За тоа не разговаравме, ама јас планирам да воведам зошто мислам дека веќе му е време. Докторот искоментира за доењето. Кога кажав дека станува уште еднаш до два пати навечер за да цица рече ооо уште ли станувате? Викам па да, вика гледај да намалуваш веќе за да си јаде повеќе цврста храна. До годинката да дојдете само до 500мл млеко дневно, веројатно мислеше два подои. Ама он па со јадење цврста храна нема мака, си јаде и покрај цицањето. Од мешунки само грашок имам воведено, леќа и останатото не. Оброците секогаш му се балансирани и ручекот секаш му содржи протеин, јаглехидрат, масти. 4 пати неделно јаде месо, 1 јајце и 2 пати само зеленчук. Ќе сменам сега, ќе додадам уште еден ден месо, риба немам воведено за да дадам. На список ми е ама со воведувањето се осеќам како да сум константно на трка и никако да стигнам до целта. Стално имам нешто за воведување.
И јас исто со воведувањето сум ама веќе дека има 10 месеци и се осеќам ко се да можам да давам. Прави приоритети, бар 2 намирници неделно. За сега би те советувала риба и леќа. Леќата има големи бенефити и можеш да ја компонираш во зеленчуков ден. Има железо, влакна и протеини и е баш нутритивна. Плус убаво влијае на столицата. Потоа можеш и наут да воведеш. Кај вас мислам дека цицањето не е проблем, кога он количински јаде. Единствено штом е и страстен цицач ако немате проблем со скратување подои да нудиш и по некоја ужинка тук таму. Палачинка, мафин, овошка. Пробувај не знам што да кажам. Мада јас од вага се откажав веќе.
Ај во нов пост едно прашање. Дали на некоја и се случило околу 10 месец да почне бебе да одбива каши? Односно да ја храни некој друг? Се повеќе брка во тањир и лиже прсти сама, ако и оставам на хранилка некое парче фокусирана е на тоа само, јас со лажичка штом и се приближам лепак на уста става освен ако стварно не е прегладна или ако не јаде нешто ептен што и е погодено. Да транзитирам на парчиња сум скептична од аспект што не знае убаво да се храни. Повеќе на земја завршува се или гмечи во раце а и лажичка не знае баш да користи. Да ми дадете некоја насока како понатака? Некоја комбинација да направам? Како да сум сигурна дека убава количина изела? Страв ми е да не намали на килажа ако преминеме скроз на парчиња зошто и онака не е сјајна со килограмите.
Да ќе воведам обавезно, следни ми се на список. И јас сум опуштена од аспект што кога се дава, го рачунам веќе за спремен да ги јаде скоро сите намирници. Риба бела или сина воведе прв пат и која? Леќа јас обожавам, ама обична. Даваш црвена или обична и каква користиш, на која фирма?
Орада и ослич дадов. Леќа и таква и таква и давам. Повеќе црвена зошто ми е полесна за спремање. Ја киснам од сабајле и за 10 минути се вари. Од биокосмос земав ама наредно од дм планирам
Бела јас не сум доктор ама само онака лаички многу ми се чини 100 грама месо на оброк на дете со таа тежина. Не сакам да те збунивам или уште повеќе сомнеж да правам, ама па и премногу протеини не се добри за бебињата, оти се оптеретуваат бубрезите. Толку многу месо па и пет пати на недела и мене ми звучи многу. Информирај се пред да почнеш да зголемуваш на месо. Ако треба отидете уште еднаш кад друг педијатар на мислење. Ние бевме во Радовиш заборавив кој беше, Ценева ми го препорача. Мене убав впечаток ми остави тој доктор и во право беше со тоа што го претпостави кај нас. Овде педијатар не спома ништо за дерматитот на контролата, а он ни покажа сомнеж два месеци пред да избие. Небитно. Друго ми беше. Па не дека твое бебе толку многу се најадува со ноќни подои па да ти одбива денско јадење. Како што те читам он си јаде преку ден. Можеби подобро е да му внесеш вечера и ужинки поскоро. И јајце зошто да не 2 пати. Со палачинки или проја. Глутен ти воведе веќе мислам. Па и да пробаш да скратиш еден подој веќе. Читам еве овде членки коишто почнале со сите намирници и сите оброци. Не дека мора се толку по табела, ко што ти ми рече, следи си инстинкт. Ако бебе е весело. Си ручка, се движи постојано и е претежно во добро расположение е здраво бебе. Бебе кое има мака нема да има сила да биде активно цело време. И гените играат улога. Мое бебе засега е тешко и долго, ама има татко од 190+ и речиси 100 кг, и јас не сум ниска. Ама она на таа килажа не е дебела. Нема мишелинки којзнае какви. Едноставно конструкцијата и е таква, на татко и цела е. На горна граница е на кривата. И мене не ми е се едно. Секави мисли ми се вртат. Да не стане предебела. Да не и се деформираат коски и слични глупости. Сите нешто не гризе кога ни се во прашање децата.
Мојот така правеше уште пред да наполни 8 месеци. Не отвараше уста јас да му давам, каши ни да помириса. Го префрлив на парчиња и сам да јаде и немавме веќе проблем. Гмечење и фрлање е нормално, ја истражува храната. Количина на изедена храна никогаш не сум мерела. Колку јаде толку. Јас сум се водела по она, мое е да понудам што да јаде, негово е да одлучи колку ќе јаде. За хранење со лажица, ќе и ја наполниш ти и ќе и ја продадеш да си ја земе, па сама да си ја стави во уста или наполнета да ја оставиш на хранилка. Неколку лажици имај при рака.
Фала ти многу. Викендов сакам да се охрабрам и да и дадам сама да јаде. Јадела и до сега ама не целосен оброк, повеќе како ужинка и доаѓало. Какви лажички се најпогодни да земам? Знам дека готвењето ќе ми биде многу понапорно ама па позитивно е што сама покажа интерес.
На 6 жолчка на 8 белка му дадов на првото дете.. 12 белка според мене е прекасно и не се согласувам со овие препораки, како и да е секој сам си одлучува, не терам некој да дава да не ме сватите погрешно @јolene значи сваќе нема да де искриви чупата не си ставај такви мисли да ти пуштам слика од првото какво беше бебе и каков е сега прав манекен со 25кг на 5 год љуби га мајка а зетко твој е 10кг веќе на 5 месеци се е до гените
И јас планирам порано да дадам белка, по blw гледам цело јајце даваат одеднаш. Ме интересираше колку денови се воведува жолчката и ќе ја воведам како што напиша @N_V .
Пред 5 год беше, 6 месеци жолчка варена еден ден му дадов и мислам дека пола му ја дадов и толку воведена.. После му давав цела си јадеше. Јас и тогаш и сега на второво дете по еднаш ја давам секоја намирница, штом еднаш ја давам и нема алергија не повторувам др ден.
Мамии, кое сирење го воведувате (има уште време ама да си прашам со време) и кое маслиново? Путер несолен пезидент ок ли е? Или др да земам? Пс. Пред да тргне во градинка какво тетрапак да воведам? Бидејќи имаат во мени со бисквити ... па некако да се "припремам"
Да,утре планирам со јаболко, а задутре со тиквичка. 6ипол месеци има Па ние тука некаде сме биле,6ипол м 9200г 69см е моето Месо од 7м ми рече педијатарот @Bella_Stella јас месо сум давала по 50грама. Односно, онолку колку што му е дланката на детето.
Во право си скроз. Секако не планирам 100гр месо да му дадам, премал е за таа грамажа. Не планирам да го товам. Извори на протеини има многу, не е само месото. Ќе почнам со вечера од утре и тогаш ќе скратам уште еден подој, а ќе пробам и ужинки да нудам измеѓу. Немам дадено ништо од смока и слично. До душа и не знам што се дава за ужинка? Кој знае нека ме просветли. Он е многу среќно бебе. Сите околу нас коментираат колку е смешко. Комуникативен е, со сите се закачува и им се смешка, активен е физички итн. Не е болежлив до сега, само еден ден имаше температура до 38.6 и толку. Не е плачко, не оти е мое ама стварно е питомо бебе и не личи дека нешто му фали. Уште мајка му и татко му да си ги избркаат црвите од глава и супер ќе биде. На тема здравје кај деца мислам вечно ќе сме со страв, малце повеќе можда од некои други. Ама не се може против тоа, со оглед на околностите.
Една ужина е доволно, ако воведуваш и вечера. Да не дојде премногу..не би давала смоки и со.. Може да спемаш нешто сама. Пробај со кисело млеко уште еднаш..апропо млеко ми рече дека и локално може да покаже.. значи внимателно! Па ако е се ок, може и со урда да си почнете наскоро. Инаку најразлички интегрални или од хељда вафли, мафини, пецива, парче овошје, палачинка, баната + авокадо и слични некои здрави верзии. То нему две устиња ќе му е ужинка не којзнае колку. Рецепти секако ќе најдеш на нет илјадници.