Prv pat taka pravat, sto e mozno potecno, kashesto I po 3 dena isto, da navikne. Pa posle vodicka malku isto so lazicka. Ne znaat da goltaat, jas pocnav so sokce od jabolka so lazicka bas zaradi toa, mi bese strav da ne ja zasrknam. Po tri dena isti vkus I davam, ama kupecki kasicki, mi e strav uste sama, ama ke pocnam I toa. Pedijatarot mi rece pasirani. Ne kompir, pokasno e kompirot. Jabolko, tikva, brokula, banana, morkov...
Јас давав по 2-3 лажички повеќе и не сакаше, после недела дена почна да јаде по пола тегленце па по цело на кај 3недели, од тие малите што се мера ми беа. Сега јаде веќе големо тегленце. Дома му правев најчесто ама мерка ми беше тегленцето од купечка каша.
И дојчланд имаат ноќни со млеко. Мислам дека уствари тоа е нивна измишлотина. И го искористиле фирмите наголемо да продаваат ноќни каши. Мојата не е на млечен протеин дефинитивно. И дадов да проба и јогурт и од ноќните каши, не покажа реакција. Ама каши не ни сака со млеко, и пошто вечера воведов од скоро, добива гриз со овошка некоја.. Ама и јас планирам да давам ко тебе. Од тоа што го јадеме ние, само без сол. Не знам, јас почнав да не се замарам што ќе и дадам. Предходниот викенд бевме на гости, имаше домашна пита со компири и од тоа и дадов да проба. Реално може се да јадат веќе, нема потреба од толку притресување на 9+ месеци. Само да почне да џвака веќе еднаш .
Е така, слободно нека течи процесот, не е ништо комплицирано, сами си правиме притисок, сами си правиме да ни е тешко, плус не јадат сите децa се, со второво имам поќе среќа досега скоро се јади, месо сака со мерак си јади, за разлика од брат му кој не ги јадеше тие оброци. Какви комбинации му давам, тоа што во моментот ќе ми текни, тоа што имам дома за ручек секој ден тиквичка му ставам во секоја комбинација. Вечерва вечера беше јаболко и банана, така испадна бевме кај мајка ми тоа имаше овде советуваат млечно за вечера а моево млеко нема пробано, јогурт не обожава, сирење и кашкавал немам воведено и што да биди Пак исто како доручекот... Едит, само да го научам и јас парчиња да јади. Првото на 8 месеци леб и патлижан со зденка јадеше, ова само голта, му давам деновиве по некое парче, дирек голта и се дави.
Леле сваќе @lackygirl исто. Со нагони на повраќање, па и повраќа. Мене страв ме фаќа оти не се труди да џвака. А седи со нас на маса, џвскаме. Она се ќе напика во уста, па ќе се задави и поврати.
Син ми од многу одамна не јаде 200гр, секогаш е 250+ Во принцип кога е парчиња не ни мерам, секогаш имам спремно повеќе и си јаде колку што сака. Каша спремам околу 250-60гр и 99% ја јаде цела.
Е тоа не знам, според овој список и тоа што ми напиша педијатарот се водам, веќе и дадов, најмногу изеде баш од неа, ама купечка готова каша и дадов. Немаше реакција. Следно ќе и правам па ќе видам
Ми текна за ноќната каша поради муабет што имам слушнато дека пред спиење ја даваат и си спие дете цел ноќ. Моето ме убива будејќи се и не презаспива без цицање на секој саат. Па се мислев дали да дадам од таа да проба, ама после реакцијата на јогуртот страв ми е пред спиење да дадам. Како се испитува за интолеранција на лактоза? Како да знам дали е на лактоза или млеко? Уште нешто, која е разликата меѓу обичното какао на Краш и тоа од Дм? Фала на сите одговори
Интолеранција на лактоза се испитува преку крв. Испитувањето е генетско и точно. Го прават во сите лаборатории. За интолеранција на млеко не знам. За алергија на млеко исто има испитување преку крв, ама колку е точно кај бебиња и мали деца, не знам. Консултирај педијатар, кажи какви симптоми и тегоби имате и ќе те упати најдобро.
Гледајќи од сите листи, апликации и искуства, испаѓа секаде различно се кажува која храна кога да се дава... Дополнително, различни педијатри различни мислења и препораки, така да изгледа најдобро сами треба да си предвидиме.
Почни со најосновните работи што најчесто ги користите вие дома за јадење. Морков, брокула, јаболче, тиквичка, банана, круша, карфиол, компир, тиква. И после воведувај си нови работи како ке наоѓаш свежи.
Покажува реакција со ситни брунчиња околу усте кога јаде млечни производи. Нема нигде на друго место од телото, само таму. Што е правилно, дали да прекинам да давам?
Ќе се надоврзам. Моево на образите имаше вечерва ситни брунчиња. Во вечерата имаше грчки јогурт. Претходно до сега,кога сум давала не изреагирал. Претходната недела му дадов млеко кравјо(заради градинка) со гриз. Тие денови ми повраќаше, вчера јадеше каша од Нутрино со млеко,се уби од бљуцкање цела вечер. Очигледно благо млеко му смета,ама дали може после одредено време да покаже реакција и на ферментирани производи од млеко? Зошто претходно јадеше и јогурт,к.млеко,проба и павлака и немаше ништо.