Мене повеќе ме мачи течната столица запек знам дека е од пробиотикот, а него го давам за да се среди столицата и бетер е
Знаеш дека додека се само на доење му е течна столицата? Со 2те деца исто, течна и жолта сенф боја, некогаш зеленкаста. Од ко почнав со вкусови и оброк веќе се формира измет. Па од 10 пати какање се намалија на 2 до 3 пати денот.
Мила знам ама ова е вода, не му беше ваква течна да се разлива низ цела пелена. Еве го какаше во 2 сабајле и толку а гледам дека се мачи
Епа нема, зошто има така скроз вода столица давам диастоп и следи запек следни 36ч...ќе пробам да, фала ти
Иста мака и јас. Бебе 4+. После ротата, прекинавме истовремено и CоLаctаѕе капки, абе една течна претечна столица, мислиш вода кака само. Претходно беше со зрнца некои , течна ама со усул, ова хаос, вода што оди не до грб, до врат. Ама ок боја беше, педијатар рече ок е по сликите. И гасови има баш на сулфур мирисаат и се слуша по гасовите дека кака од километар. Се напнува секој пат кога кака, се буди од сон и се превртува некогаш 5минути, некогаш пола саат. Пробиотик сменивме, прво Диастоп, сега Wауа. И ајде се навикнавме на тоа дека е нормално. Од петокот па зелена столица. Некогаш сува како ептен малце, некогаш вода зелена. Вака добар е. Заби ко да го мачат изгледа ке почне да вади. Ја одолжив се раскуцав, но сакав да кажам дека мислам да одложам вкусови (иако минатиот месец само 300грама ми качи) затоа што столицава е хаос уште нова храна ми фали па ке се чудам што му е. А и понеделник треба втора доза од вакциниве. Којзнае дали ќе го боцнат, ќе видиме што ќе каже докторката за столицата, а и крвната слика.
Кога можам цимет да воведам? Бебе има скоро 6 и пол месеци. Сакам во ориз да му ставам ама не знам колку и дали можам од оваа возраст. Моментално само ориз јади повеќе така да кажам се останато по едно до две лажички, па си мислев дури не се навикни да го комбинирам оризот со повеќе работи
Јас обични, гриз со мече од порано што беше од наше време палента со дете на слика, исто од наше време Денес дадов готова каша со лосос, ориз и морков, плус сварив и тиквичка и изблендирав се заедно, ја пробав и уште ми се гади, колку јака миризба, бебе јади дали јади прв пат риба мислев нема да јади. Скоро 9 месеци и рибешко воведено.
Jas da prasam sakam zdravje od naredna nedela od ko ke odam na pedijatar da pocnam so vkusovi nego pon sne na pedijatar vtornik primame posledna doza rota smea i vakcina k vkusovi ili nema vrska i znam deka e po 2 3 lazicki ama so sto pocnuvate prvo zelencuk koj samo blendiran pojma nemam kako so
Јас те замолувам само, кога ќе пишуваш, да користиш интерпункциски знаци. Вака стварно не можеме да те разбереме што не прашуваш. И ако можеш на кирилица да пишуваш, уште подобро.
Кога е детето болно или прима вакцина не се препорчува да јаде нови вкусови. Е сега,бидејќи вие за прв пат ќе почнувате со пробување вкусови,јас би ти рекла да почекаш некој ден после вакцината да му дадеш да проба. И да,пишувај појасно.
Се извинувам,додека пумпам млеко читам и пишувам овде и скоро секогаш полесно ми е латиница да пишувам и сега ко се читам ни јас не се разбирам што су пишала него прашањето ми беше пон сме на контрола, вторник 3та доза рота и сакав да почнам со вкусови дали одма од прегледот како добијам дозвола од педијатар или сепак да помине време од вакцината и дали да терам како некои што велат 3 дена еден вкус па после нов или најизменично зеленчук/овошје?
Пред и после вакцина 3-4 дена не се пробуваат вкусови. Вака ми е кажано од педијатар и таму кај што прима вакцина. Јас кога почнав давав 3 дена овошје 3 дена зеленчук па после од кога проба неколку почнав да ги мешам.
Може глупо прашање ама како давате пиперка? Варена па лупена, печена, пржена? Ја оставате лупката? Прашувам за пасирани кашички, блендирано не сака баш.
Без лупка. Варена или печена. Лупката не се преработува и може да им направи ептен грчеви и гасови. Без лупка полесно се вари во организмот.