Во брошурата што ја добив од педијатар стои дека може да се чува каша од денес за утре секако. Они уствари уште по оптимистички се, демек и два дена. Варев просо и собрав во фиж, дадов нареден ден. А ја дојадов што остана после една недела, оти заборавени ми беше. Не беше ферментирано. Ако е сварено/обарено овошје/зеленчук нема да оксидира. Просото исцади од вода. И во тегле. И други житарки од вечер до сабајле нема да се расипат. Стави пооладени во фижидер. Ама после треба да се смлачат. И тоа одзема време. Ајде тебе уште малку ти остана. Па ќе посчне да јаде се. Овде е препорака од година на маса и исто јадење како и фамилијата и да се тргне ноќен подој. Едит и тоа шо прашував пред некое време. Да овошје може да се конзервира без шеќер и стои во тегле во фрижидер барем недела дена. Они викаат месеци. Ја не би држела толку.
Од пред некој ден воведовме втор оброк зеленчук некако не сака да го јаде, а доколку му ставам малку јогурт или грчки ќе си го изеде целото. Муабетот ми беше дали е некаков проблем секој ден за ручек да внесува млечно?
Да јас полека почнав да транзитирам од блендано накај крупно пасирано. Веќе недела дена ништо не блендам, си јаде парченца. Плус дур ме чека во столче да му спремам оброк му давам парче овошје, зеленчук или мевце исечени соодветно. Си ги вртка си ги разгледува, па ќе доближи до усте ќе лижне. Вака од тоа што сум читала ги има сите знаци за самостојно да почне да јаде. Ама one step at a time, не го форсирам ни него ни себе. Целта ми е до следна есен кога ќе има 18ина месеци да јаде целосно самостојно, ама и да не е така ништо страшно.
Мајки добар ден... Бебушка ми е 4+м одскоро планирам да почнам со воведување на цврста храна... Како да знам со што и колку треба? По колку дена се дава исто, односно по колку дена да почнам со друга намирница... Дали прво почнувате со зеленчук или со овошје и по колу дена едно исто... Ве молам за совет! Фала однапред
Не ги мешам. Тоа што јадела денес и од тоа останало се дојадува од нас или фрламе. За утре скроз посебна, или предходно одделена, и таа може да се затопли во топла вода. Значи да не дојде во контак со лиги или лажички. Теглињата чисти мора да се. Јас имам неколку, ги премив во машината со капачиња со плус програм за дезинфекција. Еве сега сварив батат, морков и тивичка. Ќе ја изблендам и ќе ја соберам во тегле за утре. Може и теглето да го превријам во тенџере со вода и може и да стои повеќе денови. Оти фактички го вакуумираш. Сакав денес да и дадам попладнето, ама плачлива е од вакцината, па нека ја на млекце само. Утре ќе и ја понудам за доручек.
палачинки со 1 јајце, 2 лажици брашно од спелта, 1 банана.. проја, мафини со јаболко, морковче и банана
Откако имате веќе воведен оброк, дали давате само еднаш во денот храна или постепено се дава мала количина уште еднаш , се' додека не се постигне да изеде цела втора кашичка? Или одеднаш после 3-4 недели се дава втор оброк?
На почеток користев инстант овес на холе, после од кај 8 месеци овој што го имам редовно дома. За палачинки го блендирам заедно со банана и грчки. За кашички со овошје го ставам при крај, 3-4минути во водата каде што се вари овошјето и одма омекнува и набабрува.
Само првиот оброк(доручек) го воведував постепено и како одминуваше време јадеше сѐ повеќе. После месец ипол од прв воведов ручек, одма целосна количина почна да јаде.
Бебе има скоро 8 месеци и три цели оброци. Измеѓу оброците нудам цице и тоа беше успешно се додека влеговме во 6скок. Ја ставам да цица ме допира со раче на града и зачудено ме гледа и се трга не сака, не сака ни молзено во шише кое шретходно го пиеше. Ад нудам на бејбилов пие 20-30 мл додека го сети и прекинува. Јогурт, тетрапак млеко разредено пробав не сака, што можам да нудам измеѓу редовните оброци ?
По колку грама во оброк и колку пати неделно давате месо? Од педијатар имаме препорака 5 пати неделно по 100гр месо во оброк. Јас сега давам 4 пати, ајде ќе зголемам на 5. Ама нели е некако многу 100гр. Да напоменам слабо качува килажа. Педијатарот ова не го гледа како проблем. Вика килажата не е мерило за сѐ. Детето си е здраво, прави сѐ што се очекува од него за возраста и немате простор за грижа. Наводно генетика е во прашање, некој од вас двајца најверојатно растел така. Негов совет беше да даваме почесто и повеќе месо за да почне да крева килажа демек. Не знам колку ми е логично ова..
И јас ќе пробам првично по 70-80, па ќе видам понатака. Риба немам воведено, треба. Колку кг имаше твоето бебле на 9 ипол месеци?