Бататот е многу поубав за во каши. Обичниот компир кога го изблендирам станува како тесто. Инаку и моето дете обожава батат, затоа почесто го користам него, отколку обичниот компир.
И моево батат мн бендиса Обичен компир да ко тесто се прави, само 2 пати му имам ставено во зеленчук, ама само компир чисто не дадов, ко му го воведов со морков мислам го дадов.
Мајки, се враќам на работа за 2 недели, па сакам да прашам дали можам од вечер да и правам каши од зеленчук? Ако да како да ги чувам, во тегличе во , па пред да и се дадат да се пригреваат?
Здраво мајки, досега му давам само овошни каши на хип ги сака, пред млеко на АД сме, бебе уште 5 дена полни 6м, сакам да прашам дали можам да давам мелена плазма и кога да почнам со зеленчукова каша и кое време ја давате?
Јас не би плазма... За мене тоа е непотребен шеќер, а многу го има во бисквитите. Ова е само мое мислење Почни да даваш по малку од сабајле зеленчук за проба, па потоа кога ќе почнеш со оброци давај за ручек зеленчук.
Од сабајле е на АД, потоа кај 11часот му давам овошна и пак млеко, е сега кога да му дадам зеленчукова а кога овошната, имам земано на хип брокула за почеток му давам сега морков ја делам на 2 пати тегличката
Помести ја овошната за покасно во денот, дади зеленчукова сабајле за проба, па млеко, па овошна. Како ќе го воведеш зеленчукот ќе го поместиш зеленчуковиот оброк на ручек, а сабајле ќе почнеш да воведуваш житарки.
Кое пилешко и мисиркино месо ги купувате? И со која риба започнавте и кога? И дали ја давате урдата на Хомоље од Кам?
Колку повеќе слушам и читам, сѐ похаотично ми е. дали има вистинска потреба од чекање 3 дена за воведувње на нова состојка(неалерген)? јајцето како најголема дилема, на солид стартс вика одеднаш, на 6м и жолчка и белка, а напиве педијатри до една година. после колку пати употреба на една состојка знаеме дека ни е “проверена” и дека е океј?
Не мораш 3 дена да чекаш. Ако има реакција ќе има веднаш, посебно на високо алергена храна. Јајцето е убаво да го поделиш, а за кога да дадеш сите педијатри викаат различно, во листата јас што ја имам е 10м.
Јас не давам три дена. Само со алергените пазам повеќе, давам во првата половина од денот и првиот пат давам малку за проба па наредните денови зголемувам. Цело јајце дадов мислам на 7 или 7,5 месеци, не го делев ама дадов малку да проба па другиот ден зголемив количина. Матичните даваат разни препораки, мојава не ми даде листа и ме охрабри да не се плашам многу од алергените и да не ги давам со паника. Секако гледав да почнам со понеутрални намирници и паралелно пробуваше ќерка ми и овошје и зеленчук и безглутенски житарки. После 7 месец почнав и со алергените. Дома имам сируп за не дај боже ако има алергија на нешто, фала богу немала. Само со млечните има проблеми ќерка ми уште од раѓање, полека ја надминува нетолерантноста ама уште пазам со нив.
Никогаш. Алергија на одредена намирница може да се јави во било кој момент, и прв прво пробување и при илјадито, во тој поглед нема сигурност со буквално ниедна намирница.
Не нораш 3 дена јас со првото така правев и жива глупост искрено. Немаше никаква реакција од ништо и после 1 година дома му дадов на Би тетрапак 100% портокал зошто такви во градинка им давале газот од 3 голтки со рана му беше и тоа неискакан туку од мокрачата. И им пријавив да не му даваат ништо освен од јаболко 100%. Зошто и од тие со 50% имаше реакција од сите. Така да ако би имало реакција би дало одмА. Мајки вие што сте имале бебиња алергични на лактоза и кравјо од кога почнавте да пробувате пак да дадете?