Авокадо,банана,слива,блитва. Просо,киноа во комбо со овошје. Не знам колку месеци сте. Сега има свежи цреши,можеш и тоа од 7+.
Се мислам за водичка, уште убаво не си јаде..да воведам кога убаво ќе почне да јаде? Во план ми е да земам од аптека/маркет пример нера критис таква водичка како за почеток..лажичка, две, колку се дава на почетокот?
Понуди уште одма. Ако сака добро ако не,не форсирај кога ќе почне да јаде оброк ќе си пие. За почеток пробај со лажичка,понатака од шише или чашка со клунче. @lackygirl како сте со баткото? Ручка?
Јади супер е машала, 3 оброци има и цицање измеѓу колку сака и ноќе цела ноќ Давај да одма штом почни со вкусови се дава, јас секаква давам, ладна, јана, пелистерка. Од прво не пијат тек сега на 9 месеци пие повеќе, да речам 200мл денот од прилика.
Јас ако планирам денес за ручек, одсабајле го покиснувам кога му правам доручек и на ручек само варам ама околу 20-30мин доволни би биле мисчам
Ако е лупено не треба да се кисне. Јас не го киснам Не,го мијам под млаз вода во цедалка пред да се вари
Киснењето и/или фрлањето на првата вода е со цел да се отстрани фитинската киселина што ја содржат сите семиња, без разлика дали лупени или не. Да не испадни попувам, не ми е то намерата само споделувам што знаам. А кај мешунките на пример гравот онаа пената што се собира таа е таа што уствари ни прави гасови, колку повеќе пати ја смениме водата тоа полесен би бил гравот за варење во желудникот, ова и од аспект на доилка. А не дека не сум сварила и одма и јас, еднаш оставив амарант од вечер киснат, се брзав за на раб утрото и го оставив на мм да го свари, тој во истата вода го сварил, се накркале и двајцата со ќерката, што е тоа е.
Така е. Фитинската кисела уствари ја намалува апсорпцијата на железо во крвта. Затоа повеќето житарки се киснат. Со првото се сеќавам дека и со хељда правев исто.
Не, не сум ни знаела еве 2ро ми е. Само го мијам со вода неколку пати и варам. Фала за совет, ама пак можи ќе биди вака правено без киснење оти мене во 2 мин ми текнува што да му давам, од вечер никош не сум спремала и мислела. Можам само водата да ја менувам. Просо 1 неделно давам не го сака. Иначе еве досега мака немале, ни гасови, ни грчеви имаше 2рово.
Од понеделник здравје почнуваме со вкусови дека вчера примивме последна доза рота, ми рече педијатар да си купувам купечки дека дома немало да погодам дебелина на каша и такви работи за почеток земав хип морковче после 3 дена планирам кпмпир ама дома сакам да направам е сега оваа купечкава во рок од 2 дена може да ја користам а домашната доколку стои во фрижидер исто важи или како правите вие? Воедно одма почнувате и со вода и со сокче или накнадно?
Некој совет од мајка на нејадач бебе, моево веќе повеќе од месец дена кај шо почнав со цврста храна ама некако не оди, кога повеќе кога помалце јади ама не доволно за оброк. Не знам дали некаде јас грешам, за десет дена ќе прави 7 месеци а јас за два месеци почнувам на работа а сеуште немам ниту еден оброк. Секој совет би бил добредојден
Компир исто со морков можеш, нека е поголем дел морков, помалку од компирот. Тиквицата е неутрална, можеш со тиква или батат, исто морков пак. Зезнато е малку, но можеби ќе си пројаде се. Ти нуди разни комбинации, пробај блендирано, пасирано, можеби текстурата не ја сака исто така. Симни ја Бебе готвач апликацијата, таму имаш некои рецепти, можеби ќе ти се најде.
Каков е тој педијатар што советува купечки каши боже господе. Пробај го морковот и пробај свари дома половина морков да видиш дали има врска вкусот. Ако стварно сакаме да ги научат вистинките вкусови треба да даваме домашни каши. Зошто да не ја погодиш густината. Прво малку потечно, со тек на време погусто, а и не можеш да знаеш можеби бебето ќе преферира погусто. Ова моето каква му дадам таква јаде. Густа, течна, пасирана, блендирана исто му е. Не сакам да ти наметнувам, но според мене мислам дека најдобро е домашни каши со исклучоци кога не сме дома или ептен немаме време.