Каква палента давате? И каква инстант житна каша? Исто ме интересира кога би давала нов вкус да проба, како да го изведам тоа со оглед на тоа што ќе има доручек?
Има инстант житни на Хип, Холе. За нов вкус, можеш да му искомбинираш пробана намирница со нова, во појадокот.
Пред некој ден дадов прв пат грчки јогурт, после неколку лажички од што беше испомачкана целата околу уста, се исфрли црвена беше, ја намачкав со крема за кратко го снема. Дали значи дека е алергија? Дали да пробам после некој период пак да дадам?
Какви овошки користите кога не им е сезона? Не знам дали е попаметно да земам јаболко од пиљара (дека прскани) или кашичка од холле, хип. И друго за понатака, малото има атопичен дерматит на лице, избегнувам млечни производи и гледам подобрување бидејќи е само на доење. Па ме интересира ваше искуство, дали сте давале млечни производи и дали ви јавило реакција? Бидејќи гледам некои деца се алергични па ме фаќа страв дека нема да може да внесува млечни производи.
Палента од Дм, житна каша на Hipp. Нов вкус ако е овошје давам директно во доручекот, за зеленчук чекав до 7мес кога почна со ручеци.
По дефиниција не мора да значи, може да пробаш да дадеш повторно,но областа околу устата да ја намачкаш со кремче, чисто да видиш дали ќе има повторно реакција или не. Исто како погоре, во теорија не би требало доколку е само на доење дерматитот да е од млекото. Обично алергијата има поизразени симптоми, посебно кога е на доење, ќе има течна лигава столица, грчеви, рефлукс.
Се случувало да има лигава столица, рефлукс фала богу нема. Но исто така многу се лигави, запчето го мачи, па не знам дали е можно од лигавењето да има таква столица.
Најсигурно ќе знаеш кога ќе започнете со воведување цврста храна, до тогаш доколку е на доење избегнувај млечни производи. После 6 месеци може и тест за алергии преку крв да се направи.
Здраво, има ли некој список или табела како се воведуваат првите кашички кај бебето, пример почнувам со тиква потоа што, не прашувам само како идеја туку и што смеам а што не. Бебето ми е 5,5 м. Компир кога, ориз, како да биде подготвен... фала
Здраво мајки кога почнавте со вкусови? Матичната ни закажа за после празници бебка тогаш ке биде 5++ па сум во двоумење да не е предоцна. Минатиот пат ни рече пред 5 месеци ке почнеме, сега поинаку.
И мене ме интерисраат листи со намирници со што се почнува што како.Може некој да прикачи ако имате не сум во мк ..
Благодарам, еве и уште една најдов сега во постарите постови, колку е точна не знам... имам и од педијатарот напишано, ама може тоа тоа тоа од 5 до 7 м... и затоа се бунам...тоа се два месеци.. и на пример банана жива или...
Според мене готова каша, за тоа што не е сезонско. За дерматитот, и бебе има, ама не сум приметила до сега да се влошува од млечни производи (си јаде јогурт, кисело млеко, павлака).
Здраво мајки. Го прочитав секој пост од новата година па навака. Па решив да прашам. Дали некоја од мајките има започнато со пробување на вкусови во 4от или пред 4от месец? Доколку има, Ве молам за искуства. Бебе е скоро 4 месеци. Матичната вели да почнам со вкусови од 4полни месеци. Дека е на АД, и бара многу повеќе млеко од пишаното на кутијата и се гледа дека не го држи сито. Единствено што придонесува е да се дува само. Имаме скоро 8кг на неполни 4 месеци. Можеби ќе наидам на негативни коментари, но морам да прашам. Живеам во град каде има само 2 педијатри и со 2та имам лошо искуство па консултација со нив не е во план. Ви благодарам
Почекај да направи 4 месеци. 3 месеци сепак е многу мало. И една недела да е во прашање почекај сепак мало е...
Издржи, промени млеко ако треба ама почекај 4 месеци, пред тоа педијатар ми кажа дека бебето нема доволно ензими да ја преработува храната... и истражувањата на интернет исто кажуваат после 4 (зборувам за релевантни извори)...
А што се очекувањата на матичната, дека каша со јаболка ќе го држи сито? Не сфаќам дали се води по логиката дека ќе се залажува со кашите, еве стварно не знам. Намирниците кои заситуваат не може да ги дадеш на бебе со нецели 4 месеци. Не знам како би можело АД да го подува, а да не го држи сито. Со колку кг се роди?