Штом сака овошје додавај му во ручекот. И не мора да е стеиктно овошје ама нека е некој поблаг зеленчук. Пример, направи каша со зеленчук и додади јаболко или тиква или батат.
Мислам можеби не му се допаѓа конкретно тиквичка и морков. Пробај тиква, тиквичка и компир, или грашок со тиквичка, морков со јаболче или круша итн. Прави му различни комбинации со тоа што имате пробано.
Со што воведувате спелта, рж и јачмен ако може слика И дали овие ноќните каши на хип се со кравјо млеко или Ад? Во составот пишува производ од Сурутка(млеко) и обезмастено млеко во прав
Искрено не знам кои се препораките, јас му дадов на 6+. Блендирано може да. Едит: мислам од 7 месеци се препорачува ако не сум грешка.
Супер Ние жолчка почнавме од вчера, исто нема реакција. Следно ни се млечните, јогурт, кисело млеко. Туку блендирано или пасирано?
6 месеци и 12 дена е, жолчка пред некој ден му дадов, денес и белка. Сакам полека да преминува на парчиња, рано е за парчиња не е спремен, ама да имам се воведено оти в градинка на 9 месеци ќе оди.
Здраво мајки, кога воведовте трет оброк и во што се состои најчесто? Ние за 1 недела полниме 8м, прв оброк и давам овошје и жито (просо, киноа, амарант) накај 10-11ч, втор оброк зеленчуков каша накај 16-17ч. Со цицање сме остатокот. Со воведување се водам по бебе готвач, уште немаме воведено млеко, месо, јајца. Бебето станува накај 7-8-9ч а заспива накај 22ч.
На 8 месеци треба веќе да јаде месо. Вториот оброк ако е ручек и јаде само зеленчук не е доволно нутритивен. Воведи си месо и јајце за да имаш опции. Месо треба да јаде барем 3 пати неделно. Вечера воведов на 9+ месеци. Имаш други теми за идеи, види таму.
Toj bebe gotvac mislis e napisan od pedijatri? Ne, tuku od instagram majki. Da si slusas pedijatar i da si dades meso, mlecni i zolcka, naskoro i glutenski namirnici, 8 m ste.
Како воведувате втор оброк и нови намирници? Јаде само наутро зеленчук, овошје и житарки, а сакам да сменам доручек овошје ручек зеленчук.
Јас не направив ништо посебно, еден ден околу 15,16 часот зависи како му беше периодот за јадење направив зеленчукова каша од намирниците што ги имаше пробано и го понудив. Од тогаш давам секој ден, кога јаде кога пола.. зависи.
Ај кога ќе имаш време, напиши само од прилика кое време станувате и како се распоредени оброците во текот на дентот. Временски мислам. Ние заглавивме на истите намирници, додека да утврдам од што реагира, дали сепак ќе е од млекото или нешто друго. А млекото уште не сум и го сменила од бебе бебе кога беше. Ако се утврди дека е од млеко, мајке ми воведувам се наеднаш остатокот и три оброци. Вака и за мене и за неа досадно. Ама јадењата за бебе, милина за очи ти се . @Lavender13 можно ли е бе, 5 месеци да не покаже ништо и наеднаш да и избие дерматит. Нели имавме мака со кравјата формула, па сменив на козја, се се среди и меше и какање и повраќање, спиење, задоволно бебе и одеднаш кога почнавме со вкусови и комплетно се одби, да и избие егземи? Педијатар со слики не лечеше, не ја излечи. Утре на кожен. Јас искрено чекам малку да се смири и да дадам јогурт. Или џа или бу. И ќе се паркираме на клиника у двор, таму ќе дадам. Оти друг начин на лекарски надзор нема очигледно како кај вас. Леле колку се осеќам некогаш дека потфрлам, поима немате. Уште колку ќе згрешам, страв ми е да помислам .
Фала ти. Станува во 8:30 - 9:00ч, претходно околу 7 цица. Доручкува 9:00-9:30, 11:30 цица и има прва дремка. 2:00-2:30 руча, 5:00-5:30 цица и има втора дремка, 7:30 вечера, 9:00 цица и спие.
Да не се должат егземите на нешто друго? Не може да испиташ преку крв алергии? На крај краева излажи, речи дадов јогурт повраќаше цел ден, може ќе ти дадат испитување така.
Не сме за тука ама тука ќе прашам. Просо варено дали би стоело 1-1,5 час на собна температура без да се расипи? Да и варам наутро на ќерка кога е дома. Кога ја оставам со баби само инстант житарка и оставам како најбезбедно и на крај или цели кутии само 3-4 лажици потрошени фрлам. Да речеме околу 7 наутро да го сварам, на кај 8-8:30 да јади таа.