Да,можеш двопек само види ако најдеш без сол. Какао имам купено до Дм Био од тоа му ставам по една мала лажичка. Идеи за вечера: Палента со јогурт/грчки/кисело млеко (некогаш и жолчка) Тарана со горе наведените млечни Гриз со какао Просо банана какао Просо ,грчки јогурт брокула Палента со тиквичка Овесни снегулки со јогурт и банана Палента со јаболко и цимет Имам купено и од кутиите со јаболко и сливи од хип,некогаш и тоа му давам Мелен ориз со тиква Кус кус,морков и грчки јогурт... Деновиве планирам да почнам и со мафини,палачинки,такви работи.
Здраво Дали треба прво да воведам глутен и млечни производи ( само грчки имам дадено) па потоа жолчка или тоа нема врска Инаку сме 8м. Матичната ми вика да дадам ноќна каша на хип,онаа со банана и какао ама како кога е со млеко. Како давате вие?
Млеко кравјо, јас малку дадов уште на 8++ месеци по некоја лажица во каша, бидејќи тргнуваше во градинка. За пиење немам дадено, сеуште 15+ месеци е, пред спиење си пие Ад. Млечни производи ако има пробано грчки јогурт (без реакција ова), се важи и за павлака, јогурт стандард, урда и сл. Е сега кога јавило реакција, јас би пробала по некое време уште еднаш. Ќе ги тагнам @Lavender13 , @јolene @Anika55 , за идеи за вечера без млеко. Девојки, извинете ако сум грешка, како да ве имам вас читано дека дечињата имаат нетолеранција на млечни производи.
Таа ноќната сама направија 100 пати е повкусна, за доручек дај му прво, вариш гриз обичен, малку какао и малку банана пасирана, превкусно е. Јас мислам имам пишено, жолчка дадов прв пат 4тина, по 2, 3дена белка, толку беше воведувањето. На 6 месеци,. Ако има алергија ќе покажи одма истиот ден. Макар што на јајце ретко кој е алергичен. @Carolin. Обично какао од Краш користам. @Miss_S 8 месеци. Фалана идеите на сите.
Јас еднаш дадов 4тина жолчка, еднаш половина и веќе наредниот пат цела жолчка. Млечни производи имам воведено само кисело млеко и тоа го дадов еднаш малку со палента, немаше проблем и наредниот пат ставив по повеќе.
Му имам дадено на син ми Чоколино (тоа за 6м, без шеќер што е), ноќни каши со какао, неколку пати, и дали случајно или не, секогаш ми, повраќаше после тоа. Знаете ли што може да е причината? Млеко кравјо има пробано во каша, немаше никаква реакција, а и во градинка му даваат, тоа е ок. Какао му имам ставено малку во каша јас што ја правев, пример со гриз и банана, од тоа немаше реакција.
Дали домашна кашичка од батат, морков и тиквица може да се чува во фрижидер еден ден? Или бататот како и компирот не е добро?
Не знам зошто има посебни каши кои се као "ноќни каши" кои содржат млеко, искрено тоа сум го видела само кај нас, тука не ни има да се купат. И јас кога го читав форумов мислев дека вечерата треба да е млечна, но по консултација со стручни лица тука ми кажаа дека апсолутно нема ни потреба, ни бенефит за да има правило вечерата да биде млечна. That being said, кај нас вечерата е главен оброк ( најчесто ), значи месо, риба, што и да јадеме ние јаде и тој. За ручек има или тестенини со некој зачин, или житарка со зеленчук, или намаз ( авокадо, хумус, путер од јаткасти плодови ) со лепче и овошје/зеленчук на страна.
Син ми е интолерантен на лактоза, не на млеко. Давам млечни производи без лактоза. Не знам дали го знаеш профилов на инстаграм, ама има убави идеи (во спојлер). Пишува ручек, ама нас ручекот ни е со месо/риба, вакви работи давам за вечера. Обично си ги прилагодувам рецептите. Пример овој, наместо кашкавал ставам пармезан без лактоза, ама ти можеш целосно да го скокнеш, да не ставаш ништо. Може и карфиол наместо брокула. Спојлер Еве уште еден: Спојлер
@lalinda , те додавам тука, да видиш инфо, бидејќи ти прашуваше. @Anika55 , благодарам. Моето дете нема проблем со лактоза или млечни протеини, ама ќе искористиме некој рецепт.
Јас листава ја најдов во една група на фб и мислам по неа да се водам Бебето е 4ипол месеци ама поради рефлукс за кој ништо не ни помага почнсвме 3 дена веќе со вкусови. Почнав со тиквичка, сварив мало парче и ја испасирав со вилушка само и малце од водата во која се вареше. Пробување неуспешно, плукаше, се мрштеше, не голтна воопшто. Втор ден решив да сменам наместо да повторувам и и дадов компир ама исто. Денес сварив јаболко ама го испасирав со млеко измолзено и на почеток се мрштеше ама како така нешто голтна. Не цели лачижички туку на врв на лажичка колку трошка. Не знам како и колку поинаку би и далавала бидејќи многу ми е страв да не се закашла Имам од цуцлите во кои се става овошје или зеленчук, ама страв ми е да не загризе многу така сама.... Дајте ми предлог како да и давам а да не се препотувам од страв
Пробај блендирано најдобро, помазна структура. Ама ете подобро со јаболко или морков. Компир остави за понатаму кога ќе можеш да го измешаш со нешто друго, не е ич убаво само компир.
Со цуцлите најлесно е тие имаат дупчиња а бидејќи не знаат да гризнат влечат како на цицање, не може мн да извлече ама сепак ке јаде по малку.
@Giiirl23 @Carolin. А за почеток по колку би требала да изеде? Лажичка, две вкупно или додека сака да и давам, сигурно нема да биде и тоа многу?