Не е оброк. Премало ти е бебето и искрено не знам да ти дадам совет зошто моето прв оброк има од 6 ипол месеци. За да има оброк треба да имаш воведено доволно намирници за комбинирање меѓу кои и житарки и бебето да јаде 120гр или повеќе, за да можеш да замениш млеко. Прочепкај малку низ темиве и информирај се повеќе. Си почнала со дохрана без доволно информации.
Смеса за палачинки од вечер немам правено. За помалце од 5 мин е секако спремна, па мислам нема потреба. И исто не сум чувала веќе направeни, затоа што не ми остануваат. Обично правам колку за малиот само, ептен нешто ако ми излезе повеќе си јадам и јас За да јаде со лажица без да заврши се наоколу е сеуште мала. Нормално е да мачка се наоколу прво. Некаде до 2-3 години се очекува да усовршат вештини за користење прибор. Мојот има 14 месеци, сака да јаде и со лажица и со вилушка, ама сеуште дел од храната завршува на него. Помал фрлаше, мавташе со лажицата па имам и уметничко дело на ѕидот, сега веќе не. Лажицата/вилушката иде директно во уста, ама пример манџичка кога јаде, од чинија до уста додека стигне со лажицата, пола на него завршува . Еден оброк јаде на сите начини. Пример почнува со раце, па продолжува со лажица, па со вилушка, па пак со раце и така. Јас отрпнав за нередот, не се ни замарам. Битно тој си ужива додека јаде, па јас си чистам после. Practice makes perfect, па затоа и го оставам да си прави што си прави. За ужинка, мојот иде во градинка, па преку недела нема кога. А за викенд најчесто давам грчки јогурт со овошје или со путер од јатки, или овошје со путер од јатки, лепче со банана и боровница/капини/малини, печена тиква, овесни плочки(или други житарки) со путер јатки и овошје, смути, галети, кифличка итн.
Фала ти многу за споделеното искуство. Знам дека треба да вежба да се усоврши. Ќе морам да се навикнам на сево ова Мислам повеќе е до мене отколку до неа ама ќе пробуваме и верувам we will get there
Ме интересира тие што се на Ад кога почнувате со вкусови прво давате млеко па пример морковче неколку лажички или обратно ?
Prvo vkusot, inaku ke se najadi so mleko i nema da saka da proba druga hrana..Probav i vaka i taka pa od iskustvo ti kazuvam
А пример колку морков да му направам и во колкав период можам да давам ? Може ми се глупи прашањава ама прво ми е ... и сакам да се информирам убаво
Па за почеток 2 до 3 лажичиња, следен ден 5-6, потоа 10тина, па следен вкус. 3 дена исто воведување. Можеш да свариш пример 2 моркова и да изблендираш, од таа каша ставаш во друго тањирче а целата каша оладена и собрана во чиста тегла во фрижидер и 3 дена од тоа ќе даваш, само ќе вадиш со чиста сува лажица. А можеш и секој ден да вариш, како ти одговара. Само наутро даваш дохрана на почеток.
А јас дојдов да прашам за кококосовото масло. Пишува на него да не се загрева а сум видела многу видеа како прават палачинки со тоа масло. Јас и го ставив во овошна каша, врв на лажичка, баш рецептот е од Бебе готвач и даде баш убав вкус и мирис.
Јас не би пржела искрено со него т.е. со ниедно. Смееш али ако имаш опција да правиш во аир фраер уште подобро.
Малку ми е нејасно околу давање жолчка. Која ќе ми објасни како правилно се воведува. Дали треба три дена со ред или денес се дава па пауза па пак или како?
Педијатарот препорача со 2пати неделно 2* осммина па 2*4четвртина па 2* пола и 2*цела жолчка (во превод цел месец воведување) пр.понеделник и четврток или петок
Колку зрна аронија ставате во оброк? Можам ли да претерам со количината. Пред некој ден воведов најмногу заради хемоглобинот, првиот ден ставив 3, наредните 4 зрна. Некаде имам прочитано дека 5 е најмногу за деца. За мене никогаш не сум водела сметка, ставам многу повеќе во овесни каши. Има вистина во ова, или?