Дур не почне да јаде количина од барем 120гр, млеко ќе му даваш во истите саати како што пиело претходно.
Пробавме неколку вида зеленчуци, сакам да почнам да ги мешам и да давам поголема количина за да стигниме до оброк, меѓутоа овошјето не ни е пробано. Да давам наутро вкус овошје, а за ручек испробан зеленчук, може така?
Мајки ми треба ваше мислење и совет. Вака изгледа еден наш ден Станува во 7 +- пола час До првата дремка пие АД околу 210-240мл После првата дремка околу 11,11 30 јаде појадок За втора дремка некогаш пие 120мл некогаш не зависи дали добро јадел и спие Помеѓу втора и трета дремка пие само млеко 210-240мл Трета дремка станува во 17 30 18ч и тогаш јаде ручек(што всушност наликува на вечера) Во 20, 20 30 пие 240мл и спие. Вкупно пие од 650-720мл во еден ден млеко, а јаде две каши по 200г Имам пробано да го давам појадокот пред првата дремка и не сака. Кога да го сменам и второто млеко со ручек, сега испаѓа дека имаме појадок и вечера? Инаку е скоро 9мес, но нема да оди во градинка ќе биде чуван дома. Не знам дали вооптшо уште сега да воведам ручек зошто така би пиел само 2 пати млеко околу 500мл што мислам дека за сега е малку или грешам? Спие три пати зошто дремнува по 35мин, ако завлече еднаш спие 2пати
На 9 месеци мислам дека е време за 3 оброци. Со адаптирано немам искуство, ама не мора да значи дека оброкот комплетно ќе го замени. Може да пие млеко ко ужина, шо знам.
Денес почнавме со оброк претпоставувам зошто изеде 125 грама , е сега ние сме и на Ад , дали оброкот заменува едно шише ? Пиеше млеко во 5 ипол , а кашичка јадеше во 9 ипол ( кога беше време за Ад )
Да оброкот треба да замени едно шише, но моето некогаш пред да заспие пак си бара млеко, не испива цела доза ама пример 90, 120мл. Така да не ограничувај на млеко, тоа е сепак главна исхрана до 1год
Јас му давам во секакви комбинации. Авокадо, жолчка и просо на пример. Ориз, грашок и авокадо пасирано за да го направи кремасто. Пред некој ден батат, авокадо, риба - се посебно пасирано заш не сакам секогаш мешани каши да му давам. Често така само му го пасирам и му давам со било што друго. Може и авокадо со банана и овес.
И мојата на почеток не сакаше доручек пред прва дремка, ама нудев по малку, и лека полека научи. И сега станува во 7-7:30 и пие млеко, па за саат и пол-два доручек, и пред спиење (накај 10-10:30) и давам мала доза околу 90мл за да си заспие. Ако се разбуди брзо, не давам одма ручек, малку да поигра и таман накај 13, 13:30. Па пак пред следна дремка млеко, и после тоа вечера, накај 18. И вечерта пред спиење млеко.
Ти дефинитивно даваш вечера и бранч. Нема врска дали дете ќе оди во градинка или не. Нему му треба храна. И на 9 месеци, смее се да јаде веќе скоро се. Зошто да не му даваш три пати да јаде? Види колку многу млеко му е порција, 240 мл. значи му се јаде, млеко не го најадува. Потребно е да му даваш оброк, се навикнува на вкус и на текстура, треба да џвака, да му се развие и вилицата правилно. Секако дека ќе му дадеш по малку млеко пред дремка и доволно е насабајле и навечер, плус малку пред дневни дремки. И онака дневна препорачана доза на кутијата ти е околу 600мл млеко на ден. Претпоставувам двојка му даваш. Иако нема врска дека двојката ги држи посити. Штом стане ќе му дадеш на пример само 150мл и после пола саат/саат време понуди му доручек. Ручек не може да биде во 18часот. Тогаш е време за вечера и пред спиење пак млекце.
Ако. Прво ќе почне со две -три лажички. После 5-6 и ќе се навикне. Така било кај нас со секој нов оброк што сме вовеле. Растат им треба разновидна храна.
Мајки како го воведовте кравјото млеко во каши, 8 ипол месеци е ама ќе почне во градинка па мора да го воведам
Житарки кога се воведуваат и кои? И гриз со ад или само со вода кога можам да воведам? Исто и дали кога воведуваме вкусови ако сабајлето нема јадено убаво, да кажам една кафена лажичка, после ручек дали да понудам пак лажичка- две ( од нешто што веќе ни е испробано и немало реакција)?
Јас дадов три дена по ред со гриз. Првиот ден 50мл млеко 150мл вода, втор ден 100мл/100мл ,трет ден само 200мл млеко. Тие денови се случуваше да поврати. Вчера и денес му дадов пудинг од ванила домашен со млеко. Деновиве ќе му дадам и овесни снегулки,ориз и бисквити со млеко... ова колку да проба заради градинка,не планирам да го има на мени дома бар до година.