Не, само му го варам подолго и дотурам вода во варење по потреба, да се направи премеко. Пробај, ако го прифаќа така нема потреба да блендираш.
Со првото се блендорав, штом осетеше парче имаше нагон за повраќање. Сега на второто давам неблендирано, и јаде без проблем.
Поминавме со неблендирано во комбинација со влендирана крушка. Веќе 3 ден ни е од доручек количински не јаде мн 80гр а и на ручекот намали Утрово после јадење отприлика час и нешто ми вриштеше за млеко и цело го испити Стварно незнам колку млеко да му давам после јадење пошто и си бара А утрово се прејаде
Исто е и кај мене , јас обично после 2 часа давам Ад млеко , бидејќи и педијатарот ми рече океј е така , бијдеќи пример јаболко , круша и слично не го држат многу. Ние сме сеуште со еден оброк.
Оти почнуваш со морков,компир?Ем се блуткави ем опстипација прават.Компир сам по себе без сол ич не е вкусен.Воведи прво јаболче,па со него дај морков.Па со морковот компир.Банана,слива.. Баш и немаш голем избор на продукти на таа возраст.
Важи така ќе правам. Нас педијатар ни предложи со морков да почнеме. Јаболко, круша, батат, банана, докторката кажа може и тиквичка, слива....што друго можеме? На 1ви е полни 5м.
Релативно рано дадов.. мислам 6 м беше. На пареа го варев кратко. Некако се погоди декември/јануари да почнеме со вкусови и не дека имаше многу избор. Се беше без вкус, па дадов и дуња и манго и боровинки на 6 месеци.
Дали имате приметрно деке беба ви јаде помалку од ко и давате дохрана? Поточно не секој ден има денови ко пие по 700 800 мл млеко на ден плус дохрана а некои денови ко има малку дохрана и малку млеко има испиено, пример пред некој ден имаше 500мл испиено и 55 гр цел ден дохрана а вчера ококу 120 гр. Дохрана и 720 млеко. Дохрана затоа што и давам неколку пати на ден затоа испага толку мн не е сето наеднаш вчера дека беше јаболко мн повеке јадеше за разлика од првите денови ко имаме морков. Незнам дали дека морковот ја држеше сита па затоа помалку ми јадеше а вчера дека јаболко и колку и да јадеше пак беше гладна
Досега дадов јаболко, круша,морков , тиквичка. Сега наредно што да давам . 4+++ е бебето. Си велам батат да дадам, да го измешам со морков. Инаку едвај ми ја прифати тиквицата. Ја дадов со морков за поблаго да е. Првиот ден плукаше и ја оставив да не јаде, само неколку лажички проба. Вториот ден од спиење само што се рассони ја седнав пред да цица, (ја седнувам во хранилка тие 5-6 минути додека пробува)и изеде повеќе без да плука,јас пресреќна. Ај утре блага каша, 3 дена јадеше тиквици
Со што да комбинирам зеленчук за ручек, да држи повеќе, освен ориз? Немам уште воведено месо, за некое време ќе воведам, рано е.