Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.275
    Допаѓања:
    24.756
    Пол:
    Женски
    Исто беше и моето првите 2 недели, стегаше уста, плукаше, одвај 5,6 лажички, па сега си јади цело тегле од малите, домашни му правам и во тегле турам.
    Почекај се му е ново сега, дур се навикнат на промената.

    Вчера пак 1 лајче мало јогурт му дадов, немаше реакција. Не планирам да му давам од сега ама сакав да е пробано, за недела, две жолчка планирам да му воведам :) таман 6 месеци полни да има.
    На првото му давав домашни јајца, баба и дедо имаат кокошки од нив јади еве и ден денес, само со пченка ги ранат и со трева што пасат низ двор, ве читав не давате домашни. Од нив ќе јади и малово дур се живи тие и дур можат да чуваат кокошки. Проверени ни се досега се ок било.
     
    На atz1995 и lalinda им се допаѓа ова.
  2. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    166
    А дали мора блендирано да е? Многу мали количини правам и не може да се изблендира, ги варам и убаво ги пасирам.
     
  3. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Не мора да е блендирано.
    Јас никогаш немам блендирано храна за малиот.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.275
    Допаѓања:
    24.756
    Пол:
    Женски
    Можеби не јади дека има парчиња, пробај скроз блендирано. Секое бебе е различно, некое сака пасирано некое мазно блендирано... Ќе си пробаш секако и ќе видиш како сака така ќе му даваш :)
    Јас пробав и пасирано ама само бананата ја јади така, затоа блендирам.
    Исто и со првото дете почнав со блендирано, па на 8 месеци почнав со крупно пасирано па одма и парчиња почна да јади...
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    166
    Г
    Помислив и тоа, гледам ептен да згмечам, ама ипак не е како каша, но стварно не знам како да блендирам толку мала количина. И треба ли да се додава вода или млеко ако се блендира?
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.275
    Допаѓања:
    24.756
    Пол:
    Женски
    Тоа што варам (зеленчук) повеќе вода ставам за да има да турам ако треба кога блендирам, секогаш повеќе правам количински да има за блендирање, па ако остани фрлам или дојадувам јас :D
    Во тиквата ставив мое млеко оти тешка беше за голтање. Иначе во др не ставам.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.789
    Допаѓања:
    21.528
    Пол:
    Женски
    Во појадокот секогаш ставам житарка (просо, овес, гриз, палента, мулти житарки) и овошје. Во ручекот ако немам скробен зеленчук (компир, сладок компир), ставам житарка ( ориз, просо, палента, киноа, кус кус од леќа и наут и сл.)
     
  8. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Извинете што упаѓам, од каде купуваш кус кус од наут и леќа?
     
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.457
    Допаѓања:
    18.720
    Дилемата ми беше дали може два пати во денот да се даде житарка.
    Ама па не оди ни само овошје за појадок.
    Ручек сега почна да јаде,пред 4-5 дена.
    Сеуште сме на воведување и зеленчуци и житарки.

    Следнава недела планирам карфиол,просо,кајсија,батат и компир,па потоа месо.

    Дали прво со пилешко бело се почнуваше? Се сум заборавила од првото.
    Знам само дека прво му се става од водата во која се варело месото во зеленчукова каша 2-3 дена,а потоа месо.
    Откако ќе се воведе,колку пати неделно давате месо?
     
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Ова со водата не сум го правела. Прво месо што го дадов беше телешко. Давав 3 пати неделно на почеток, односно преку еден ден, а сега давам 4 пати во неделата месо.
     
    На N_V и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.789
    Допаѓања:
    21.528
    Пол:
    Женски
    Не сум воведувала со водата месо јас, прв пат слушам за такво нешто. Прво телешко и мисиркино воведов, купувам и спремам домашни, пилешко немам спремано, воведено ми е од готова каша.
    Инаку житарки се даваат и три пати дневно кога ќе има три оброци. Ако јаде само овошје тоа не е оброк туку ужина, нема да го држи добволно сит.
     
    На Ceneva и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Белото месо ти е на крај. Со телешко ќе почнеш и дирекно со месо не со вода. 3 пати неделно по 50гр се става во ручек. За почеток стави помалце ако ти е шубе дури и 50гр се многу. За да не губиш време со телешкото земи 200гр свари и замрзни зошто со саати се вари. :)
     
  13. sencuk

    sencuk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    so sto spremate rucek pri voveduvanje zolcka od jajce?
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.457
    Допаѓања:
    18.720
    Според бебе готвач, на 8+ бело пилешко и мисиркино се дава ,а од 11+ темно пилешко и мисиркино. Секако од 8+ е и бејби биф.
    На мене педијатар ми рече на 7+ месо,8+ млечни,така планирам да воведам.
    Инаку пилешко имам домашно,а за телешко планирав од Бисер од Атанасовски или од Кораб трница да купам. За првото дете од таму зимав знам имаше во некои денови носеа тазе,таман за бебиња.
    Како што го купував,пр. 1 кг месо го варев и замрзнував ,коцка месо и водата во која се варело во пластични чашки.
     
  15. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    После месото замрзнато го додаваше во зеленчук што се вари, па блендираше или како?

    И колку време го варите телешкото така на коцки?
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.457
    Допаѓања:
    18.720
    Да, го додавав 15-20мин пред крај на зеленчукот,а потоа се заедно блендирав.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. natash.a

    natash.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    179
    Палентата 6++ ли е и од која зимате , обична од маркет или има некоја попогодна за бебе, и како ја спремате
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.789
    Допаѓања:
    21.528
    Пол:
    Женски
    6+ е да, од Дм земам. Во 100 мл вода варев една лажичка палента на почеток. Сега има скоро 10м и јаде две.
     
    На natash.a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.041
    Допаѓања:
    8.525
    Пол:
    Женски
    Шо убавооо.... Мене Давид не ми ја сака палентата. Морам додатно во блендер да ја доизмешам со другото да стане пофина. Така некако успевам да му давам со молење. Со друго немам проблем за сега.
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.789
    Допаѓања:
    21.528
    Пол:
    Женски
    Ќе ја засака. На почеток и јас блендав. Сега веќе јаде сѐ, само пасирам, мевцето го кинам ситно и ручка.