Па нормално. Пред 10дена наполни 8мес, а јас купувам алишта 18-24. Од јануари наваму носи 5ка памперс. Јас сум висока, маж ми 190 и нешто. Бебето си е целосно големко таков ген си носи што не значи дека нон-стоп вака ќе расте, може после година да стагнира. Бевме и на ортопед на 6мес кажа пораснат е како за година, но се е во ред. Не знам педијатрите зошто ги третираат сите деца исто кога сите сме различни
Во градинка има доручек, ужина, ручек, ужина. Потоа го земам, дома му давам млеко, па околу 19:00 вечера, и околу 10 пак млеко. Имаше уште едно млекце рано пред да оди во градинка, но ми го исфрли тоа. За викенд му давам млеко наместо ужинките во градинка, не знам дали е тоа правилно но сеуште ми е мал за две ужинки.
Да можно е да се гени во прашање, зато не треба да се споредува, може е високо, не значи дека е дебело. За јадењето не мора да значи дека им е од млекото, внука ми до 2 години се јадеше, се разболе од некој грип и еве до ден денес, 10 години е, компирчиња, млеко и пица, само тоа јаде. Не мора да значи дека тоа што го правиме сега е пресудно, понатаму во животот има уште многу разни ситуации
7-7:30 будење и млеко 8:30-9 доручек 10-10:30 дремка и малку млеко колку да заспие 13-13:30 ручек 15:30-16:00 млеко и дремка 18:30-19 вечера 20:30-21 млеко и спиење
Мајки, почнавме со вкусови пред околу 3 недели , веќе сме скоро 6м. Сакам да почнам да давам вода по малку. Каква вода давате ? Превриена ли ? Секако ќе биде купечка, и по колку мл смеам за почеток ?
Ме интересира уште нешто. Бидејќи доручекот е само овошје со нешто житни измешано. Дали за ручек кога ќе се воведу можи да не сака зеленчук? Обично велат дека се почнува со зеленчук, дека овошјето благо ќе го засакаат. Ама па не може за доручек зеленчук. Кога пробувате нов вкус, тоа е наместо појадокот или појадок па нов вкус?
Вода купечка користам било каква сите се исти штом се во пластика која е правена од нафта ама ај да не е од чешма бар до година, плус имала многу женски хормони (пластиката) така ми рече доктор гинеколог од Хрватска, јас на големиот му давав купечка до 4 год, немојте од пластика ми рече. Ова што ми кажа тој нз колку е се точно не сум читала. Иначе се дава од одма ко ќе почниш со вкусови, од прво не сакаат ич да пијат, тек сега на 8 месеци пие можеби 60мл денот. Што мислам дека е малку, ама па си цица и затоа не форсирам.
Јас прво почнав со зеленчук па со овошје и само не сака кајсија, брокулата ја обожава . Со оглед на тоа дека веќе имаш воведено доста намирници за појадок за ручек ќе воведуваш по 1 намирница секакк би давала накај 13 часот или 14 ручек па не би било проблем. Прво ги даваш сите вкусови па после воведуваш оброк.
Да да, тоа што смее имаме воведено, има пробано. Сака и зеленчук и овошје, си ручка. Нема да и е многу и појадок и вкус на кај 14 часот?
Епа зависи кога даваш појадок. Јас давам 8 и 30 или 9 часот сабајле. Рачунај дека понатака треба се да поместиш ќе треба да има доручек,ужинка,ручек,ужинка,вечера. Ако трга од 9м во градинка таму сабајле во 8 даваат доручек па во 10 ужинка и во 11 и 30 ручек после 14ч даваат пак ужинка.
Како го приготвувате оризот на хип? Досега два пати имам правено спрема упатството назад, два пати има грутчиња мали.
Ставаш повеќе ориз. Рамна супена лажица и 50мл топла вода јас ставам, прво оризот во тањирче па водата.
Дали користите некакво брашно? Би сакала да и правам палачинки/мафини со некое брашно наместо со овес.
Имаме пробано јаболко , круша , банана , праска , авокадо , компир ,тиква , морков , тиквица , брокула и багат . 4+++ сме Е сега треба да почнам да ги мешам и да додавам ориз , палента и просо .. Тоа значи дека треба да му воведам оброк ? И дали со овие намириници терам до 6 месец бидејќи гледам на тоа листата од 6 месец се други намирници Целата сум збунета
Се со се оди бебиња се и незнаат за вкусови како ќе му даваш така ке јади (ако е јадач). Ако сакаш оброк да почниш прво со инстант ориз почни, него го правиш со вода, во него додаваш банана пример, па др ден круша. Јас во тегле си ставав од купечка каша за да знам колку јади, прво пола тегле јадеше па цело. Некогаш зеленчук, пр компирот и тиквичка без житарка. Тоа што имаш во моментот дома. Брокула еднаш дадов имаше гасови мн, дадов пак и пак имаше и не ѓу давам, не е крај на свет ако не јади брокула. Пашканат, карфиол не дадов, не ни планирам, не го користиме дома, што дека ќе проба ко не готвам со нив. Опушти се и уживај во процесот, не да ти прави стрес.