Јас со него воведов глутен. За јајце со млечни не се препорачува да се меша бидејќи од калциумот не може да се сврзе железото од јајцето. Но не е штетно и да мешаш.
После годината најубаво Прашање до вас дали гриз постои без млеко? На хип семолината е со млеко и не ми одговара. И колку дена после вакцина сте давале нов вкус?
Скоро 9 месеци и планирам деновиве. Најдобро мислам со путер разреден со вода ама нека потврдат тие што даваат веќе.
За првото пред 6 години после година, а за ова после 8-9м почнав и ги дадов сите пред година. Најновите препораки се сите алергени што порано да се воведат.
Мислам дека на Холе семолината е без млеко: https://www.zegin.com.mk/mk/holle-organska-integralna-kasha-od-griz-6-meseci-250-g Јас гледам доколку нема реакција од вакцината си продолжувам нормално со воведување, не знам дали е правилно и така. За јатките и јас планирам околу 9 месеци можеби, со што е најдобро да се почне? И во форма на путер претпоставувам или?
Путер ама од дома правен или во кашите пробај да ставиш по малце кикирика,бадем,лешник,орев со што и да почнеш немаш гајле ако има реакција голема одма ќе покаже. Обично викаат по ново најголемите алергени порано да се воведат. Со холемиот памтам дека на портокал имаше реакција и тоа реакцијата му беше на газот дури и кожата му се оштетуваше инстант, а по тело никаква реакција немаше и тоа траеше до 3 години сега сеуште е ама би можел да конзумира неколку дена по ред па да се направи пак проблем таков
Јас почнав со орев - мелен во каши, а останатите во форма на путери најчесто. За секој случај прво на кожа пробував па после ги давав. Путери обично купувам органски.
На хипп е оризов гриз, а на холле е пченичен гриз, односно гриз ко што го знаеме на наше поднебје. Инаку да на холле е без млеко и евентуално гриз од маркети.
Мајки како приготвувате овес? Дали го кисните, мелите? Имам купено овесни снегулки од дм најобични, не знам дали можат за бебе и како.
Изгледа утнав работа овој пат со телешкото.. првиот пат свежо го поделив на коцки и замрзнав. Овој пат ај си велам како сите да го варам па мрзнам со се бујонот. Е арно, ама го сварив цело месо без да поделам коцки по 30тина гр. Па ај еден совет, по колку да мерам сега? Нели не е истата грамажа свежо и варено..?
Мајки каков ориз давате на бебушки да не е со адаптирано млеко Овој го гледав во Зегин дали го имате користено Наредна недела почнуваме со вкусови ако имате некоја табела за редослед, идеи ве молам споделете
Ако си купила пример 300г месо, подели го само на 10 парченца, отприлика исти да бидат и ете ја грамажата По 30г ви е препорачано да давате месо? Дека обично препораката е 50г свежо месо, тоа иде околу 30г сварено.
Јас прво ко почнав давав инстант ориз од Хип, многу го сакаше и така без ништо, а никаков вкус немаше потоа обичен ко што си коритам за нас.
Епа тој сооднос ми требаше. Значи свежо 50 е 30 сварено. Добро, така ќе го делам. Јас скоро почнав и мислев 30гр свежо дека треба