Не сум и дала на малава сеуште од готовите кашички, ама за понатака, сакам да прашам, кога еднаш ќе се отвори, дали само дента се јаде и после се фрла или на пр може во фриж. и утредента пак да проба?
Која возраст е? И дали сте на ад или цица? Мислам нема ништо лошо да дадеш каша прво, доколку така сака бебе. И син ми не сака млеко, преферира каша кога ќе стане наутро и така тераме. За другото прашање, прати го бебето, можеби ќе сака млеко порано од тоа, зависи колку ќе го држи кашата. Каква каша јаде обично? Доколку е само овошје пример без житарици, затоа не го држи долго. Имате ли воведено?
Зеленчук со палента,ориз или компир 6 месеци сме за некој ден Од една страна страв ми е да му давам млеко колку што сака сепак адаптирано е не е како мајчино
Те разбирам, и ние сме на ад. Да не сака поголема количина од кашата можеби, да пробаш да му понудиш малку повеќе? Но искрено да ти кажам не знам која максимална грамажа се препорачува. Можеби е навикнат на млеко и кашата сеуште не ја смета за оброк, сепак му е ново. Сметам дека не е ништо страшно да си пие и млекце, со тек на време би требало да се зголемува времето меѓу оброкот и млекото, како што ќе зголемува количина.
Ти благодарам @Luminary Можно е дека не е привикнат на јадење, а ќе треба за ден два и доручек да воведам Од некои јадења и си сака повеќе ама од друга страна страв ми е да му давам пошто постепено нели треба да зголемуваме И вечна дилема на сите мајки дали бебето ми е најадено
6++, на ад сме. Кога и да јаде последно, макар и во 8 пред спиење, кога ќе стане млеко пие многу малку, наместо 180, ќе испие можеби 80-90мл, а кашичка си јаде.
Po otvoranje tri dena I davav, ja cuvav vo frizdrer, top-level kolicina kolku sto mi treba, obicno 1/3 se dodeka ne pobara povekje
Јас не сум јас ако маж ми не ме замисли, конечно почнавме со вкусови, морков земав купечка дека појма немам каква треба да биде на текстура и такви работи ке си правам после дома, и ставив 3 лажички од оние во ДМ што ги има впрочем мислам таа големина се сите и сега сопругот вика да не и е многу а јас да и давав уште уште ќе јадеше, си спремив и јас кисело млеко да јадам и она со мене као демек да се уче арно ама беебево знаело и само не ми плукна ништо беше супер се изеди. По препорака од педијатар ми рече неколку пати на ден е сега јас извадив на собна темература пак неколку лажички колку време може така да стојат, може прерано ги извадив ама чисто да видам колку имаше изедено брцнав во теглата со лажичката од која и давав и нели не треба да биде со плунка и затоа уште одма го извадив со др лажичка на страна, до сега со тоа што е извадено за вториот пат има некаде помалку од 1/3 потрошено од теглата вајда не и е многу
Ma ne I ona ako ne saka nema da jade veruvaj,prvite dve nedeli probuvanje, posle kolku saka tolku. Ne znam kolku moze da stoi ama ne bi trebalo da se rasipe brzo, epten na mnogu zesko. Probaj go ti I vidi
Мислам не е погрешно да му понудиш прво каша. Секако доручек имате воведено, едно млекце ќе замени, дали првото или второто. Како му одговара на бебе така.
Здраво мајки, читам наназад страни и страни но веќе се изгубив и се ми е шашма. Почнавме со бебо вкусови и воведување храна па имам некои дилеми и би сакала да ми одговори некој. 1. За некој ден сме 6 месеци и пробуваме веќе две недели. Педијатарката ми кажа после 6 месец да воведувам оброк. Ме интересира како? Да и давам колку сака? Да виведам житарки? Да и давам на почеток само каши овошје/зеленчук? Кога да знам дека е најадена? 2. Пошто сме на доење, дали доите откако ќе нахраните или чекате да побара само бебето? Инаку цица на 2 сата. 3. Дали посолувате и додавате масло на зеленчук? 4. Како организирате оброци? Како ја складирате храната, замрзнувате ли овошје/зеленчук? Варено или свежо? Секој трик и совет е добредојден.
1. Давај и колку сака штом веќе воведуваш оброк, воведи житарка. Доручек е со житарка можеш ориз, овес, просо, киноа, арманат. 2. Дојам кога ке побара сам. 3. Сол до година не, маслиново масло некаде пред 8 месеци почнав да користам во ручекот. 4. Имам замрзнато од летото домашни овошки и зеленчук, месо исто така. Малини, вишни, аронија, боровинки, праски и кајсии ви пластично ми се замрзнати. Боранија, грашок, брокула, карфиол, блитва во најлон ми се замрзнати. Телешко месо сечено на 100гр. парчиња и тоа во најлон, замрзнато.
A jaс па за вода да прашам. Бебе 4+++ Почнавме со вкусови. Дали да давам вода, каква, и кога, после кашичка и колку количински. Thanks
Јас флаширана Горска користам. Секогаш после оброк понуди вода. Не очекувај количински дека мн ќе ти испие. Моето има 10м и сега пие околу 50мл дневно. Кога воведував вкусови со лажичка му давав вода после оброкот.