Јас претежно во ручек, со се'. Брокула, карфиол, авокадо, месо,... Го имам давано и со благи комбинации, јаболко, круша. Грав каков давате? Сакам и зелка да дадам, т.е. прокељ. И краставица сеуште немам дадено оти сме болни голем дел од времето па не ми се воведуваат нови додека е неарен. Со многу намирници доцнам...
Јајце кога воведовте, дали прво жичка или белка или заедно? Кога го давате ручек, доручек? Што прилог? Или само јајце?
Тој период нерви искинав, ништо живо не јадеше. Исто влечеше настинка по настинка, и намирниците кои дотогаш му беа омилени не сакаше ни да ги чепне со рака, камоли да јаде. Се стабилизира после 2-3 недели. Грав давам црн од тие веќе сварените. Што се мислиш за краставица, не е алерген, повеќе е вода. Давај рендана во грчки како додаток за цазики сос, или ако јаде парчиња со некој сос настрана.
Почнавме со воведување вкусови , сакав да прашам дали прво ги испробувате зеленчуците па овошјето или пример 3 дена зеленчук 3 дена овошје ?
Јас немам воведено, сега наредна недела ке воведам. Варено тврдо треба прво жолчка, во доручекот ке ја додадам, вака ми е планот: пон: 1/8 сре: 1/4 пет:1/2 нед: цела
Кажете лек како да почне да јаде парчиња. Кај нас мора да е блендирано. Ме нервира веќе. Пробувам од омилените намирници да и дадам парче..некогаш јаде, некогаш не. А има забчиња, значи ако укапира може се да гризе. Друго се што е играчка ќе стави во уста. Моја влечка ќе најде и ќе ја јаде, ама она што во чинија ќе и се принесе не и не. Ќе го фати и ќе направи некоја гадлива фаца. И ова со градењето веќе ми го прави некое време..ај што не јаде во последно време ништо, туку ако не и се свиѓа го чува во уста и после повраќа. Јас стварно не знам дали детево мое ќе почне да јаде некогаш ко што треба. Еве ја 8 ипол месеци. Сака каши со овошје и компир со говетско. Тоа е тоа. Додуша и говетско не сум пробала одамна, може па и ќе плука сега. Јас сакам да и воведам и вечера. А вака само во место стојам. Од се прави гадлива фаца, не можам ни нови намирници да дадам. Поима немам дали е период или не, ама на добар пат сум цел ден иста каша да и ја нудам се додека не почне да јаде и да не и давам млеко .
Веројатно е период. Бар кај мојот беше така до кај 9 месеци мислам. Затоа сега не можеме да го дораниме. Јаде и после мора да го земеме да продолжи и со нас. Ако јадеме на рати со сите седнува. Во градинка го носам доручкуван и таму јаде уште две порции
Може да е период. Ние имавме период кога не сакаше ни да седи во хранилка, исклучиво во раце и исклучиво легнат како бег, се некој друг да го храни. Најмало парченце ако имаше во кашата одма плукаше. Сеа еве го веќе 10 дена јаде се, седнат во хранилка и сам си се храни.
@јolene имам ист проблем за парчиња, само леб и смоки сака така, друго а осети дека е покрупно се прави како да се дави. А 10 месеци полни е. Јас имам и друг проблем, не сака во хранилка, мислам тој седи за тоа не е проблем ама кога почнуваме да се храниме тој ја пика главата надолу, ја јаде масичката пред него, се врти лево десно и никако не можам да го нахранам. И ме фаќа нервата го земам кај мене в скут и така јади. Знам дека не е решение што го земам в скут, ама толку многу ме иритира што баш тогаш прави глупости тоа е чудо. Дајте предлог нешто вие тука поискусни мамасити што би можела да направам да почне парчиња?
А кај мене не ни седи баш стабилно, ама тоа не е проблем. Кога седи на маса, со нас тогаш си игра и не се клати. А за јадење треба да се бориме. И ова само со нешто што не и е по ќеф. Дај и банана и авокадо, седи мирно и уште се кара, ако не си доволно брз. Ќе дадам и леб значи, само да почне да држи храна со раце. Путер не сака бе. Путер еј. Ја и маж ми секој ден јадеме. Исто ориз, на сто начини го спремив, не и не. Ни со кокосово млеко, ни со пиле, ни со зеленчук. Последно маж ми демек го спреми, ко од него ќе сака. Ахам. И се нервирам оти три пати на ден готвам за неа. Сто пати садови ќе извалкам. Само мијам блендери, а она плука. Некна паркетот проба да го гризне и нормално се тресна по нос, а храна никако да фати. И дадов вчера макарони од тие ко спирали во чинија, ко демек да фати, се гадеше еј од што ги допре. Купив дури и од тие бебешките ко смоки. А не ни планирам да давам. И нив не сака да ги да ги носи во уста, само ги фрлаше на под. И дадовме да проба и направи некоја фаца ко отров да и даваш. Јас дури и палента блендам, оти не ја јаде инаку. И купени каши не сака. Мора да е свежо. Абе ко ќе ми текне колку многу се радував да почне да јаде веќе храна. Ама да не се жалам до толку де. Има денови кога не може човек да ја нахрани. Само што не може да е само каши нели.
@Ceneva @јolene само време, ќе биде! Еден ден ќе станат од спиење и ќе речат, доста ја нервиравме мама, од денес започнуваме со парчиња Знаете до сега, не сте нови мајки дека има промени кои се случуваат преку ноќ. Форсирањето нема да ве однесе никаде. Трпение и нерви. Нудете често, ама не се нервирајте ако одбиваат. Значи дека не се спремни. За да им помогнете, јадете со нив. Јадете парчиња пред нив, со претерани фацијални изрази, џвакајте со отворена уста, плукајте храна. Monkey see, monkey do.
Јас со второво не се нервирам ич ако нејќи да јади, неколку пати одбива или ако не му е по ќеф само неколку лајчиња ќе касни со карање не готвам друго давам банана и ајт или цица. Друго не правам. Банана не одбива Уште е на 2 оброци. Оставам и некое парче во кашите за да се учи да јади парчиња, па се дави и така. А не, немам нерви поќе ги потрошив на првото (уште ги трошам оти ако не му ставаш в уста не јади дури сега почнува некогаш да јади сам). А шо дека јадеше се, јадеше сам на година, јадеше парчиња од 8 месеци, јадеше со прибор, седеше во хранилка до 4 год, шо дека сето тоа, ништо, се се менува, има секакви периоди, ама дур не ги поминиш ќе се нервираш. Па не со цртани да не јадел механички, па не ова не она, џабе све, ма и цртани ќе пушташ ако не јади, ако се молиш за касајче и оро ќе играш ако си некој ко мене што неможи да остави дете гладно ќе се зае*ава вака... Буквално те прај будала и знајш и пак му поддаваш в уста кое дете не јади компири пржени? Дали дте виделе!? Е па моето 5+ год компир пржен да не јади.. Бебе на 2 сати станува цела ноќ, шлајм има уште многу, се дави буквално, нз како да му помогнам и цела ноќ цица, се ме боли
Ти бе се изнамачи, што стресови изеде. Аман. Не било лесно да си мајка воопшто. На некако поткренато да го стајш да спие. На тие перниците за рефлукс што се ако знаеш..или крени му душек на креветче некако. Нека цица. Се утешува и му помага така..издржи уште малку, ќе му помине. Да можеш преку ден да прилегнеш малку, да одмориш. Остај ги да ги чуваат, да можеш вечер да го гледаш.
Знам дека не е за оваа тема ама да се консултираш со педијатар за инхалации со Атровент малку да го исушат секретот, те читам некое време се измачивте . Моево на 3 месеци така се разболе со кашлица и доста секрет имаше.
Знаеш како убаво јадеше и одеднаш почна да изведува дур јаде. Да ја гризи лажицата и да не ја пушта. Не форсирам парчиња. Давам тоа што сака лепче, смоки од парчиња. Многу е смешен сув леб јаде Повеќе препишувам на тоа забите што го мачат тоа што со молење јаде. @lackygirl а друго јадење ни јас не нудам. Тоа што сум спремила тоа му е. Колку изеде толку. На крај солидно ќе изеде или и се што сум спремала, ама е со молење и повеќе од пола саат се храниме. А кога ќе се сетам колку убаво и брзо си завршувавме оброк. Како си отвараше уста без проблем. Се надевам ќе се врати на старо
Мајки давате ли на бебе нешто да грицне ако седите на маса и има јадење? Преска бевме на викендица и јадевме домашни мекици мајка ми без да видам ептеен малку му скршила да држи и да лизне, шмука што и да прави. Јас ја искарав, а бебе правеше мммммм инаку ќе полни 8мес за 5 дена