Ви благодарам многу. Уште едно прашање. И правам домашни каши. Денес и дадов компир обичен, и го приготвив со вода. Така и го изблендирав. На некои рецепти на интернет пишува со млеко (мајчино или адаптирано), како правите вие? Исто и ме интересира дали додавате нешто на кашата? Исто на интернет видов путер или маслиново масло, што мислам дека не треба, Ама да прашам?
Ручек не сака ќерка ми, бидејќи е зеленчук, со месо, или само зеленчук, леќа, компир, ориз, спанаќ, совет што давате, и како да ја натерам да јаде ручек? Спремна е 6 часа да е гладна за кога си доаѓам од работа да цица, само ручек нејќе. Сум пробала и јаболко да и ставам, порано се лажеше сега ни тоа не сака. Доручек и вечера без проблем јаде, обично е житарица или млечен производ или инстант каша со овошје.
@Dimssi можеш и со вода и со млеко да мешаш. Јас со вода се сум правела. Маслиново и дадов по некоја капка кога почна да има потврда столица и да се мачи. Тоа беше накај 6 месеци 6ипол мислам. Сега кога само пробува немаш потреба од ништо, после како ќе додаваш и житарки и ќе мешаш повеќе намирници ставај некоја капка маслиново или масло од репка. Путер се воведува кога ќе воведеш млечни производи. @Alishan30 Да пробаш да и ги правиш по благи ручеците? Да пробаш некој ден без месо само житарка и зеленчук некој благ или зеленчук плус благо овошје малце. Пример батат, тиква додавај во ручекот. Да видиш дали така ќе јаде. Па постепено во некоја добитна комбинација да ставаш мевце. Исто штом сака млечни да пробаш грчки јогурт да додаваш? Тој е понеутрален. Или јогурт, кисело млеко. Пример боранија, жолчка (или цело јајце) и грчки. Пилешко, тиквичка, батат и грчки. Ова некои комбинации вака што ми текнуваат.
Не ги сака, а јадеше претходно. Батат обавезно ставав, тиквичка исто. Од млечни грчки јогурт и кисело млеко алпско. Се ми одбива моментално, и правена и готова каша . 9м е дали има шанси пак да ги јаде, во период нервозна е, како заби да ја мачат, најубаво и е да цица и течности да пие, домашно варен сок од јаболко и круша. И настината беше 1 недела, па одтогаш и ова почна
Тој период и мојата не јадеше баш. Заби, настинки, скокови, се има улога. Ќе смени пак, трпение само.
Чоколино има baby без шеќер е. Како со плава трака. Коментирам ако е некоја заинтересирана. Јас така какао воведов со неа Еве како изгледа А има и друго со шеќер што е
И така ми се падна уште едно бебе што бега од лажиче. Ми ја врти главата, нејќе. По некоја минута веќе плаче за да го станам. Сака да јаде варена брокула и ептен сака банана ама никако пасирана и нејќе да му давам со лажичка. Си глода и ја јаде. Се' тоа во ред, ама блв не ми е изводливо засега зашто му воведувам една по една намирница по еден ден. Од се' повраќа и се мачи, пример кога му дадов јаболче една лажичка, имаше мака со пролив и повраќање. Денес тиква, повраќање. Затоа сакам постепено. И шо можам да дадам по блв освен брокула, преварен морков и банана? Мафини уште не можам, цело јајце не сакам ептен на почеток. Дајте идеја. Ќе скренам со ова јадењево по втор пат изгледа. Големиот бар прифаќаше пасирано, сам шлакаше со лажичката и ќе лижнеше. Малово не... ај можда не е спремно, нема ни месец откако почнавме* *си се теши дека овој пат полесно ќе мине
Не сум сигурна дали сум во правата тема. Каде можам да најдам како се приготвуваат кашички, рецепти и слично?
Секоја овошка и зеленчук можеш да ги даваш. Симни си ја Solid starts апликацијата и има за секое како да ги служиш според возраста на бебето. Пример тиквичка:
Ако повраќа од текстурата тоа ќе биде додека јаде, затоа што ќе му се гади. Ако сам сака да јаде парчиња, тогаш нема проблем со текстура.
Муабетот ми беше дека од пасирано и блендирано може да му се враќа, додека од парчиња како парчиња не.