Зависи што пробало бебе. Јас му готвам: Банана со гриз Јаболко, круша и просо Ориз, морков, крафиол и брокула Ориз со јаболче Тиква со просо Палента со јаболка или банана или круша Авокадо, банана и просо Авокадо, јаболче и гриз
Ниедно јадење не му беше по кејф на почетоок, па од брокула какви фаци правешеее едино што го излапа цело од прва беше тиква. И сега обожава тиква да јаде. И тиквичка исто така. Дај му ете тиквичка ако имаш, компир, брокула, тиква, јаболче, круша, банана..
Дали неколку ситни мозолчиња по телото (5 во случајов, на вратчето, стомачето и ноџе) може да се знаци на алергија? Друго нема ништо, а не верувам ни дека го чешаат. Вчера воведовме глутен, денес ги забележав. Или алергиска реакција би било нешто појако?
Намачкај го со маслиново масло на месото и завиткај во пластична фолија, така може да седи во фрижидер неколку денови.
Во фрижидер јас чувам во најлонче по 4 5 дена, на 3 пати го давам, нема гајле си стои. 6 месеци и 8 дена, бебе почна со втор оброк, 3, 4 дена давам, денес и вчера вишна му воведив па си јадеше. Вчера со авокадо и банана, денес со банана и јаболко. Др недела сакам јајце да дадам, се мислам за цело
Ти пишале погоре да не повторувам, ама обично кога бебе јаде авокадо,, јас го јадам остатокот со јајца На друга тема му дадов денес круша и просо, една осминка оставив да му дадам да јаде сам останатото пасирани, ама он ја фаќа ја носи до уста и го пика цело парче така згмечено, и од поголемите парчиња се дави и ги плука, резултат = ништо не стави во уста. Да продолжам да му давам или да почекам уште малку па пак да пробам? Мислам ова е успех пошо првиот пат кога му дадов он си играше со морковот во уста не но му текна да го стави
Кај мене од плазма мм му даде пред некој ден, демек нема да каснел ке играл тој ја излапа цела плочка, се вцрви во брада и образи и имаше по ноџињата точки, јас верувам дека е алергија од плазмата или нешто во неа, од ништо друго вака ми нема направено. Кога прочитав состав ми се стемни ама со тате кога се вардат не би ме чуделп и со ребро во рака да ме пречека. Доби мм лекција после тоа за хранење на бебе што и како ама маж што да кажам повеќе, господ нека го чува.
Оф леле, кај мене мм сериозно го разбира тоа, но не колку мене секако. Треба внимавање дефинитивно. Јас се лутам така. Моите пример, јадат нешто и он ги гледа, и мајка ми "А да му дадам да лижне, греота е", пред некој ден јаде нешто, и ми кажува дека ја гледал, викам да не си помислила. Туку ова кај нас нешто случајно било изгледа, можеби од топло. Наредниот ден веќе ги немаше, а и дадов пак глутен после тоа и немаше реакција.
Дечки од менито во градинка за јасли има некои намирници кои ги немаме воведено, па ако може да ми кажете дали смеам да му ги дадам на 7++ за да ги проба (и како): Млеко и чоколадно млеко Двопек Бисквити Тарана Чај со лимон? (Не знам каков чај) и сок од лимон Свежа зелка Грав Ванила пудинг, чоколадо пудинг Кашичка Лино (не знам каква, веројатно различна секој пат) Макарони Боранија Леќа Има и млечни производи и жочка ама тие секако ќе ги воведам наскоро. Ова се ќе биде пасирано. И дали да пробаме се дома, пред да му дадат таму, или многу се замарам? Вие како правевте? И подетално ако може, какво млеко да купам за да проба,пудинзите? Двопек и бисквити како да воведам? Макарони какви? Зелка, леќа, грав, млеко, за се тоа сметам дека е рано, но ете ќе му даваат таму. За една недела почнуваме со навикнување, па мислам нема веднаш да јаде, така да имаме некоја недела веројатно. Ве молам за било каков совет во врска со ова, во збунка сум малку.
Млеко за првото алпско купив за воведување и воведов со гриз. Чисто млеко не давав до 2 години бар дома, а и сега ретко пие. За пудинзи подобро воведи, какао и ванила ако не се воведени, ако се воведени не се замарај. Двопек надробен со јогурт, к.млеко... бисквити исто издробени со некое овошје или имаш каши во дм и дневни и ноќни со бисквити. Макарони ако си вовела глутен и јајце исто сметам дека нема потреба да се замараш. За чај имав и јас исто прашање и добив инфо дека најверојатно даваат планински, ама деновиве ќе одам да подадам финално документи и баш ќе прашам па ќе ти пишам.
Деновиве воведи тоа што даваат за појадок како тарана фрутолино чоколино,па потоа ужинки и ручек останато што немате пробано по ден два, немора 3дена истото....
neli mleko treba posle 12m? kako na 8 ili 9 meseci da se dade na bebe? i nie morame vo gradinka na 8ipol meseci i ne mi e jasno za mlekoto
Благодарам девојки @Ano ќе можеш ли да ми кажеш какви пудинзи поточно? За двопекот и бисквитите може во блендер пример или? Јајце немам уште воведено, засега мислев само жолчка, но поради макарониве ќе морам цело?
Ако следиш ептен строго, кравјо млеко викаат воопшто не. Ама кај нас во градинките такво користат и соодветно на тоа пожелно е да воведеш. Не мора за пиење, само во оброци. Големиот ми е 6години и ептен ретко и сега пие 2-3пати во месецот ако се фати (ова за дома зборувам). Градинка/училиште, како и за сите. Немам баш некоја препорака за пудинзи. Не се сеќавам за големиов што давав освен монте, а на малово не сум му дала, таму ќе сефтоса. Секако погоре мислев на какао и ванила како намирници Двопек/бисквити, ако не јаде мазно можеш и само така издробени зошто блендирани како брашно ќе се. Тие секако ќе се растопат во оброкот. Од сите набројани намирници според мене јајце би ми било прв приоритет цело, а и секако новите препораки(ако следиш солид стартс), скоро сите намирници се 6+. И млеко да има пробано.
Mami nekoja aplikacija ima li za voveduvanje namirnici i recepti. Sve sum zaboravila od prvoto mada maticniot sekoj mesec dava spisok na namirnici ama sepak plus da imam nekoja ideja za recept...