Денес воведов жолчка, 6 месеци и 10 дена, со авокадо му ја дадов, 4тина изеде, уште сакаше ама ај дека прв пат, нема досега ништо реакција допрва не верувам да јави, до 24ч може да појави?? @TheSecret прочитај тука неколку страни поназад. Јас досега имам воведено: Банана Авокадо Круша Слива Кајсија Јаболко Вишна Малинка (ова малку му дадов да лизни) Праска Тиква Некои намирници како кајсија и слива ги проба од купечка каша, само проба пак не дадов бидејќи му правам домашни. Морков, компир, батат, спанаќ, тиквичка, ориз, просо, палента. Инстант гриз од Хип Инстант ориз од Хип овие ми се за ко ќе ми треба побрзо да направам и на почеток ги давав, сега поретко. И јогурт има пробано 2, 3 лајчиња.
Можеш да направиш домашно. Јас давам и купечко од Силбо, или од фурна Диме, ама генерално правам домашно
Каков јогурт му даде и со што? Спремив за утре од Алпско јогурт,планирав 2 лажици со палента. Вие мајки на поголеми бебиња. Што спремате за вечера? Да знам што да воведам оваа недела од следната сакам и трет оброк да вклучам. Планирав јогурт,кисело млеко,пченичен гриз да проба овие денови.
Мајка ми му направи домашно, ќе му дадам утре. Ама сакам и некогаш за набрзинка опција да имам. Ф какво брашно правиш домашно и ставаш ли квасец? Ако имаш некој добар рецепт сподели.
Моево е помало знаеш само му дадов со лажиче и еднаш во палента малку за да видам дали ќе има реакција, плус палентата не ми ја сакаше и демек со јогурт да не сака, па и така не ја сакаше, ама уште не му го давам во оброк, само е воведено да речам, 6 и пол месеци е. Иначе битолски јогурт 2.8% таков користиме дома и на првото таков му давав.
Не се дава ако стоело со саати. А ако поминало 1 саат можеш да дадеш. Исто и со кашичките од тегла пишува да се извади количина па да се дава. И кисело млеко да јадеш и павлака се вади и се става во тањир не од централа ради плунката зошто може остатокот да се расипе.
Не земај алпско. Јас имав земено за нас имаше грутки внатре ај викав едно така ми се погодило, земав уште едно пак исто и тоа го мучкав ама џабе.
Јас го правам она лепче без месење што е, со лажица само што се меша. Тоа секад ми искача иначе не ме бива за леб. Ставам околу 300мл млака вода, 1 сув квасец, пола кило брашно и маслиново масло.
Да исто е и ова од мајка ми. И мене не ме бива за месење баш. Најпаметно тоа да си го правам. А какво брашно користиш?
Бебе готвач или јас си ја гледам темата https://forum.femina.mk/threads/Инстаграм-за-бебешка-детска-храна.27469/page-84
Алпско му дадов добро беше. Палентата ја направив 1:4, а требаше 1:5 ,ама мислев да не биде многу течна кога ќе го додадам јогуртот. Јогурт 2 супени лажици ставив и пак беше густо,јадеше до пола со фацки на гадење Па го измешав со хип каша од јаболка и круша и го изеде цело. Утре планирам јогуртот да го дадам со овесни снегулки+праска.
Јас пр варам повеќе просо, пола ставам денес и др половина ја ставам во тегле и во фрижидер за следниот ден. Неблендирано, цело зрно. Исто и ориз.
Мајки, моево ич не ги сака зеленчуковите каши, денес беше морков и тиквичка на сила малце и го оставив, само овошје ми јаде незнам што да му додадам, уште сме на доручек само. Да го држи и ноќе како темпиран е на 3саати за млеко ми станува 6++ сме.
Да пробаш да ставиш малку јаболко, круша или банана во зеленчуковите каши? Можеби така ќе ги јаде. И менувај комбинации.