Јас давам вода купечка , од пазар купувам тоа што има сега што нема зимам кашичка готова . Давав 3 дена зеленчук 3 дена овошје. Првиот ден 2-3 лажички после по повеќе лажички . Некогаш давав по 3 дена да пробува некад по 2 дена .
Нас ни кажаа прв ден 5 лажички, втор ден 10, трет 15 лажички. Не се држев стриктно до 5/10/15 лажички, ама оваа количина ми служеше како водич. Почнав со јаболче. Сум чула дека некои педијатри советуваат да се почне со зеленчук, ама јас не верувам дека тоа игра некаква улога. Во погустите каши додавав флаширана водичка. Со лесно, да си ручкате со мерак
Дали некој дава ваков овес ? Дали можам да воведам , 6+ сме ? И како го приготвувате ? Дали го мелете прво?
Можеш. Јас го варам,и после додавам ад. Го разредувам. Можеш и со вода секако. Некое овошје што имаш воведено може плус во тоа.
Почнавме со јаболко, па компир ... Комбинирано по 3 дена од нешто ново. Пример 3 дена јаболко, па 3 дена компир. Потоа комбинирам новото со она што веќе е воведено. Сезонско купувам, варам, блендирам со водата во кое се варело. Друго купувам на Хип. Од почеток уста не отвараше за зеленчук, ама сега си јаде. Не толку како овошје, ама сепак јаде.
Совет од педијатар, прво да почнеме со зеленчук..рано ни е уште ама чисто информативно, и вас вака ве советуваа?
Да, демек кога ке пробале овошје не јаделе после зеленчук им бил бљуткав. Јас едно знам, ако даваш почесто, ке се разјаде било што
Здраво ме интересира од кога се воведува втор оброк ? И давам само за доручек засега. Ќе прави 6 месеци за неколку денови. Исто ме интересира дали е погрешно што на утро кога ќе стане и давам појадок а не млеко? Станува во 8 и пол 9, па да не е доцна за се и давам прво оброк.
За купување јас гледам да е свежо и неоштетени. Најчесто е од пазар да но многу често ми се дешава и од маркетите поголеми. За грамажа јас се водев 2 недели како што ми велеа 2 3 дена еден вкус по неколку лажици. Ама тоа го баталив бидејќи гледав дека девојчето сака да јаде повеќе. Па на почеток јадеше околу 100 грама кашичка. Вода давам да купечка, јас се уште ја вријам заедно со водата за адаптирано млеко
Ако си јади нема погрешно, така ќе се научи, моево 4 дена одбива да јади пред 11ч, никако не отвора уста. Станува 6 и пол до 7ч, цица, нудам оброк во 9ч нејќи никако, бара цицање, му давам па заспива, истото јадење ко ќе стани го нудам го јади цело. А не беше вака. Јас на 1 месец разлика воведував оброк, на 5+ прв оброк, 6+ втор и на 8+ вечера. За вечера по 2 месеци му дојде ама претходно 1 недела давав нешто како ужинка (банана пр) наместо вечера. Од ново воведено 8 и пол месеци, грашок и многу го бендиса и денес јаготка, од нашиот двор, почнаа да зреат, сабајле ко ја видов одма ја скинав
За фрлањето храна едно прашање - ми излегуваат видеа за meal prep for babies и прават мафини/вафли и као може да се чуваат во фрижидер неколку дена. Практикувате такви работи?
Не практикувам за бебе да давам храна чувана неколку дена во фрижидер. Инаку сум пробала јас палачинки и мафини направени дента да ги јадам утредента, искрено врска си немаат, бајати се, се осеќа ептен.
Добро е, сте добиле зелено светло од педијатар за дохрана. Ние ќе почнеме нареден месец оти качува кила и сакам да тераме вака засега. Вака правев за првото, а и за малава така ќе биде.За термичка обработка на овошје и зеленчук (варење) турам вода од чешма, а после ако,сакам да додадам во кашата ако е мн густа додавам флаширана. За купување тоа што немаме домашно купувам од маалска продавница или пијара. Ама претежно околу 10 зеленчуци омаме домашно,сади свекор ми. Имам среќа. Почни со јаболка,додека има сезонски Кај да е ќе ги снема.. @Giiirl23 подобро замрзни ги ако не се со шлаг одозгора,може да се замрзнат. Јас пити,зелници имам замрзнато за брз доручек.
Ќе смрзнувам. Од денес за утре мафин во фрижидер стоен ќе дадам. Треба да се учи на се'. Јас искрено не би сакала да ја тинтрам ептен со јадењето. Кај нас храна не се фрла и јадеме од пред два дена. Истото сакам и нејзе да ја научам. На пример манго или друго овошје што не се јаде наеднаш, ќе купам ќе исечкам, ќе спакувам убаво и ставам во фрижидер. Па давам по два дена. И просо сум давала по два дена. Имам супер фрижидер со екстра фиока за ладење на зеленчук и овошје, таму ставам и стварно свежо ми стои. Ама и во обичен би ставила надзат негде, подалеку од вратата, да нема температурни осцилации. Треба да си олеснуваме. Бебиња се бебиња, ама до толку во стаклено ѕвоно не е убаво, ни за нив, ни за нас.
Тоа што го пишуваш не е за стаклено ѕвоно. Овошјето ако после сечкање не е замрзнато оксидира. Сакаш чувај го во најспецијалната фиока. Компири, ориз, тестенини ништо не е добро чувано во фрижидер. Не е работата и бебето да се учи туку губењето на нутритивните вредности. Готвам секогаш како да остане многу малку и не ми е криво ако го фрлам. Ниту јас ниту мм не сакаме да јадеме многу вчерашно..