Ако варам нешто тогаш од чешма, а ако користам за да ја разредам малку кашата некогаш тогаш од купечка.
Претходно се дискутираше за ноќни млечни каши, па ме интересира како кашата со гриз да ја направам млечна? Јас гризот го правам со вода и додавам овошје. Како да ставам од формулата? Дека нели за АД треба водата да е оладена на 50 степени. Да го сварам со вода гризот, па после да додадам формула?
Што можам да дадам на бебе 6 месеци? До сега дадов компир, морков, јаболко, круша утре планирам тиквичка. Знам дека секое дете е различно ама за колку време би требало да се научи да џвака, да голта,да не плука? Не знам дали досега ништо не му е вкусно или текстурата му е чудна ама едни фаци што прави леле мори мајко не знам дали ќе јади воопшто на почеток си велев ај дека почеток е ама еве веќе недела и пол од кога почнавме со вкусови и исто е со жални фаци и со плукање.
Нормално е, сосема ново му е. Моето мислам му требаа неколку недели да се навикне и да бара повеќе. Тоа мислам нема врска со тоа дали би сакал да јаде подоцна кога би имал оброк. Можеш и банана да дадеш, праска, тиква, црвен компир.
Можеш да дадеш слива, банана, сладок компир, ориз, пченка од инстантите пример, за да вкуси, хељда, просо. Моево после 3 недели од пробување почна да јаде без плукање. И пак некогаш ако нешто не му се допаѓа го плука, па маскираме вкус со нешто друго.
Ориз или палента дали можам да мешам со две овошја ? Пример круша јаболко и ориз ? Или мора јаболко и ориз ?
Dali za dorucek davate zelencuk? Koga ima eden obrok e prasanjeto. Planiram da dadam morkov, kompir i oriz na hip.
Кога имаше еден оброк давав и комбинирано овошје и зеленчук и еден ден овошје со житарка, следен ден зеленчук со житарка. После со два оброци веќе дефиниравме, овошје во појадокот, зеленчук во ручекот.
Здраво, мајки бебе има 8+ сакам да прашам дали во зеленчуковите каши за ручек смеам да додадам некој зачин за вкус малце никако не ми ги јаде . Ниту месо, компир ништо што е зеленчук, само овошје сега јаде и млеко си пие по 180мл секој 3часа
Јас да, пошто моево веќе јади цел оброк. Денес на пример воведував тиквичка, ја дадов со пченката од хипп, си изеде 130тина гр. вкупно. Утре планирам пак тиквичка, но со сладок компир комбинација. Така да некои денови испаѓа појадокот да ни е зеленчук.
Ние сме 5 месеци Пред недела почнавме со вкусови Пошто сме на адаптирано млеко незнам кога да му давам млеко после вкусот И кога треба да му заменам целосно оброк
Дури јади мешај се. Јас на пр, палента, јаболко, банана плус слива му имам давано, скоро секогаш мешам 2 овошки па и 3. Зеленчук исто мешам се и сешто, освен компир, ориз заедно не, ама си јади се. Да. Можеш слободно. Еден ден овошје еден зеленчук давав, некогаш по 2 дена.
Дали давате сокчиња на бебушите? Ако да, дали ги давате вкусовите пр. сок од јаболче откако веќе пробало бебето јаболко?
Вода од прилика ставам околу 150 200мл со 1 и пол до 2 лажици палента, прво ја варам водата после палента се става и се вари на тивко со мешање да не се прават грутки, исто вака и гриз варам. Ако ја правам со јаболко или слива или урма, ги варам прво нив во водата па ги ваѓам, потоа во истата вода варам палента или гриз, многу е повкусно, па после можеш и уште едно овошје да ставиш, јас малинка, вишна ставам и се во бленер заедно. Многу комбинации има, само зависи што имате воведено. Сега на 8 месеци ставам малку путер во варењето у мн е повкусно. Потоа ставаш овошје, ако треба блендирано се заедно блендирај. Исто вака варена оди со павлака, кашкавал, сирење, урда, јајце варено (тоа кога ќе ги воведите намирниците). @Trupko сок не никаков, ни на првото дете ни на ова. Нема потреба.
А колку пати еве да кажам неделно даваш ориз и палента ? Ние за некој ден треба веќе да воведуваме оброк па малце сум збунета
Секој ден во појадок и вечера ставам житарка. Просо,палента,гриз,ориз,кус кус, мулти житарки од кутија Хип,овесни снегулки. Овие житарки ги мешам со овошје,зеленчук,млечни продукти.