Нема гајле од толку ништо не му е. Јас некогаш давам така да пробува ако нешто јадам, ептен ретко . Едно касајче. Бара со раце трга моево за да јади и ако не му давам на празно си џвака хаха
Здраво, ние почнавме со вкусови. Утре планирам да и дадам морков. Е сега ме интересира откако ќе го сварам и изблендирам, колку време може да стои, бидејќи имаме обврски за излегување, па ме интересира тоа.
Да,редовно ми доаѓа на маса кога јадам најчесто добива залче лебче,а ако ручаме сите а тој е веќе најаден му давам смоки да грицне.
Свари го изблендирај го и дади 3-4 лажички и излези толку . Не мораш во текот на цел ден да даваш да пробува
Одложи го пробувањето морков чим си имате работа, земи му готова каша од јаболко ако веќе пробал тоа.
Да се надоврзам на муабетов и ние почнавме со вкусови , дали даваш секој ден исто време вкус ? Да не правам јас грешка
Обично гледам да е на утро прво пие млеко, па по некое време дремнува малце, па кога ќе стани и давам вкус, па пак давам млеко. Не давам секој ден во исто време, пробани вкусови давам и покасно. Кога има нов вкус давам порано, нели да ја следам за во случај на алергија. И јас не знам дали правилно правам.
Да и јас така прво млеко па зависи ако гледам дека му се спие после спиење давам вкус ако не му се спие пред спиење
Воопшто никакви житарици немаш воведено? Семолината може,таа е баш за почеток. А со кашава да почекаш малку,мислам дека е микс од житарки а можеби има и глутен,кој се воведува 8+
Давам само тоа што смее да го јаде пример лепче и сл. Тоа што не сметам дека треба не давам и никој друг не смее да даде. Блиските не ни пробале зошто знаат дека ми никнуваат рогови за секунда, ама некни другарка на сестра ми без да праша зема брцна пластично лажиче во шеќер и се залета да му даде да лизнел. Викам ееееј што правиш? И ме гледа кисело, што праам? Викам немој не јаде шеќер. И направи една фаца као како бе не јаде. Се почесто наидувам на коментари од анонимуси во маркет и сл. Да му дадам, да му скршам. Демек старата народна ги гледал, да не му било нешто. И кога ќе кажам мал е не јаде тоа ме гледаат како да сум убила човек.
Здраво мајки, дали сте им давале на вашите бебиња од хип оризот во прав ? Како го подготвувате ? Сега и спремив како што пише во упатството ама нешто не ми е ок многу густо ми излезе и лепливо страв ми е да и го дадам такво…
Мајки, може ли некоја да ми пиши како го приготвувате телешко со ориз и зеленчук, сега го варам месото и потоа што прво додавате и како , ке ставам кромид, морков и малку Лук да да прашам што прво варите прв пат ке му правам
Го ставам месото, кога е на пола додавам зеленчук,ориз се вафи се на тивко заедно, после или пасирам или блендирам зависи што имам ставено.