Mamicki kazete mi brokula kako cuvate? Bidejki 1 kitka koristam poveke pati a ne stoi tolku dolgo odma pozoltuva pa frlam...Za da ne frlam, dali moze da se zamrznae i kako dali svarena zamrznata ili sveza?
Јас имам сварена и замрзната, домашна ни беше есента и ја затоа вака ја зачував. Ја ставам при крај ко ќе се сварат и др намирници. Вчера правев гриз обичен прв пат, го направив со мајчино млеко и малку ставив какао, му се бендиса на синко. Денес прв пат лук во прав ставив и тоа го бендиса. Следно млечно, јогурт имам дадено, урда, павлака, кисело млеко немам.
Ја чистам убаво, ја бланширам, па замрзнувам. https://sezahrana.mk/како-правилно-да-замрзнете-брокула/
Да, имав од вечерта молзено и не ми се фрлаше 180мл беа во фрижидер беше, и на првото дете му имав даено некој пат вака.
Не сум знаела дека смее да се вари. Нели и за затоплување од фрижидер се затоплува во сад со топла вода,не смееше да се подгрева.
Мене од после ми Текна на ова правило, со првото можи и да незнаев, не памтам. Ама ништо не му беше како обично млеко си беше. А зошто да не смее па? Се расипува? Еве и бебе супер е, сабајле во 10 јадеше, да не беше како што треба досега ќе јавеше нешто?
Не знам искрено,извини не сакав да те вознемирам. Сум му правела јас на првото каши со мајчино кое сум го додавала од после. На пример сутлијаш направен со вода,потоа додадено млеко.
@Sofi.ja Имам давано брокула, тиквичка, цвекло. Сум ги мешала и со млечно, или палачинки сум правела од тиквички или од цвекло. Мислам убави комбинации се за вечера. Ама можеш што ти текне Што би јадела ти некоја комбинација, прилагоди ја за бебе. Може и тестенини исто со сос. Ако има проблем со млечни имаше во дм еден крем за готвење од овес мислам беше, може и тој да се искористи. Јас ставам пример во смеса за палачинки овесно млеко често. Или овес со овесно млеко знам да и сварам.
Здраво, од кога почнавте јогурт да давате и каков? Сакам да воведам незнам со кој да почнам инаку утре сме веке 7м
Здраво девојки Неделава започнуваме со воведување вкусови бебе е 5 месеци и 1 недела Ми рече педијатар да почнам со јаболко на пареа Може ли некој почетнички совет? Сеуште не седи , само под агол од 45ми рекоа совет дали во хранилка го ставате или? Од помош ќе ми е секое мислење Немам купено хранилка, планирав да земам за БЛВ па ако имате совет и за тоа
И ние сега ќе почнуваме со вкусови исто сме 5 и 9 дена. Не седиме а и столчето што го земавме не ми е со нивоа, така да ќе го хранам во релаксатор дур да почне да седи. Нас ни рекоа да почнеме со круша, ама пошто знам дека им е овошјето омилено ќе почнам со морков или тиквичка. Мислам дека за почеток ќе ги варам а понатака на пареа ќе му спремам.
Здраво, Најважно од се за почеток е бебето да се навикне на концептот на хранење надвор од она што веќе е научено а тоа е млекото. Значи полека, смирено, во убава атмосфера да почне храната да ја асоцира со нешто позитивно, затоа се препорачува колку може да јадете заедно на маса Во однос на намирниците, официјално нема табела за која намирница кога, но има некои генерални препораки за во мк а тоа се почнува со овошје зеленчук па постепено се воведуваат и млеко, месо, и алергени. За алергените има најголема дебата кога и како, американските препораки сега се што порано алергени тоа подобро, во македонија педијатрите се со поделени ставови... Оброци се воведуваат постепено, како бебуш ќе биде спремен за повеќе јадење, и убаво е да не се форсира ништо бидејќи сепак останува млекото како основна храна а дохраната е плус. Solid starts имаат апликација и веб па се што те интересира плус можеш да најдеш и таму, убаво објаснето и скоцкано и за блв. Со лесно и уживајте во јадењето