Имам воведено ама гледам овие се со глутен.Фала Може да дадам печен батат со грчки јогурт или подобро е со палента?
5+ дадов јас Купив удра денес од кам со палента се мислам да ја дадам ама утре, за 2 недели е 8 месеци. Телешко денес набавив, сварено е, ќе го замрзнам и да проба и тоа.
Јас телешко воведов 7 само што направи, денес и едно лажиче грчки јогурт му дадов. Битно јајце уште недадов од што забравам насабајле
Ајде утре јајце, не се плаши како и се друго е сепак денес урдата помина со јајце варено и палента му ја дадов, ја бендиса комбинацијата
Ајде да си ве прашам неколку работи 1. Колку пати во неделата се дава жолчка, месо, мешунки? 2. Кои работи не требаше да се мешаат? Калциум со железо знам, ама негде како да ве прочитав дека и жолчка со месо во ист ден не се дава заради протеин..? 3. Дали секогаш останува оној сооднос 1:3 житарка овошје доручек и 2:3 млечно житарка вечера? 4. Има ли колку макс гр треба да изедат? Мојата варира, некогаш 100гр ќе изеде, ама некогаш и 200гр и не знам дали треба да имам повеќе направено, дали е во ред повеќе од 200гр да јаде? 8м е бебе
Зошто не воведуваш нови намирници кога е неарен? И ние сме настинати а планирав да и давам месо денес (телешко прв пат) да одложам или?
Искрено, страв ми е. На сета мака да не му се направи од нешто неиспитано па и плус алергија. Тоа ми е логиката, може грешам.
Јас цело време така практикувам. Варам одеднаш поголема количина и делам во теглички мали и вадам по потреба.
Здраво сакам да ве прашам, почнавме со вкусови, до сега има пробано: морков, компир, батат, слива, јаболко, круша. Планирам да проба наредно: брокула, тиквичка, банана, ориз (на хип), пченка (исто на хип), авокадо наредно и кајсија. 1. Кога да почнам да и мешам вкусови? 2. Кога се воведува оброк, таа и сега сака многу да јаде, јас и давам по 2-3 лажичиња, ама мислам дека би јадела и повеќе. 3. Дали оризот од хип и пченката да ги дадам чисти или да ги измешам со нешто?
Можеш да мешаш стар со нов вкус. Постепено зголемувај количина но да не надмине 125г или една мала тегличка. Оброк воведуваш после 4 недели од пробување вкусови. Оброкот е житарка+овошје/зеленчук Секако дека можеш да мешаш ориз/пченка со овошје/зеленчук,јас никогаш не сум ги дала чисти.
Не грешиш. И јас никогаш не воведувам нов вкус кога не е добар. Ако се јави осип нема да знам дали е од храната или вирусот.
Палента која ја користите ? И со што ја давате , сега почнавме со вкусови па педијатаров кажа кога ќе почнеш да ги мешам вкусовите да додавам палента ориз и просо , па совет како ги комбинирате ?
Таа од ДМ. На почеток дур беше помал и немав воведено млечни производи ја давав со секакво овошје и зеленчук. Сега ја јаде и со грчки јогурт, урда, во мафини, проја итн. На почеток 1 лажица вариш во 100мл вода и така сварена ја мешаш со блендирани/пасирани овошје/зеленчук.