@Carolin. @atz1995 Јас 2 дена давам вечера, цело пајнче го изеде, мојов гладен изгледа бил. Сношти гриз, малку какао и банана му дадов (омилен оброк му беше на брат му). Официјално воведен 3 оброк. И на првото на 8 му почнав со вечера. Пред ова банана му имав дадено некоку пати ко вовед да му дојди. За 1 месец на работа сум па мора да јади 3 пати, најверојатно ќе има и ужинка еднаш денот кога ќе почнам, па кога ќе сум дома ќе цица, млеко благо не планирам да давам, ниту АД. @Larea исто беше и моево, прво вкусови ко пробуваше со мерак пробуваше со шмукалче, ко почнав со лајче и демек оброк ич нејќеше да јади, така можи 2 недели па почна да јади, сега машала се јади. Палента не му е омилена и на моево ама ја јади, не секогаш ама ја јади. Пробај пасирано, пробај со шмукалче, од оние ко цуцла што се со дупчиња.
Да следно тоа ќе земам друго се мислам и забите да не се пошто образите му се овие два дена жар црвени… ама ајде ваљда ќе си пројаде пак. @Anngelss ако мислиш на тие цуцлите силиконски за полнење има во ДМ видов и не знам по аптекиве дали ги има.. А за шмукалчиња зборев за овошно пире на Хип што се во ќесички по сите маркети и аптеки
Мене ми е купено пред 5 год за првото дете од Еурофарм мислам беше, но со него воопшто не го искористив, само пробав и не го сакаше, со 2рово со ова почнав со вкусови, супер го прифати. Види по аптеки мора да има
Здраво утре планирам да и дадам тиква, но купечка на хип, имаме обврски па мораме нешто брзински. Со што да ја искомбинирам? Имам и житни каши, и просо, палента.
Парчиња, тогаш дека почнував пред 5 месеци, банана, круша свежи во парче, јаболче варено, тиква варена, можи и компир, тиквичка варени, морков, се можи.
Како ги приготвувате оброците, вкусовите, јас почнав со купечки, ми беше страв да не згрешам, но сега сакам да почнам да и правам, пример тиквици, или компир, само ги варам и пасирам со малку од водата? Или со млеко на ад сме? 5 +++ сме
Јас со водата што се варат давам или пасирано или блендирано зависи што јаде. Дојам, мене прекомплицирано ми беше да се измолзувам па да правам јадење. Немам толку време @atz1995 воведувај вечера, јас денес му понудив готова каша од хип да видам дали ке јаде тој 90% ја изеде и тоа од тие големите. Давајте идеи за вечера, тек сеа ке сум цел ден во кујна
Млечно треба да е вечерата. На првото му давав палента со павлака, со јогурт... Гриз, какао, банана / јаболче... Попара со млеко и бисквити (од ко воведов млеко) Др не ми текнува. Тоа вртев во круг... Давајте идеи другите што имате вечера
Какво какао даваш? Обично дома што пиеме или некое друго? Ке му ставам сабајле за проба во доручекот. И дали давате двопек? Јас кадам па не знам на бебо дали може да ми дадам
Јас давав пред роденденот ова бидејќи не знам колкави сте и што се имате пробано, некогаш бејби чоколино, без шеќер што е. Купечка каша ноќна. Гриз со банана, малку ад и путер од кикиритки, ова веќе баш пред роденденот. Лебче и кисело млеко. Тиква печена со Ад плус цимет. Проја мафини, со урда и грчки јогурт.
Кога веќе спомна за купечката ноќна каша, да те искористам. Дали мора да има пробано сѐ од млечни производи за да ја јаде, бидејќи нели има млеко? На доење е цело време, од млечни само грчки јогурт проба пред некој ден ама стопирав бидејќи исфрли околу уста.
Zdravo na site, dali nekoj ima lista na namirnici za probuvanje spored vozrast za da mi ja isprati? Vi blagodaram