- дали давате каши за да пробате максимално овошје/зеленчук или одите веднаш на парчиња? - малиот сѐ уште нема абер од седење, хранилка не е опција ниту пак парчиња - дали го храните во релаксатор или? - почнавте со овошје или зеленчук? - на колку денови воведувате нова состојка? фалааа
Првото прашање не ти го разбирам. Без оглед што бебето не седи само,го седнуваш во хранилка на 60-70 степени и го храниш. Почнав со овошје,давам по 2 дена од секој вкус.
Не се изразив убаво. Целта ми е да се исхранува син ми со блв. Е сега политиката на блв нели е веднаш да се почне со finger food, а кај нас во Македонија викаат нели еден месец порано, со вкусови. дали вкусовите ти се во облик на блендирани каши или пример даваш соодветно исечено парче и така тестираш алерген?
Случајно ја најдов апликацијава, не знаев дека има ваква. Пошто нема бебе готвач на иос, може ќе му врши на некој работа https://apps.apple.com/mk/app/we-recipes/id1602360899
1. Почнав со пасирано овошје, па зеленчук така наизменично му давав по 2 дена, почнав по 3 ама после намалив на 2. 2. Почнав во релаксатор, зошо немав хранилка, купивме со 3 нивоа хранилка и сега седи на 45° 3. Овошје/зеленчук/овошје/зеленчук, кога пробав доволно намирници мешав 4. На 2 дена.
Огромно фала.... Дали ги мешавте со млеко на почеток? И ако да на кој начин.. Или само вода, овошје/ зеленчук и испасирано... Фала однапред
Јас денес сефтосав морковче конкретно имав добиено купечка кашичка од хип и му ја дадов таа. Но веќе од следната намирница во зависнист од густината, може да додам млекце
Со блв почнавме, давав паралелно пасирано и парчиња, со тоа што форсирав парчиња поголем период од времето. Пасиранирте оброци од старт му ги давав со двострана лажица за сам да се храни, прилично брзо ја научи таа вештина.
Здраво, сакам да прашам за кашичките ги имам уште некоја на хип банана, јаболко и бисквити комбинирани се, дали можам да давам да не го добие запек? Уште една недела правиме 6 м
Прочитај го составот на бисквитите. Мислам дека се од пченично брашно, содржат глутен, за шекер не сум сигурна.
Дај му прво посебно банана или бисквити па друг ден кашата. Нека биде една состојка не пробана,па така ќе знаеш ако појави некоја реакција од што е предизвикана.
Со ориз, морковче, можи и палачинки со овес, блитва, јајце ако јади. Јас денес Спанаќ со ориз и морковче планирам, прв пат спанаќ, го дочекавме ни порасна в градина