И ние сме уште на ручек и доручек ама секоја вечер вика амм и не гледа како јадеме а само цица навечер не сакам АД. Уште малку правиме 8м,да доведам и вечера нели?
Моето само што наполни 8, јас давам доручек накај 10 30, а ручек накај 18. Тоа всушност и како вечера ќе му дојде, но планирам барем уште месец да терам вака освен ако покаже нешто дека му е малку. Инаку на АД е
Јас гриз обичен со глутен на 7 месеци дадов, иначе да купечките инстант кутии ги мешам сите со овошје обавезно. Моево покажува интерес за парчиња, мене уште ми е страв. Денес кифле кога зграпчи не го пушташе па се изнаплака ко му го зедов, па малку му дадов го изеде.
Не, жолта е. Така и пишува. Само таква имаше во моментот, па ја зедов. Реков ако не може на бебе, ќе ја изедеме ние. Јаболко немој никако. Читав дека е еден од најголемитe choking hazards ради текстурата. Мора барем да е омекнато на пареа.
Јаболко ако е цело нелупено неможи да касни, ама парче не давај свежо, малку варено да. Јас со банана почнав со парчиња оти таа се лизга и неможи да се задави. Тука ни се бебушките моево на 16ти 8 месеци прави. Во план сум риба да воведам ама кој ќе праел супа на првото на 8 месеци му дадов во супа, др се ми е воведено освен благо млеко.
Да,лупена Моето на 17ти прави 8 Немам јас воведено ни жолчка уште,ниту глутен.Некако ми беше страв од реакции. Месо пилешко и телешко,утре ќе дадам мисиркино.
На 7 месеци. Ориз, спанаќ месо. Просо, брокула карфиол морков месо. Компир, зеленчук оној златна мешавина и месо. Само ориз/компир и месо. Го мешам со сите можни зеленчуци.
Супер, ќе почнам и јас утре, само да купам. А кажи ми која грамажа ја користеше за 7м и дали го вареше па пасираше или на друг начин го спремаше?
Ние домашно телешко купивме, цело парче и мм му ги сечеше по околу 50гр. да се не варени, кога ке се свари се намалува грамажата. Јас му го варам до зеленчукот на почеток во сецко или во блендер, сега некогаш дробам на ситно ептен да може сам да јаде, а некогаш блендирам, зависи со што го јаде. Јас телешко воведов, и во листата што ја имам телешко пишува. Пилешко не би вовела освен ако не најдам домашно до година и повеќе. Тоа се наклукано е со прашак. Ако сакаш да воведеш можеш од готова каша. Јас така планирам здравје и пилешко и мисиркино. Ако најдеме домашно да купиме ќе јаде ако не је дадам за проба и толку.
Јас прво пилешко дадов, домашно петле од кај дедо ми, цело сварено па го разделив и го замрзнав. Исто и телешкото цело сварено и замрзнато. Ги ставам во зеленчукот на крајот и блендирам, пилешко домашно не се џвака, јас неможам да го изџвакам, многу е тврдо, нема шанса бебе да го јади не блендирано. За телешко немам пробано на парчиња. Иначе кромид моево не поднесува, ни млад ни стар, многу грчеви има, со плачење ноќе и виткање. Не давам некој период сега.