Колку пати во неделата давате жолчка/јајце (откако се целосно воведени)? И дали едно цело на оброк или?
Колку често давате овес во неделата? Дали само за доручек или? Од колку месеци почнавте да го употребувате?
Од 7м овесни снегулки од дм. Колку долго го варите цвеклото? Секогаш трвдо ми е и по долго варење,рака треба да биде?
Од пазар,маркет Да на 6+ дадов просо. Со било кое овошје како појадок или во ручек со зеленчук. Просо+банана Просо+круша Итн
Со што сакаш, јас мислам прво просо па ориз дадов. Му го мешам и со зеленчук и со овошје, секогаш го јаде.
Мајки да прашам, по колку гр ви јадат бебињата на 7месеци? Јас му давам од малите кашички тегличката што се тоа ми е мерка по 100гр. Едно доручек едно ручек? Да не треба да зголемам? Или доволно е. Бебо има 10кг. скоро, ако ова има некаква врска
Појадок и ручек по околу 200г . Бидејќи ставам намирници од прилика, некогаш и повеќе излегува(до 250г) и ако има интерес му нудам скоро се да изеде. Вечера воведов пред 5-6 дена, е тоа му давам до 150г зошто кога дадов повеќе почна да ми бљуцка. Мислам дека треба да зголемиш количина со оглед на возраста.
И син ми јаде по 180/190гр најчесто. Понекогаш знае и помалку, зависи колку е гладен или колку му се допаѓа. Пробај понуди му повеќе, можеби ќе јаде.
Ако му се јади плус давај му, јас секогаш по дете се водам. Моево некогаш и не го јади цело тегле. Ништо со сила не бива кај него, ако нејќи запирам не давам. Сабајле на пр јајце варено со просо, само 5,6 лајчиња изеде, не сакаше, ама на цицка е обесен. Големиот исто ко ќе речи не и крај, не каснува поќе, 1 касајче да е ќе го остај.
Еве тоа правам, варам јајца и читам како. Тие шемите мене ептен долго ми се гледаат, ја би на 2-3 и ајде оп. За една недела . Немајка бе.
Јас вчера го носев на месечна контрола бебето. Педијатарот ми рече постепено воведување жолчка Прва недела два пати во неделата 1/8 Втора недела два пати 1/4 Трета недела два пати 1/2 Четврта недела два пати цела жолчка.
Посебно дадов жолчка и белка. Жолчката давав прво 1/4, па 1/2, 3/4, и цела, преку еден ден. А белката ја ставав прво во палачинки/вафли два-три пати и на крај цело јајце омлет дадов.