Абц намаз истиот период почнав, а јогурт обичен со 3,5% масленост е прво млечно што воведов. Балансот е со помала масленост, јас би избрала друг за бебе.
Да, сѐ е така како што опишувате.. очигледно различно си е секое дете. Еве се трудам овие два дена да сум порелаксирана и да си ги разбирам потребите на моето дете. Сакам уште да прашам, после оброк после колку време ви бараат млеко, или кога им давате? И каков ви е распоредот.. Кај нас е заглавено дали оброкот да е кога ќе се разбуди, или после прва дремка. Се буди 6.30-7, прва дремка во 8.30-9 до 10-10.30..
Моето кога имаше еден оброк му го давав после првата дремка исто стануваше кај 10-10.30, кога му воведов ручек го преместив доручекот пред дремката кај 8.30 па потоа кај 11, 11.30 цицаше и потоа ручекот му е после втората дремка кај 2, 2.30
Каква реакција се појавува кај бебе алергично на млечни производи? Сакам да почнам со кисело млеко 8 месеци е малата.Со големиот немав на никаква храна реакција ама оваа ми е многу нежна хахахаха ми е страв.
Од каде ја купи лажицата, јас не можев да најдам тука? И дали седеше сам пред да почнете? Ние почнавме со каши дека условот да знае да седи не го исполнува..