И мене ме збунуваше ова. Па решив за доручек давам житарки + овошје и некогаш во тоа додавам и зеленчук, на пример брокула или морков. После за ручек пред подој давам по неколку лажички зеленчукова каша и така внесувам зеленчук полека, на пример денес ќе дадам лук со компир и морков, ама не ми е цел оброк, туку колку да воведам вкус лук. Не знам дали е исправно така, амампа не ми иде да воведам лук во доручекот..
Дали ја блендирате палентата заедно со со овошјето? Не инстант, обична за варење планирам од ДМ. Не се сеќавам како сум давала на првото дете.
Бебе е 6м, во април најверојатно ќе тргне во градинка. Дали тоа значи дека до тогаш треба да воведеме доручек, ручек, вечера и ужина? Исто така со кравјо млеко, кога би го вовеле за да е спремно, бидејќи во градинка ќе го даваат? Некој друг совет како ги спремивте бебињата во однос на јадењето, за почеток во градинка?
Не треба да се поделени на два пати во денот. Треба да даваш нов вкус до 12ч напладне за ако евентуално има алергиска реакција да имаш доволно време да следиш. Еден вкус дневно се воведува, не повеќе. Прво ќе воведеш неколку вкусови, овошки, зеленчуци и житарки за почеток, па тек после тоа ќе почнеш да даваш цел оброк.
Не ја мешам со испасирано овошје И ние ќе појдеме накај 9м, пред 7м земав листа од градинката, полека почнав да го спремам со вкусовите од таму, за млеко уште не сум го прашала и педијатарот за мислење, но некое тетрапак ќе проба неколку дена пред поаѓање (бар така планирам па здравје) инаку доручек и ручек имаме воведено пред да појде и вечерата а за ужинка не сум сигурна...
Цело не, ама пола жолчка на 6 месеци му дадов. Денес авокадо прв пат проба, чисто пасирано, па го бендиса. Пред 2 дена малку на прстот 1 капка јогурт му дадов, ме гледаше кај што пијам Иначе уште јади околу 70г, после то цица, првото исто вака правеше можи 1 месец дур де навикна.
Здраво мајки, сакам да прашам колку може да стое кашичка отворена на Хип? вчера му давав малце бидејќи од вчера почнав, денес пак му дадов што остана од истата од јаболко.
2 или 3 дена зависи од кашичката, во фрижидер на полица позади. Ама не давај директно со лажичка од кашичката зошто се контаминира со лиги. Извади некоја количина што ти треба со пластична или силиконска лажичка и стави во тањирче, а останатото затвори убаво и чувај во фрижидер.
Ја денес дадов за прв пат и блендав. Она не сака уште текстура толку многу. Така да свртев со се овошјето со миксерот. Пробај. Може ќе сака твоето така. До детето е. Кај мене на почетокот сакаше само потечно и ептен ситно. Ама додека укапирав. Среќа ме подучија тука на форумот дека треба да менувам. Сега има напредок, нешто јаде и пасирано, нешто погусто.
Да ве прашам и јас за меал преп. До сега бевме на каши и пасирано ама се повеќе сака сама и да џвака. Денес и направив фритерс/палачинки од зеленчук и убаво поминавме (со исклучок на хаосот се надевам ќе се навикнам на ова). Сакам за појадок да и правам палачинки на пример. Дали можам смесата да ја направам од вечер, да стои во фрижидер и сабајлето само да ги печам? Пример со овес, јајца, банана палачинки? Ако направам повеќе палачинки сакам да и дадам да речеме за ужина. Како да ги складирам, каде да ги чувам? Во фрижидер? Зошто сепак нели јајца има во нив. Колку им е "рокот". Истово и за мафини ме интересира. Друго, што давате за ужинки? Освен киви, печено или јаболко на пареа омекнато немам друга идеја (затоа прашав за мафини и палачинки). Само банана не сака (чудо од дете), единствено ако и ја протнам во нешто. Планирам и портокал да и дадам. И тука ми завршуваат идеи. И последно прашање, за тие што ви јадат сами. Да си земе сама од тањирче нема проблем. Ќе земе, ќе проврти низ раце, може и ќе го згмечи ама пика во уста и џвака. Ама со лажица имаме проблем. И ја давам, знае дека оди во уста ама прво со другата рака ќе ушљака све за да допре па ја пика лажицата во уста. Дали е ова нормално за почеток и како да ја научам да и дадам лажица и да ја стави одма во уста без 90 посто да заврши на неа, мене, под, фрижидер и слично. Може постов беше за во блв ама темава е поактивна.
2 Дена давам само јаболко, од утре можам ли да почнам со праска само или комбинирано јаболко и крушка имам на хип исто.
Смеса за палачинки од претходно не би спремала, 5 мин е целата постапка на мешање на состојките. Во случај ако направам поголема количина палачинки или мафини ги складирам во затворен сад во фрижидер и давам и наредниот ден. Некогаш ги чувам и на собна температура ако ги јадат после 2-3 часа.
Jas na 3 dena voveduvam nov vkus, pr 3 dena jabolko samo pa krusa tri dena mesam so jabolko i sl...xitarki koi smee sega? Mislev samo ovosje i zelencuk smee. Inaku te poslusav sabajlevo ovosje dadov samo 100ml uspeav, mislam deka e obrok veke taka? Znaci vecer da ne davam zelencuk?