Кој житарки ги воведувате за прв оброк? Палента, ориз имам воведено уште просо или можам и нешто друго?
Јас па палента немам дадено, вчера прв пат просо му дадов, со праска и банана, праската од тегла летото стави мајка ми. Јадеше, цело тегле изеде од малите. Просо од кам цело зрно варено па изблендирано со овошјето заедно. Киноа од кога давате, од колку месеци? И за овес и јас сакав да прашам од колку месеци?
Јаде бебо пу пу да не го заречам по цело мало тегленце овошје/зеленчук што и да му подготвам ама сакам сега и житарки да воведам да имам избор повеќе. Па месецов така да тераме, и здравје од нареден и ручек да воведеме.
Дадов просо и овес, палента, амарант, ориз од житарки.7+ е Киноа ќе дадам и тоа. Сега телешко дадов ама температура имаше вчера малата, изгледа запчиња ја мачат па само 20гр од таа каша ми изеде.ја фрлив. И сега се мислам дали ако и денес толку малку ми изеде да ја ставам во тегле во фрижидер за утре, грев ми е да фрлам. Што мислите?
Здраво мајки, Кога воведовте ручек кај бебиња кои се на екслузивно доење и по колку грама треба да е ручекот за да се смета за целосен оброк? Колку подои имате со вклучен доручек и ручек?
Еве и јас дадов овес на 7++ од тој од Дм без глутен. На листата што ја имам од 6 месеци пишува. Го изблендирав па додадов зовриена вода и така го дадов со овошје. Е сега, можно ли е алергиска реакција на овес? И како изгледа? Додека јадеше и се појави црвенило на брадата и од левата страна на устата. Ама пред тоа играше со играчки, се лигавеше доста. Да пробам да дадам утре пак или да почекам?
Јас имав ваков случај со тиква, направив пауза од 2 дена и пак дадов, немаше реакција. Претпоставувам дека беше од играчка.
А црвено е многу? Така од страна ако е црвено цело е реакција, и да можно е, брат ми е алергичен на овес. Пробај пак па ќе видиш ако е пак така направи пауза.
Брзо се повлече откако престана со јадење. На брадата беше повеќе, од страната помалку. Ќе пробам задутре пак.
Јас имам дадено боровинки, малини, боранија и грашок. Боровинки на екстра фунги, а останатите на фриком имам дадено.
Здраво мајки, почнавме со вкусови од пред недела и некој ден. 6 месеци е. Пробавме по три дена банана, крушка, јаболка, сега сме на морков. Едвај ја отвара устата и на секое каснување она прави фаца со нагон на повраќање. И многу долго ѝ стои во уста и така си стои и отпосле ќе го голтне. Дали вака е на почеток или нешто не е како што треба? А почнав да ѝ давам и вода, прво со лажичка, уста толкава голема отвара, а сега и во шише малку ѝ ставам.
Морков чист не ни пробав дс му дадам јас, со јаболче заедно, дури ни така не го сакаше, дај му го утре со јаболче заедно.