И јас се заинтересирав, баш читам состав на суви сливи, пиши само сливи и некој конзерванс, додека на сува брусница и ананас, си пишува во составот шеќер. Значи кај сувите сливи шеќерот е оној природниот, а во другиве има и додаден шеќер, чисто за споредба.
Како да му дадам компир, а да не се прават грутки кога го пасирам? Земав бејби компир, некако малку е потврд од обичниот. Два дена по ред не се пасира убаво,а сварен е се гмечи со вилушка но не добивам хомогена смеса. Ај и покрај тоа што знам ,го поминав и со блендер и стана леплив,но ни така не го јадеше. Се гади и од грутките. А го мешав, вчера со тиквичка и кромид,денес со морков и пашканат. Или да му дадам обичен компир?
Само со вилушка изгмечи и додај малку од водичката што се варела пробај само со морковче па потоа и со нешто друго
Бебе има 5ипол м , дали може да почнам и со сокче од морков и јаболко, кашите ми ги јаде комбинирано досега му давав само од јаболко
Kje pocnam da voveduvam vkusovi,kje pocnam so morkov.Kakov davate,gotov kashicka ili da svaram i pasiram?
Искрено нема споредба миризбата и вкусот на готовата каша од морков и онаа сварена дома. Отворив купечка и ја пробав многу грозна. Домашно сварената и јас би ја јадела.
Баш првпат денес дадов од тие од Кам. Исто пушуваше сливи и конзерванс. Најмногу за запек ги дадов. Се надевам не згрешив. Инаку претходно од готова кашичка ги имаше пробано. Не ми текнува само која марка беше таа со суви сливи.
Јас немам дадено слива, здравје слива в лето ко ќе му е сезоната дотогаш во купечка каша ако проба. Не мора се да проба по секоја цена @Sofi.ja обичен компир, каков е тој бејби прв пат слушам искрено. Јас во блендер се правам.
Освен што морковот што се продава во маркети е страшно многу прскан. За бебе за воведување е најдобро органски кашички, проверени се по квалитет, без хемикалии.
И јас не можам да го погодам компирот и ретко му давам или е леплив или со грутчина и се гади не сака да го јади..јас му давам обичен домашен компир
Има во кам во вреќичка, мали компирчиња. Како бејби спанаќ де Нема врска,денес сладок компир-батат за прв пат проба,без паузи јадеше детево со сласт