Можеш да или јогурт и кисело млеко. Само немој две нови намирници одеднаш, една по една за не дајбоже да знаеш од што има реакција.
Спанаќ не со млечни производи бидејќи така не се врзува железото од спанаќот, а е вкусно ама се губи хранливоста, јас исклучиво со ориз го давав на првото дете исто и сега.. Како ќе растат и ќе јадат се и парчиња, па палачинки со спанаќ се прават, мафини...
А јас па викам од 1март ручек да воведам сеа со доручек да тераме, ама исто се што пишуваш и ти прави бебе само зинува, кога јадеме обавезно во друга соба го носам или јас или мм, свекрва било кој од жал да не гледа. Овес даваш ли? По најаден ми е одсабајле со житарка ама мене ми здосади само палента, гриз и просо му менувам. Ориз не знам каков би бил со овошје да го смешам
Бебето ми е 6.5м, на почеток на хранењето отвара уста, си каснува. И после неколку лажички (60-70гр), одбива да јаде, одбива да отвори уста, врти глава на страна. Што е проблемот? Па ајде некако ќе ставам играчка оред неа, па ќе ја лажам за некако да стигнеме до 100-120гр, ама не е тоа поентата со лажење да јаде. А и не секогаш е успешен методов, на 2-3 пати се има расплакано на хранилка.. Ѝ имам дадено и блендирано и само гмечено со виљушка, исто се однесува и во двете ситуации, дури и блендираното повеќе го одбива. А ние кога јадиме, секогаш е заинтересирана, нѐ гледа буквално како ја носиме до уста храната. Почнавме со вкусови пред точно месец, имам воведено повеќе работи од овошје и зеленчук, и житарки ориз, просо, палента, безглутенски. Исто откако воведов житарки, не знма дали случајно или не, ама почна да го одбива млекото за пред спиење. Не знам што треба да сменам, дали да прекинам 2-3 дена да и давам цврста храна, стварно не знам ама нервозно е..
Сепак кратко време имате цврст оброк. Не се нервирај и не си стварај притисок. И ние кога почнавме првите месец дена имаше такви моменти, ама со тек на време почна да си јаде убаво. Само опуштено и ќе биде. За почеток нека јаде колку што сака, сепак млекцето уште е најважно.
Нека јаде колку сака, кога гледаш дека не сака повеќе, заврши го оброкот. Зошто форсирање за повеќе да изеде, до степен да почне да плаче? Само одбивност према храната ќе му направиш. На 6 месеци се' уште учат дека постои и нешто друго за јадење освен млекото. Се им е ново. Вкус, текстура, хранилка, прибор итн. Секако до годинка главна храна е млекото, се друго е учење да се хранат.
Јас од веро земав порано прашај ги кога носат мислам дека вторник и петок. Или од Поповски кај Антико.
Јас вака практикувам, еден ден овошна еден ден зеленчукова додека не уведам и втор оброк, тогаш ке си давам овошна сабајле, зеленчукова за ручек
Сега откако ви ги прочитав одговорите, сфаќам дека пресериозно му пристапувам на целиов процес, и имам големи очекувања од одма. Изгледа од што сите бебиња околу мене се јадачи од одма и мислам дека моево заостанува негде. А и реално, не е јадач уште од раѓање, многу полека качуваше килажа. Башка, одмолзувам млеко оти се одби на 3м, па и тоа напорно иде по цел ден 7 пати и некако едвај чекам да си има оброци за да намалам со измолзување. Океј, фала ви феминки на муабетот, ќе гледам да сум полабава од утре П.с Со ова темпо, треба ли да воведам втор оброк на полни 7м или да чекам да јаде поголема количина..?
Не чекај да јаде поголема количина,после 4 недели од прв,можеш да воведеш втор оброк. Не се секирај,ќе пројаде повеќе и моето забушаваше на почетокот.
Ќе си процениш сама. Ако воведеш доволно намирници и бебе си јаде слободно и на месец воведувај нов оброк. Следи го него. Нема универзално правило. Пример јас прв оброк воведов ручек. Повеќе сакаше зеленчук и во тој период од денот (кога треба да е ручекот да речеме) повеќе сакаше да јаде. После воведов вечера, па појадок на крај. На околу 1 месец разлика ги воведов. Појадокот и ден денес не го јаде убаво. Не очекувај ни количински не знам колку да јаде. Секое дете своја мерка си има. Ако прочиташ по разни странски форуми обично не пишува грамажа по оброк, туку ориентационо која количина од кој тип на храна треба отприлика да се внесе на дневно ниво. Опушти се и гледај да не се нервираш. Некогаш ќе јадат повеќе, некогаш помалку, некогаш ич
Моето како и твоето упорно јадеше по 50-60 грама да речеме, заглавени на тоа. Пробано секако пасирано, блендирано, купечко, овошје,зеленчук, толку беше. Една недела пред 6 месеци почнавме со вкусови, ни за месец ни за месец и пол немаше промена да стигнеме до 150-200 грама. Сега за една недела 8 месеци. Пред некое време почнав да давам и за време на доручекот овошје со житарка, па за време на ручек зеленчукова каша за да стигнеме од двата оброци до еден целосен. Не можев да бидам заглавена на доручек само. Ама колку и малку да јаде, битно јаде и си терам со сите работи - проба млечни, пробуваме жолчка сега, па месо планирам. Тоа ќе ми е потешко дека благо повеќе сака што не беше случај на почетокот ама ете менуваат, нема правила.
^ истото ме интересира и мене. И кога можам да давам abc намаз и обичен јогурт, баланс пример. И дали можам да давам неварен овес, т.е. само измешан со грчки? До сега варев или попарував само.