На лактоза се развива нетолеранција, на кравјо алергија и се скроз различни работи. Ние пошо имаме утврдена алергија на млеко, на 3 месеци го повторуваме тестот. Најчесто оваа алергија се надраснува до 3тата година, до тогаш или тестирање на 3 месеци или првокација преку храна во мали количини, исто на 3 месеци. Кај нас пошо реакцијата беше сериозна, се одлучив да не давам преку храна туку да чекам резултати од тестот.
Не сум во Мк, но мислам дека некаде низ Скопје се врши тестирање за алергија преку крв. @Giovanna можеби знае?
Мајка, терај како што сама мислиш и гледаш по твоето дете. Давај што мислиш и колку мислиш. Секаде пишува различно како треба.
Мисиркино земам од Андреа (ако си од Скопје) Пилешко не давам, ептен некогаш во каша. На 8ипол дадов пастрмка. Земам рикота урда (беби урда) од Наша Млекара (ја има во Веро и во Андреа)
Путерите од кикиритки и лешник од Кам колку време стојат отворени? Како што е напоменато на нив после отворање се во фрижидер ставени, си имаат рок на траење, ама ми се некаде околу месец отворени. Нема на нив траги дека се нешто расипани.
Алергиски панели има во сите лаборатории (авицена, рамус, биотек). Последен пат кога гледав, во рамус имаше најниски цени. Има различни панели (педијатриски, нутритивен, инхалаторен..). Педијатрискиот панел опфаќа алерија на млеко (млечни протеини). Земаат крв од прсте и за еден ден има резултати. Интолеранција на лактоза е генетско испитување, малку е поскапо и се чека неколку дена за резултат. Исто од прсте земаат крв. Го прават во сите лаборатории, плус во Систина, Ремедика, Жан Митрев, ама по болниците е поскапо и подолго се чека.
Исто и јас, цела сум во прашалници за се, намирници, алергени, оброци. Не знам ни дали има кој да ни даде точни и прецизни одговори..
Мајки дали имате некоја листа по која се водите за воведување на храна ? До сега сме пробале морков, тиква, јаболко и банана,ама не знам кога можам да му ги комбинирам, кога месо, кога грашак, компир итн..
4lista blitva cetvrt kromid gi varam posebno 2 lazici proso varam i na kraj se blendiram i krka malata
Јас му дадов на 5+ месеци, обичен ориз, варен со морков па блендиран ама не го сакаше, потоа купив од хип инстант ориз, тој го јадеше и така без ништо, па со овошје му го давам. Пред некој ден му дадов обичен ориз варен и на крај спанаќ некое ливче и блендиран, па така многу го бендиса си јадеше.
А само спанаќ, блитва или брокула како да проба за прв пат? Како да ги подготвам? 6ипол месеци е, сама од себе почнав да ѝ давам со прочитани информации на нет. До сега има пробано банана, круша, јаболка, компир, морков, тиквичка посебно, и комбинирано неколку пати овие работи. Немам идеја што да ѝ дадам следно.
Тиква, слива, праска, авокадо имам дадено, кајсија во купечка каша, батат, брокула, ориз, инстант гриз од хип, јас мешам со веќе дадени, не давам чисто, пр спанаќ чисто неможеш, ете со палента да, потоа и со жолчка заедно. Јас дадов и јогурт чисто да видам дали ќе има реакција, немаше, па дадов пак др ден 1 лајче. Моето за 2 дена 6 месеци ќе прави. Помина месец од воведувањето на храна, сега веќе јади по 150г, ама има интерес и ко ќе ручаме, само зинува, сака да јади, па му давам банана во смукалче и се тепа да јади, др недела планирам и ручек да воведам.