Се што може да стои подолго, давам. Нормално дека компир нема да дадам. Нема да дадам излупена јаболка или банана од вчера. До толку, а може и многу повеќе, сум информирана. Ама овошје кое може и е заштитено да не оксидира давам. На крај секој одлучува за себе. Ние живееме поинакво темпо. Нема помош, а не се храниме со брза храна. Така што за нас функционира хранење со лефтоверс.
Јас и банана давам, пр денес ја сечам пола, утре другата половина ја давам, само горе го сечам првото и ништо не и е. Исто и јаболко така на пола, авокадо, блендирани не давам од денес за утре ама вака цели сечени ги чувам. Блендирано давам по 2, 3 сати стоени. А зеленчук не чувам, ако остани варено фрлам оти се поќе мешани. А на пр просо варено во тегла чувам во фрижидер и за др ден, да не е мешано. Немам јас уште даено, ако давам житолукс ќе биди и на големиот тој го давав. Него од 7 мислам ѓу дадов ама поќе знаеше да јади, од 8 почна со парчиња, а ова уште се дави со парчиња оти одма голта
Јас мешав со вода, пример 60мл вода, некаде 1,5-2 лажички од оризот и после додавав овошје. Или нов вкус за воведување или веќе воведено. Само ориз како оброк не сум дала.
Во канта заврши и кај мене. Ориз не сака, сто пати пробав, на сто начини и секаков. Понатака ќе ја понудам пак, сега за сега на пауза.
Исто ќе биде и кај мене изгледа . Еднаш измешав со формула, друг пат со круша, денес уште со некое друго овошје ќе провам
Знае некој зошто педијатрите препорачуваат прво жолчка да се даде, па потоа белка после годинка? Не најдов ништо друго на нет освен алергените во белката, ама нели за алергени што порано е подобро?
На тема спремање храна од порано, јас најчесто наутро готвам доручек ручек вечера и давам кога ќе дојде време, стои во фрижидер. Овошјето го јаде најсвежо за доручек, другото кога ќе дојде време. Компир спанаќ не, ама други комбинации притоплувам. Ако имате идеја како инаку да се стигне да се спрема се и да се работи, кажете ми ве молам Едит: како правите вие, ако ја нема работата на пример. Спремаш доручек, јаде, чистиш миеш, па одма почнуваш со спремање ручек? Колку време ви треба за да зготвите еден оброк? Криво ми е дека не и давам свежо, али не знам што да подобрам
Моето бебе уште е на каши. Не ги блендирам скроз но не сум почнала уште со парчиња. Појадокот го спремам брзо, ако варам овошје тоа е 15тина мин. Некогаш само го рендам јаболко или круши свежи. За побрзо користам инстант житна на hipp, инстант овес за бебе од babylove има со два вкусови и на тоа додавам плус овошје. Ручек варам само зеленчук месо имам од претходно замрзнато. Ако користам готвач на пареа сварено е за 20мин. Вечера е воглавно палента и кисело млеко..
Користам и замрзнато и секакво. Па и барем 2-3 пати неделно готов оброк на Белина/Дм/Холе итн, ова кога не е во градинка. Обавезно имам замрзнати вафли, мини крофнички, кифлички, за појадок или вечера. Само додавам грчки јогурт плус овошје со појадокот, сирење, зеленчук со вечерата. Кај мене јаде парчиња, скоро 16 месеци е. Месо исто имам замрзнато, само варам зеленчук. Сеуште користам и инстант каши, најчесто за со појадокот за со овошје. Тоа кога ја чуваат баби. Излегувам за на работа и наутро ми е комплицирано да спремам се од старт и за цел ден. Вечерата гледам да е домашна во главно. Било палента да правам, макарони/јуфки итн. Бидејќи веќе и сака да јаде од нашата храна прилагодувам на неа.
Ми измина времето за редактирање, да надополнам. На породилно бев со цел список, појадок/ручек/вечера, комбинации, па распоред што и како да не се повторува. Бидејќи е во градинка, таму јаде како и сите деца, дома покрај ужинки, ми останува вечерата. Сеуште гледам да е различна. Кога е дома како што врви време давам скоро пак се и веќе не правам распоред. Ограничување имам за благо, сеуште избегавам до максимум да внесувам екстра шеќери. Не давам салами, паштети, виршли, еурокрем, маргарин. Кравјо млеко освен повремено во оброк, поинаку не сака. Гледам секојдневно да внесе свежо овошје и зеленчук.
Мајки каков спанаќ давате на бебе свеж или замрзнат на фриком Домашен немам И кога воведувате втор оброк - со ад сме
Јас почнав вкусови на 5м и некој ден, до 6 веќе почна да јаде доручек. Пред да наполни 7мес почна многу да пие млеко и воведов и ручек. Така со доручек и ручек теравме долго до 8иполмес. Сега е 9 давам и вечера.
Kako go zamrznuvas mesoto? Edno vreme bev ubedena deka ke zamrznuvam vo teglicki i gi sobirav pa mm me predomisli ne se zamrznuvalo vo tegla gi frliv
Па баш така во тегли, но малечки од бебешки каши и по малку месо заедно со водичката во која се варело.
Така како ти. Приготвувам и нешто во фрижидер, нешто во тегла и во такво како термосче со морска пена, имам едно, го ставам и стои подолго млако. Или последно чував во тие чашите за кафе што се, што држат топло. Ама таму е зезнато не треба киселкаста каша да се става, да не случајно дојде до реакција. Ако е поголема термос чаша, може ќе се собере и цела тегла внатре. Не сум пробала дали така држи топло, ама млако сигурно ќе биде. И така од сабајле барем доручек и ручек.После вечера нешто што понабрзина се прави, или ако имам на пример сварено овошје, па гриз нешто ќе дадам или палента. Ако е нешто мафин или палачинка, два дена. Нешто ќе се смрзне. А не одам на работа. Ама реално турбо е пак. Нон стоп во кујна. Буквално сто нешта ќе извалкам и ќе треба или на рака или во машина, ама и од машина пак вади реди. Блендер по три пати се мие. И не, не е само 15 мин додека се сварат. А време да измиеш, излупиш, исечеш. Собереш. Пак ти одат барем 40 мин., за ручек. Ај доручек може побргу оди, ама пак е. Избегнувам да давам инстант, ама кога сум кнап, а она е гладна, ќе дадам. И не е само готвење, после јадење мора да се пресоблече оти е цела каша, да се избрише. Да се испере. Да се успие и пак од почеток почнало. У меѓувреме два -три пати каки, да направиш една рунда надвор, некогаш и некоја обврска да завршиш. И еве сега веќе сила немам да се избањам.