Фала мама на советот еве дадов банана и си касна две три лажички без да се гади ке треба да мешам и јас се со банана изгледа
А како да пројаде банана? за некое чудо не сака банана, зеленчук си јаде сѐ што сум дала до сега. Од овошје има пробано само банана круша и јаболка. И не сака ништо од тоа.
Што не се даваше во ист ден (или во иста каша), освен нели јајце и месо? Имаше некоја друга комбинација што треба да се избегнува? И за вечера, колку време пред спиење треба да е вечерата? Пример дали еден час е доволно, или пожелно е повеќе време да помине после вечерата? Или нема врска тоа?
Ќе ставам една слика што ја најдов пред некое време, може ќе помогне. За вечерата, гледам бар 2 часа минимум да поминат за да пие и млекце пред спиење.
@deniz333 Пробавте морковче со банана денес? Јаде? Те читав вчера, баш вчера прв пат дадов морков, па си реков лелее ќути го јаде, ајде денес пак, лелеее кога рече плука, се грози хахахах Имав измолзено млекце, па му напрајв пире со морковот, па го искрка некако 30-40гр. Можиш и така да пробаш.
Не мила не ја пробав, денес пак и дадов кашичка од слива и пак само плукаше од се што и имам дадено нема ништо каснато се ми плука и има нагон на повраќање освен вчера бананата што успеав едно лажиче. Се мислам да оставам недела две па пак да почнам. Вие што имате воведно како ти реагира?
Само јаболко и морков, почнуваме полека полека и ние. Вооглавно добро реагира, ама сепак не можи да носиме заклучоци од две намирници само. Сепак за нив тоа е ново, до вчера учени само на млекце, можиш малку да паузираш, па пробај пак другата недела.
Досега кога ќе имаше запек и давав круша со сува слива и следниот ден веќе немаше проблем. Сега одбива да ми ја јаде таа кашичка. Имате друг 'лек'? Ако треба и некои капки ќе и дадам.
Малку маслиново масло во кашичката да ставиш? Или пробај различна комбинација, круша со нешто друго, или слива со нешто друго, можеби јаболче или кајсија/праска ако јаде.
Сакав да воведам јајце преку тарана, но на бебе воопшто не му се допадна, изеде само 3 лажички можеби. Дали сега да сметам дека е воведено цело јајце, или тоа е многу мала количина?
Zdravo Koga vovedovte mlecni proizvodi na vashite bebinja? Nie sme 6++,so shto da pocnam i so shto da go pomesham?
Јогурт на 7 месеци. Млечните производи треба да се со поголема масленост. Го помешав со палента. Исто и киселото млеко.
Еј браво за сликава, и фала. Ќе помогне на многу сигурно. Апропо сликата, ми се отворија многу прашања. Гледам нема комбинации за скробен зеленчук (тиква, пашканат, батат, компир).. ама претпоставувам најок е со нескробен зеленчук за комбинирање? И дали секојдневно давате во секој оброк житарка? Пример, доручек просо со овошје, па за ручек киноа со зеленчук (освен ако веќе има компир)? И тиквата не ја мешате со житарка? За трет оброк кога ќе воведувам околу 8м, што е паметно да давам, овошје или зеленчук? И тогаш со житарка..? Малата е најверојатно алергична, па млечните ќе треба да се одложат за некој месец и постепено да се воведуваат..
Јас за појадок давав обично житарка со овошје. Сега веќе почнав и јајце, јогурт, леб со намаз. Ручекот генерално е без житарка. Давам компир, батат, со друг зеленчук и месо или риба. Знам и зеленчук со кускус или киноа да дадам. Или само мешунки со морков, кромид (исто како за нас на пример што правам леќа, боранија, грашок). За вечера најчесто давам нешто млечно со житарка. Или со ад или со јогурт, кисело млеко, грчки. Ако не даваш млечни за вечера подобра опција е зеленчук. Овошјето содржи повеќе шеќери и е попогодно да се конзумира од сабајле.