Форумџика на годината

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Да директно на ручек. Искрено само пазев на јајцето и киселото млеко, на зеленчуци не
     
  2. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.013
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    18.802
    Дали во секоја вечера ставате нешто млечно? Или општо секој ден,еднаш днсво да дадете во некој оброк млечен производ?
     
  4. Dimssi

    Dimssi Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво, поминавме голем дел од вкусовите. Сега сакам да и воведам појадок. Имам неколку прашања.
    Дали појадокот да се состои од овошје плус житарка?
    Што давате од житарки освен ориз, пченка?
    И доколку сакам да воведам нов вкус како да го изведам тоа, со оглед на тоа што ќе појадува, а сепак треба да проба нов вкус?
     
  5. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    79.864
    Пол:
    Женски
    Киноа, овесни, амарант, хељда, палента, просо, пченичен гриз, спелтин гриз секој ден со различно овошје. Нов вкус давав кога и беше доручекот, секако давав по 3-4 лажички. Сега со второто ќе видиме како ќе тераме ама мислам исто како и со првото.
     
    На firequeenn и Dimssi им се допаѓа ова.
  6. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Каква урда и павлака давате мајки ?
     
  7. annamommy98

    annamommy98 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2023
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Мајки кога дадовте прв пат спанаќ? И како го подготвувате?
     
  8. Dimssi

    Dimssi Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Пред или после појадокот? И дали едно по друго?
     
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    6.905
    Јас би дала прво доручек и ручек а најпосле би вовела и вечера. Така терав со првото. Ама сепак води се спрема апетитите на бебето. На пример ако не ти спие навечер може е гладно и не му држи ситост ручекот па си бара.
     
    На Bjanki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.220
    Допаѓања:
    880
    Коприва како да замрзнам?
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.383
    Допаѓања:
    24.996
    Пол:
    Женски
    Исто како спанаќ, ќе ја свариш во вода малку и замрзни ја.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    79.864
    Пол:
    Женски
    Зависи кога ти станува малото. Мојата стануваше во 6 сабајле, ќе дадев нов вкус затоа што давав колку да го проба, па после мала пауза доручекот. Води се по малото кога станува, кога му се дремките и ќе можеш да фатиш ритам.
     
  13. MisDila

    MisDila Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2024
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Дали се дава карфиол на 5+ да проба? И дали по стандардно како за другите зеленчуци, варење, пасирање?
     
  14. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Моето е 8+ јас уште немам дадено карфиол зошто сметам дека е непотребна намирница.
     
  15. sandza

    sandza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2019
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Урда несолена од продавница за млечни производи, павлака нема потреба според мене. Дадов кисело млеко и јогурт.
     
    На no name5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dimssi

    Dimssi Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Моето доцна станува и со тоа има проблем. Станува околу 10 часот, се случува некогаш и порано, ама сепак не многу рано. и таман да испие млеко, па појадокот ќе ни дојде околу 12 1. Не знам со тоа како да воведам ред.
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    18.802
    Лелее појадокот во 1,па некои бебиња во 13:30 имаат ручек :)
    Прво помести го времето на легнување,штом станува во 10,значи легнува после 22 часот навечер. Ако го легнеш порано,порано ќе стане. Доколку е потребно буди го и ти.
    Моето станува околу 7-8 и појадува околу 8и30-9.
    Откако ќе стане не му давам да цица,последно цицање му е околу 6-7.
    Според мене не треба да му даваш млеко пред појадок,но нека кажат мајките што даваат ад каков распоред имаат.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    18.802
    На 6ипол месеци дадов карфиол,да исто како другите зеленчуци.
    Јас купувам едно парче,обарувам и замрзнувам во фрижидер па по потреба си ставам во кашички.
     
    На MisDila му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dimssi

    Dimssi Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Во 8 часот легнува, ама после 4 скок се се испомеша. Станува во 1 часот за млеко, па во 5 пак. Со секое станување по 40тина минути е будна. Откако ќе јаде во 5, станува во 9-10. Имавме многу убав распоред, но се 4 скок се се измеша. Не знам како да го средиме тоа.
     
  20. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Јас имам сличен пример со големата ќерка кога веќе цицаше во 22ч навечер па во 4ч наутро и следно се будеше во 10ч почнав дирекно на појадок да одам оти ако дадев да цица се поместуваа оброците некако покасно. Тогаш со неа воведов појадок па вечера па ручек. Сега со оваа ќерка сме само на појадок сеуште. Ќе си земите некој ред со тек на време.
     
    На Dimssi му/ѝ се допаѓа ова.