова дете истото го правам иако далеку е послаба во јадењето од дада и. Знае и само 60гр да ми изеде од оброк ама тоа е, не се потресувам, гледам добро напредува. За пестициди одамна престанав да прорачунувам, добро мијам, лупам, и давам. Немаме услови за се да биде дома непрскано. Иако голем дел имаме непрскани работи, знам да купам работи и од пиљара, тоа е.
За пестициди разговарав со агроном, он ми тврди дека е претерано ова со прскање, за овошките кои зреат во сезона. Он вели, јаболките се прскани да, ама тие сите се прскаат со средства со каренца од 1 недела, после 1 недела тоа средство испарува, ништо не останува, не е возможно да остане во овошјето. Не збориме за гмо и насилно зреени овошки и зеленчуци, збориме за локално овошје, па од тогаш зимам строго од локални произведувачи, јаболки од Ресен пример нарачувам, круши од една колешка од Тетово, сливи од Берово ми носат, киви од двор, праски од Росоман кога одиме зимам, кајсии послабо владеам па помалку ги имам на мени, цреши, вишни зимам од пазар ама така поситни, не од тие колку грозје што се. И бирам на пазар, што поситно, не воедначени овошки да не знаеш дали е јаболко и ракометарска топка, такви шугави што ги викам, криви... Не можеш да го заштитиш од се, воздухот е поопасен од пестицидите, каде каде поопасен, гледај да се опуштиш во тоа. Јас сечам мандарина на пола, од тие ситните за него зимам, сечам на пола и ги двојам парченцата па пикам во топла овесна каша со лажичка путер од јатки и лажичка сируп од урма. Маф!
Ќе се вмешам само да кажам дека скроз истиот одговор го добив исто од агроном. Настрана од тоа, човекот додаде и при лупење да се отстранува и подебел слој од лушпата, т.е. да се навлезе повеќето во "месото". И тоа е како некоја мерка на претпазливост меѓудругите, пример, отстојувања во вода со сода бикарбона и сл.
Од истиот човек добив мислење и за зрачењето, нели као микропечка, телефон, апарати... според него сме изложени на многу повеќе зрачење од што сме свесни и малку е безвезе да мислиме дека од телефон на уво ќе добиеме рак.
Денес дадов инстант каша од кутија од хип, планирав со круша да мешам ама му дадов така да проба без ништо и ја јадеше, ни мирис ни вкус изеде пола тегле некои си 50г се зачудив оти нејќи баш да јади засега, скоро секој ден малку банана ставам во сеза да каснува. Со зеленчук послабо сме. @Carolin. Давај идеи немам јас Просо кога почнавте од колку месеци? Спанаќ? Малинка, вишна? (имам домашни замрзнати) Бебе е 5+ месеци
Палента со круша и јаболко или авокадо и круша. Ориз со брокула и морков Банана, круша и јаболко. Брокула, карфиол морков и просо. Тиквичка, компир и морков. Тиква, тииква и тиква, мислам секој ден тиква да му давам тиква ке јаде Среќа имаме домашни на мм баба му и дедо му им родиле многу па само носат
Фала девојки за дискусијата, да не ви реплицирам на сите. Ќе се опуштам постепено да давам свежо, нешто веќе давам. Не можеме под стаклено ѕвоно да ги чуваме тоа е факт.
Чекај сваќе малку за малина и вишна. Кисели се. Просо инстант кај мене на кутијата пишува од 5 месец. Нешто недела пред 6 дадов..од 6 навака и варам такво вистинско . Инстант само на брзање кога е работата. Спанаќ не знам. Ја за блитва читав од 6 може. Спанаќ мислам покасно. Ко шо кажав ќе чекам до 7 и се ќе давам. А утре да видам шо ќе ми каже педијатар. Месо вајда ќе рече . За пет месеци досадно е, се истото. Тиква, морков, батат, компир, тиквичка, пашканат. Демек и брокула и карфиол, ама на моето му смета брокула. Толку многу и се прават гасови шо се буди ноќта и не спие мирно. Нив ќе ги паузирам. Јаболко, круша, банана, авокадо, сина слива, праска демек. Мојава киселите не ги сака. Купени каши не сака. Овес можеш тој инстант. Ориз инстант. Тоа е, досадно да пукнеш. Вратив инаку пробиотикот откако се одби и излезе егземата. Се поднамали, ама вајда и од кремата. Ам си викам шом не цица барем да прима од негде лактобацили.
Дали постои некој купечки овошен јогурт без шеќер или нема таков пробав грчки јогурт со овошје не ми го сака значи обичен јогурт, грчки јогурт и кисело млеко не сака да види.
Нас ни е рано за воведување храна 2 месеци сме , ама ептен чекам да почнеме па си читам се спремам Дали можеби имате да ми испратите некое мени или нешто како што се започнува