Јас мајка на 2ро дете не купувам органски оти мислам дека нема врска се тоа е маркетинг Ориз користам обичен каков што јадиме дома. Гриз сега на 7 месеци дадов со бебе што е класика во Мк Иначе инстант давав од ХИП овие 2те од 5 и пол месеци, немам кутии фрлам Сега оваа ја зедов да се најди набрзина некогаш. Мулти греин, ја нема пробано.
Здраво мајки, бебето е 6+1 недела и почна со пробување вкусови од 5 и пол месеци, по препорака на педијатарот. Ова е се што проба досега, останаа пиперки, авокадо и амарант и сега прашањето ми е дали само 1 оброк дневно да има, или 2, или рано е за два оброка... Месо не пробал се уште никакво... Денес на пример имаше просо со тиквица и морков, и од тоа одвај изеде 50 гр. после гладен вреска за млеко, на АД е. Повремено пие од оние Хипис, повеќе ко овошна каша/смуди отколку сокче, тие ги тамани ептен лакомо, ама сакам да јаде подеднакво и солено.... Да се почне ли со месо, да се почне ли со 2 оброка, овошен и зеленчуков, немам идеја. По грешка пред некој ден дадов за прв пат палента и малку грчки јогурт, мене ми се виде 6+ во табелата, е млечно било 7+, ама немаше реакција среќа, тоа па му се допадна...
Негде 6 и пол почнав со 2 оброци. Месо на 7 полни дадов. Јогурт имаше пробано така еднаш на 6 месеци, ама уште не му давам, пробав со палента ама нејќи се кисели и не јади.
Дали и како ги давате сувите сливи? Има ли суви сливи без конзерванси? Ги гледав тие од кам, тие се со.
Во дм има без конзерванс се, во овошна каша ставав по една претходно малу сварена пошто тврда е сливата ама не ми ги сакаше многу се благи и чуден вкус има и ги баталив не и давав.
Дали давате блендирана каша од денес за утре? Кашата е со пилешко, карфиол, праз, кромид, тиквичка и пашканат. Ми остана едно мало тегличе денес,мислев да додадам утре батат или кус кус и да му биде утрешен ручек.
Majki pomosh, kako se spravuvate so bebushi-nejadachi? Nie sme 6+ i vovedov pojadok ama edvaj 50 gr jade. Celo vreme so plukanje, placki....ke kasne lazhicka dve i posle pak odbiva. Stvarno sum zagrizhena....
Здраво, во оваа тема нова сум, по препорака од педијатар моравме да почнеме со вкусови иако е малечка, за една недела 5 месеци. Но има проблем со млекото и мораше да се воведат вкусови. Па имам премногу прашања се надевам ќе ми одговорите. Сакав да ве прашам за се како треба и што треба? Кој период од денот се дава кашичка, дали е како замена за оброк на млеко или не? Дали имате препорака на книга, прирачник за приготвување на кашички, сепак прво дете ми е ни количински знам, ни ништо. Сега ни рекоа јаболче, круша, морков да пробува. Ме интересира по колку лајчиња се дава, колку ми е потребно да приготвам? Дали доколку дома ја приготвувам се прави за два дена пример? Како да ја чувам ако се прави за два дена? Кога се внесува целосен оброк? И како оди распоредот со млекото. Ништо не ми е јасно
Ќе почнеш ете со основни намирници. Една намирница за почеток давај 3 дена. Пример свари јаболче или морков, испасирај или блендај, додади од водичката кај што се варело по потреба. Давај прв ден 5,6 лажички. Секој нареден ден зголемувај. Пример втор ден 10, трет 15. После нова намирница. По мое не подговувај од ден претходно. Секако е ептен мала количина и ептен на почеток сте, давај секој ден свежо приготвено. На почеток само се пробува, далеку е тоа од оброк за замена на млеко. Значи ако стане сабајле и пие млеко, можеш после 1,2 часа да понудиш храна и после тоа пак пие млеко колку сака. Јас давав после прва дремка нов вкус и после пола саат нудев млекце. Значи меѓу две млека всушност нудев вкус. Кога ќе воведеш доволно намирници и плус житарки и ќе стигнете до некоја количина од 120,130 грама може да сметаш дека е тоа веќе оброк што заменува млеко.
Направи пауза недела дена па пробај пак. Сега е нов вкус, текстура буквално се, до вчера само замлеко знаело. А и така се почнува 3-4 лажици па ке наголемуваш.
Vekje imame isprobano vkusovi. Pocnavme na 5+ so vkusovi i na 6 i vovedov obrok so kombinacija od probanite namirnici ama ete ne saka voopshto da jade
Имаш пробано да и смениш купеечка/домашна каша? Или пак види што јаде најмногу и маскирај со тоа. Кај мене бебе тиква обожава и ако се мрштеше за јадење, ставав тиква имав правеше се
Ние почнавме со вкусови како со првото така и со ова. Периодот од 8 сабајле до кај 12 или 13 часот пробува вкусови по неколку лажичиња. Првично почнав со зеленчук па после со овошни и давам еден ден еден вкус. Прво и дадов батат,морков,обичен компир,брокула,јаболко,банана,слива,круша,тиква,кајсија. Ни остана сега пченката на хип да проба. Со првото правев дома варев пустев и не ми се исплати искрено да земам да варам па да блендирам барем сега за почеток. Млеко давам 1 саат после вкусот колку испие толку па кога ќе јаде повеќе ќе и заменам цел оброк.
Овие инстант ориз, пченка и сл, се прават со вода, со АД или па со млеко тетрапак + вода, барем така пишува назад на кутијата. Пример за со вода, јас така направив на 100мл вода 2-3 супени лажици од оризот. Се сеќавам кога пробувавме вкусови со првото дете немаше проблем и го јадеше чист оризот, ова сега ни за проба не го сака чист. Инаку се меша со овошје пример за појадок.
Има назад на кутијата упатство, јас во 100мл вода ставам 2 и пол лажици од оризот. Денес исто од мулти греин 100мл вода и 2 со пол лажици. Плус додавам малку пасирана банана помалку од пола и цело го изеде. Иначе немаат вкус скроз се неутрални. За поручек се супер. Брзо и лесно плус ми ги сака.
Здраво, јас малку се изгубив во процесов со воведување оброк. Кога ќе воведам доручек, тоа би било нели овошје со житарки, кога и како внесувам нов вкус зеленчук и се тоа што би се јадело за ручек или вечера? Дали попладне откако веќе е доручкуван? Мојов е инаку јадач не застанува на три лажички, ми бара уште и вкусови пробување ни е уствари цела кашичка јадење (така е зборот)