Јас со телешко и батат дадов во каша. Или тестенини со сос од домати и босилек. Во разни каши можеш да го додадеш реално. Мевце, зеленчук некој и домат.
Можеш печени во рерна со морковче, кромид, нешто зеленчук што имаш воведено. После изблендирани како сос за тестенини, или ќофтенца или прелив врз ориз.
Полека малце... го пробува вкусот, ново и' е. Течна кашичка од јаболко е, и покрај тоа што си и' "ја бутнала со лажги" пола тегличка, го нема тоа што го има твоето млеко и секако дека јаболче не е оброк. Има време ќе стигнете до оброк што ќе замени млеко. Го прочитав и твојот одговор на сличен ваков коментар па да ти одговорам: и моето бебе е со рефлукс, уште повраќа и враќа киселини а почнавме со храна. Лажичка-две ако му се собира а веќе имам дадено 5-6 намирници. Уште не знае шо му се дешава. Полека мама, ќе бидат и оброци и се'. Мојот прв син беше најголемиот нејадач на форумов, вториот изгледа сака да му биде конкуренција. Да се наоружаме со трпение, друго не ни останува.
Мама, секој совет за справување со дете нејадач е добредојден. Кога пројаде првото? Ние скоро 9 месеци, едвај еден оброк дали ни се собира од цел ден, а веќе требаше три. Даваше суплементи со првото? Една членка пиша за Wellbaby дека давала, го купив, а бе не сака да го намириса.
Вчера воведов и месо, петел домашен дедо ми донесе, баба го сварила и го поделив во чашки заедно со водата што се варел. Па машала со сласт си јадеше, му го дадов со компир, морков и тиквичка. Ми остана скоро цело тегле, од вчера во фрижидер е, нз дали да му го дадам денес? Имам давано неколку пати вака ама без месо, ако направам повеќе ги ставам во 2 теглиња.
Не, компир немој. Знам тешко е да фрлаш храна, особено на оваа скапотија, ама ќе се научиш помалку да готвиш. Бебешкиот дигестивен тракт е пренежен, нема потреба да го тестираме со храна. Компир и спанаќ и општо е познато дека не се дава подгреано, а јас па ни неподгреано не би дала.
Па како да ти кажам... не пројаде баш. Има еден добар оброк во денот, и тоа не секогаш. За други два оброци е борба, ужини не ни помислувам на такво нешто. Ако јаде три пати, после три дена ништо не јаде, му држи. Ама од друга страна, јаде речиси се'. Месо и риба јаде супер, од се' во чинијата тоа ќе го изеде скроз. Само Молерс и вит Д давам јас. Се мислев многу за Б комплекс сирупче за апетит и не му дадов. Зашто и да има апетит мојов, и да е гладен, пак ќе бара само глупости. Смоки и чоколадо. Финти и совети од мене не барај. Не пораснав некој добар јадач, барај друга мајка. За месото и рибата, му давав прво ситно ситно сецкано на почеток, а после и веќе меко премеко за да држи во раче. Никогаш не блендирав. Барем за тоа ете нешто добро направив. Овошје и зеленчук никако не пројаде, освен брокула, банана, портокал и јаболко одвреме-навреме. 3 години има сега.
@Sofi.ja @AngelOfArh фала ви ќе ја јадат мачките тоа е, иначе незнам помалку да правам пробувам и пак испаѓаат 2 теглички. Спанаќ, цвекло имаме свежо во домашната градина имаме мала оранжерија. Цвекло немам дадено.
Мајки сакам да прашам, кога давате месо, го варите потоа зеленчукот го варите посебно на пр. Морков, тиквичка .. е сега кромидот и лукот заедно се варат само или се прави запршка или се подарувате и се блендира бебе има 7+ сакам да му воведам и ручек веќе па не ми е јасно баш и дали смеам да почнам одма со кромид лук.....
Мајки ми треба една консултација Имаме 7 месеци, педијатарот ми рече полека да воведам трет оброк-млечна каша...а млечни производи немам воведено....дали овие инстант млечни каши значи дека се со Ад млеко...и можам да давам...или пак неможам да давам...и ако можам да ги давам дали да ги мешам со нешто...Ви Благодарам
Се заедно варам. Не запржував скоро до 14м, сега почнав на малку масло и малку вода, да издинста кромидчето. Рано е за млеко, прај ги со ад или мајчино ако молзиш.
Сварено е и замрзнато со водата кај што се варело, во пластични чашки, јас вчера прв пат дадов месо од петел 7 месеци направи на 16ти. Го одмрзнувам и ко ќе се свари зеленчукот на крај турам месото и блендирам. Кромид пред недела дена дадов, од перцата од млад кромид. На крај ставам малку да се свари. Лукче имам дадено во прав.
Јас ќе ги дадам секако со Ад или мајчино, но незнам дали да ги дадам бидејќи немам воведено млечни производи
А во некој друг ручек кај што додавате кромид, лук или младо кромидче со маслиново готвите или само варите ?
тииих ама се исплашив читајќи за воведување на жолчка. еве денес дадов 1/8, и сеа се мислам како да продолжам. дали по шема преку еден ден и во една недела да дадам или таа за еден месец, што мислам дека е предолго. вака немаше реакција досега, иако знам дека е рано. што е паметно еве не знам?? бебето е 7.5м