Да не ме сфатите погрешно, но потрудете се да варите и давате домашни каши. Едно резне јаболко се вари 10мин. Вкусовите се мноогу различни од готова и домашна. Моето е 8мес еве уште нема пробано кајсија пример. Давам тоа што има јаболко, круша, банана, суви сливи, праски имам замрзнати исто и вишни. Особено па зеленчуковите готови каши миризот и вкусот со домашно сварен морков НЕМА ВРСКА. Само мој совет и мислење
Моево не сака јогурт, павлака, се кисели кога пробува. Иначе давам сезонски јас, плус авокадо 1 неделата и банана секој ден праски си ставив летото во тегли уште не беше роден (што ти се вика искуство се шалам малинки, вишни од двор замрзнав ги јади од 6 и пол месеци. Сега аронија планирам да му воведам и таа ми е домашна од кај мајка ми, замрзната. Јагоди имаме посадено, лани многу имаше се надевам ќе раѓаат и годинава па да си крка бебе свежи домашни. Немора 3 дена исто, ако веќе сакате бар 2 нека се, јас ни на првото ми на второво не му давав така, само по 1 ден, се по 1, дури и јајце така, немав проблем со двајцата. За 2 дена можеш во фрижидер, ама прво подели ја кашата во 2 теглиња, да не се меша лажица со плунка бо неа бидејќи можи да се расипи.
Хаха си испланирав се пред време, ама 2ро дете Едит: Имам и патлижани од најубавите во тегли ставено, лани имавме премногу. Денес му дадов прв пат патлижан да проба
Ее фала ти на одговорот Да, треба да се следи бебе. Јас мислам од одма треба сѐ точно да се знае, ништо да не се утне, а не е така. Најмногу ми беше тоа со протеините, да не направам некоја беља.
Дали мислиш на црвена леќа? Ако е од црвената може. Другата кафеава/зелена може околу година да се воведе. Јас имам прашање околу кравјото млеко. Заради тргнување во градинка морав да му дадам дома да проба,па му дадов на следниот начин ,прв ден 50мл млеко 150мл вода со гриз и овошје, втор ден 100мл млеко,100мл вода и трет ден направив само со 200мл млеко. Е сега,тоа му давав за појадок а во текот на денот,се до вечерта после вечера се случуваше да поврати по еднаш два пати во денот. Бебето има 9м и баш не се сеќавам кога последен пат повратил,не сме имале некој проблем со повраќање. Дали повраќањето може да е последица од млекото? Според мене е мал за кравјо млеко на 9м,дадов само за да проба заради градинката,планирам да го избегнувам барем до година.
Како беше повраќањето? Син ми е со алергија на млечни производи и кога проба, а не знаевме, повраќаше баш во млаз, не е како бљуцкање.
Па не беше некој млаз,ама имаше поголема количина од бљуцкање. Првиот ден мислев е обично бљуцкање, вчера вечераше јогурт со овесни,мирисаше на кисело она баш повраќаница. Мислев од јогуртот е. Денес исто, после 20тина мин од вечерата поврати дел од вечерата,ама не го фатив во истиот момент,од после приметив.
Po koj redosled pocnavte da voveduvate drug obrok? Nas prv ni e rucek odnosno stanu cica,prespiva, pak cica pa posle davam cvrta hrana ,i toa e docna za dorucek veke e rucek.Dali da davam od sabajle koga kje stane ili da pocnam navecer da davam cvrsta hrana,pa od koga kje vovedeme vecera da vovedeme i dorucek?
Мајки кога воведувате ручек, новите вкусови пак ги давате само наутро со доручекот да се прати за реакција?
Пробај уште неколку пати во помали количини. Кај нас симптомите се јавуваа еден час после јадењето, и траеа скоро цел ден.
Не, доручек си давав како што си давам житарка + овошје, а ручек варев зеленчук од тоа што има пробано комбинации.
Извини не те сфатив, ако воведуваш нов зеленчук, млечен производ и сл. го даваш со ручек? За овошјето и житарките јасно, ќе си биде со доручекот сабајле.
Јас давам ново до кај 14 часот на пример. Некогаш е со ручекот, некогаш со доручек. Сметам ако има реакција, секако ќе се примети до кај 19, кога ја спремам за спиење. Ако има опасна реакција, секако се случува одма. Вака или така, ако недајбоже биде нешто, ќе морам на итна, пошто кај педијатар џабе би одела во тој случај. Ако не е ништо страшно, да е само црвенило околу уста, на газе, ќе помине за ден два.