Јас имам воведено само пилешко од домашен петел. Жолчка цела давам веќе 2 пати со палента многу му се допаѓа. Телешко додека не најдам добро не воведувам.
Да, често ја комбинирам со овошје. Ние глутен воведовме на 7 месеци ако добро се сеќавам, така да слободно можеш. Кога преминавте од каши на парчиња? И како?
Јас немам целосно преминато ама давам палачинки често. Некако најсигурна опција ми се. И лепче потопено со јогурт сум дала, пржено лепче со јајце, банана леб, такви меки работи. И омлет исто можеш. А ако некој има добар рецепт за палачинки со зеленчук, споделете ве молам.
Бела пастрмка на пареа и на парченца bite size. Сега јаде пастрмка, лосос, ослич исто на пареа или печена. Ако сте на блендирано/гмечено можеш да ја свариш на пареа и со зеленчук во блендер или да пасираш.
Што можам да и дадам да грицка, а да не се вадам од памет дека ќе се удави? Давам некогаш смоки и лебче, ама сакам веќе да почнам и нешто друго. Што е безбедно за почеток? Дали варено или свежо?
Мајки сте давале ли во air fryer готвено? И дали може всушност да му зготвам во него. Мислам на месо и зеленчук
Здраво, бебушот ми е 5++. Имаме пробано голем дел од вкусовите. (Јаболко, круша, банана, кајсија, слива, морков, компир и обичен и батат, брокула, тиквичка, ориз, просо....) Сака да јаде и повеќе од неколку лажички, дали да и воведам оброк? Ако да, доручек да и воведам прво или?
Здраво ме интересира дали замрзнувате брокула, месо и слично, но како? За месо прашувам за подоцна, сега имам брокула повеќе како би можела да ја замрзнам?
Брокулата ја чистиш и делиш на парченца, ја бланшираш 3-4 минути, ја сушиш и замрзнуваш. Месото поделено на парчиња од околу 50тина грама, вариш и потоа ставаш во теглички со дел од течноста и замрзнуваш.
Не е задолжително со дел од течноста. Мене ми беше згодно така бидејќи зеленчукот го правев на пареа и за да не додавам вода во кашата го користев бујонот.
Која грамажа на оброк е доволна за 11 месечно бебе? Детево е вечно гладно, јас не знам дали уткаме во грамажата или стварно си сака да јаде повеќе. Има 3 оброци, наместо ужина или цица или пие ад. Ама кога и да седнеме да јадеме, мислам дека колку и да му давам, тој ќе си јаде, нема да одбие храна никогаш. Уствари не знам дали е недонајаден или е само гурман.
Убаво е со течност, бујон, ко ќе олади како желатин се прави и е здраво за коските, јас петлето така го замрзнав оти имаше, а телешкото ми е без течност. Секое е различно, води се по него, ако сака да јади давај. Пробај зголеми грамажа. На крај скоро секое дете има период кога нема да јади, дури јадат давајте да ми памтите збор
Доручек прво. Сега пробај да воведуваш полека житарици. Пример понуди палента со јаболко, или инстант житна каша со било што. На почеток можеш една овошка, а потоа комбинирај. Внимавај на бананата не мораш да ја ставаш секој ден зошто може да прави запек.
Со што ја даваш рибата? Моето е 9 месеци, јас му давам оброци по околу 200г. Речиси секогаш се изедува