Кога дадовте цитрусни? Повеќе ми е за во водата да и ставам малку портокал зашто на 10-15 мл сме заглавени. Или давате ли некој чај без шеќер?
Можеби било до блендирано. Денеска изблендирав тиквичка за прв пат, си касна без проблем, дури криво ми беше што малку ѝ дадов но поголема количина направив, дали може да стои во фрижидер за утре пак да дадам од истото?
На брзина го зедов овој гриз и ич не загледав дека пишува milk and cereal, да не направив грешка, бебе е 6+ може ли да и правам од него
Гриз од пред недела дена му давам, а глутен воведов со спелта. Го комбинирам со разно овошје. Денес пример јадеше гриз, круша и цимет.
Да,погоре што си ставила слика. Јас му давам,а ако добро сфатив има ад млеко во составот. Јас ги растворам со вода овие инстант житарки.
Мајки кога воведовте жолчка? Сакам да воведам пред да тргне во градинка но незнам кој да слушам,некој ми велат после една година некој може да воведеш и незнам што да правам Со што ја комбинирате? И после колку време се воведува белка? Инаку 8 ипол месеци сме.
Жолчката се дава постепено - осминка, четвртинка, половинка.... Некои даваат осминка - па два дена пауза па четвртинка....за секој случај да не даде задоцнета реакција. Ќе гледаш во тој период да не даваш ништо ново за во случај ако ти пројави алергија да знаеш дека е од жолчката. Јас веќе во 8-ми месец полнав постепено да ја воведувам. Ја мешав во палента чисто само за да ја “внесе“ Исто така ќе ја даваш наутро, немој навечер, доколку има некоја реакција да можеш да приметиш. Белка или цело јајце (мислам мафини беа) околу година и дадов
Јас на 8 кога носев документи во градинка ми рекоа дека веќе сум задоцнета со воведувањето затоа што таму цело јајце даваат во супа генерално. Така да од 8-9 месеци значи во период од месец дена воведов и белка и жолчка. По нови препораки 6+ била жолчката,околу 8 белката.