Почнавме со воведување немлечна храна.Почнав со морков од готова каша на хип па имам една недоумица.Кога ќе ја отворам тегличката пробуваме по малку но сеупте не сака да јаде,па ја ставам во фрижидер.Колку дена може да јадеме од истата тегличка?
Обично е 2-3 дена, но зависи од кашичката. На секоја од тегличките пишува колку време може да се чува во фрижидер. Но внимавај да не даваш директно од тегличка, туку да извадиш во посебен сад/ чинија за да не се контаминира со лиги. Ако јадело бебето директно од тегличе, тоа не се чува.
Јасно ми е пак дека е турбо, јас работам само 15 саати неделно од дома, флексибилно кога стигнам, ама секогаш е трка со времето и дома ми е хаос и исто имам впечаток дека само у кујна дремам, сецкај миј вари спремај чисти на рипит Btw на која возраст почнуваат да јадат понормално, да не е цело бебе каша после јадење? 8 месеци уште имам мноооогу работа за чистење после секој оброк
Јас го варам цело и замрзнувам по 50тина грама во мали најлончиња од оние за замрзнување што се, потоа така замрзнато го ставам да се одмрзни и привари во зеленчукот.
Што знам еве моето 9 наполни ја бришам хранилката, му ги мијам рацете и лицето и толку. Ако капне на под пребришувам но внимавам да не падне. Не се нешто премногу валка.
Зависи и од детето. Мојата ќе тера секако уште долго. Вајда кога ќе обрнеме на храна нормална и нема веќе каша.
Ма нее, јаде и парчиња ама пак се меки и добар дел завршуваат во таа дебелка шија ја се надевав дека во некој момент ќе го надрасне тоа, ама ќе видиме
А рацете цели исполепени од храна што гмечи, па ко ќе те погали така по коса, па ќе брцне рака у каша и ќе се зачеша на глава/уво/веѓи/врат. Абе таман си измил раце, лице. Ќе се накака, па миј газе и така. Кој што чини шлап шлап. Па ја ќе земам да и мијам раце, она нога ќе стави под чешма и ќе намокри чорапи и палтолони. Ќе го надраснат. Тек ќе учат сами да јадат, па после таа фаза вајда, кога ќе се усовршат.
Мајки давајте памет Беба 4месеци и 2 денови, имаме мака со проливче па давам пробиотик па прави запек 24-36часа па се искакува и пак така во круг. Се мачи да се искака звучно напнува и ми е жалче знам на мајчино е нормално да не кака долго ама моево се труди и мачи. Да скратам, педијатаров препорача овошје, јаболка,круша,морков од 4м биле демек да се регулира ама јас некако не сум спремна вика во транспортер а секаде викаат во транспортер не зошто сеуште не го седнуваме ни на 45°. Дали да пробам некако јас преку млекото да му регулирам столица или нов пробиотик Или не е рано за вкусовиве? Мислев барем 5 5.5 месеци што знам... И ако почнам, дали овие да ги варам дома или да зимам готови? Скроз сум неспремна непрочитано ништо за квалитетни состојки ми е нели...
@Fenix05 нема ништо за спремање, се што ти е нејасно пиши тука колку може ќе помогнеме. Има и на јутуб видеа од мајки како спремаат оброви чекор по чекор,доста корисни. Јас од таму гледав Прочитав со столицата се мачите. Кој пробиотик го користите? Диастоп не го препорачувам оти прави запек,па после треба и тоа да го регулираш. Пробајте со ваја,добри се. Во нашиот случај добри се покажааа. Од биогаја не сум задоволна. Инаку околу темата дохрана, планирам за 2 недели да почнам со вкусови, на 4 и пол месеци. Само вкусови по некое лајче, не многу количински. И со синко почнав тој период. И памтам и него скокот му беше тогаш и ми беше страв како ќе прифати се ама супер спадна. Се надевам и ова јадач ќе се погоди.
Мила рота прими на 19.03 ревакцина уште малце ќе ни стигне што знам.. @firequeenn фала мила, да ист проблем со 2та пробиотици, сега ни препорача Normia Baby а читам waya го фалите многу. Па некако си викам да пробам со пробиотиков прво да го изедеме скоков до крај, мада па после ни е ревакцина и ќе се одложи 1месец за од 5 да почнеме... Ај ќе пробам, мене само ми е најмногу дека не седи во транспортер да не ми се подави
Ако јаде само ќе се валка, моево не е со блв, јас му давам со лајче и вопшто не се валка, само на муцето, го мијам и толку. На 16ти мај прави 9 месеци. Мене не ми зема мн време, пр и ручекот е 20 мин дур се сварат зеленчуците, обавезно 3,4 мешам, месото пишав погоре веќе е сварено и така ручекот е за 20 мин готов свеж, топол, моево сака топло да јади. Доручек се прави се за 10 мин, и палента да вариш и гриз, се е тоа 10 мин.
Пробај со ваја, кај нас делуваше. Јас и не му давам веќе пробиотик. Освен кога одиме некаде. Повеќе мака му правеше одколку ќар кога почна со храна. Иначе земи овесни, јогурт и круша ти јади(ова испробано кај мене делува и кај бебе) сливи вари, евнтуално ако сакаш чајче од ким да дадеш, 100мл вода 5 зрна ким. Јас и тоа имам дадено некаде на 4месеци мислам многу се мачеше стомакот подуван, тврд му беше. Ако не фаќа шише со лажичка, 3-4 лажичиња.
@Fenix05 Јас да си кажам за мене, па можеби ќе ти послужи како совет. Бебето ми цицаше до скоро 3мес. Комбинирано го хранев и со АД. Воопшто не користев пробиотик дури и нашиот педијатар ми кажа дека мојата исхрана може да служи за да ја "регулира" неговата столица. Тогаш на почеток користев и Colief за грчеви но кратко време некои три недели. Не знам дали си е до бебето, но ние не сме осетиле што се грчеви, што е запек или пролив. До ден денес еве 9месеци е дали 10дена вкупно има да не се искакал. Сакав да кажам дека пробиотокот не е задолжителен, барем еве кај нас тоа што не сме го користеле не направило никаков проблем.
Мене во Систина ми рекоа не давај веќе само по потреба за грчеви, ама се исплашив овде прочитав со царски рез родени морало пробиотик па до 1 год итн и почнав пак а знам дека запекот е од тоа..ама течнава ме нервира
Јас сум со царски породена, бебе на 11месецов 9месеци ке прави, како што пишав од 4 месеци не му давам пробиотик. Си кака по 3пати на ден, после јадење обавезно, некогаш и 4
Јас давам пробиотик цело време, ако имаше запек јадев суви сливи и помагаше кај неа. А кога почнавме со вкусови се влоши столицата доста, не да се регулира... Или пролив или запек, а пазам што давам од храна и какви комбинации. Сега е со запек, бев против сокчиња ама сега се мислам да дадам вода од варена сува слива...